Кошничката е празна.

Top

Тешко е да се одолее на магијата на кадравата коса, но понекогаш е исто толку тешко таа да се одржува здрава, нахранета и сјајна. Таквата коса бара повеќе внимание, но со вистинските производи, техники и создавање навика за грижа на обемната „грива“ – резултатите се брзи и секогаш видливи.

КОРИСТИ ШАМПОНИ БЕЗ СИЛИКОНИ И СУЛФАТИ (ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ВРЕМЕТО)

Добриот шампон, регенератор и маска, се основата за квалитетна нега на косата, посебно за кадравата коса. Изборот на овие производи многу често зависи од привлечната амбалажа и убавиот мирис, но по правило ова треба да биде најмалку важно. Поради самата структура на влакното, кадравата коса е многу поподложна на сушење, затоа и е потребна нега од текстурално богати производи.

Покрај тоа, често е ниско-порозна, што значи дека многу тешко ги апсорбира хранливите состојки – причината поради која производите треба да се бираат со голема претпазливост. Многу често силните сурфактанти и силикони се причината што кадравата коса изгледа безживотно, суво и неоформено. Тензидите SLS и SLES им овозможуваат на шампоните да направат богата пена, но таквата пена, покрај маснотијата и нечистотијата, ги отстранува и природно присутните масла кои ја хранат косата и ја прават еластична и сјајна.

Благите билни сурфактанти, кои се почести кај природните шампони, не прават богата пена, но не ја сушат косата и скалпот. Се разбира, секое правило има исклучок, па така, шампонот со посилни сурфактанти не треба целосно да се изостави. Таквиот шампон ќе помогне да се отстрани “слојот” хемикалии од површината на косата по боење, или употреба на производ за стилизирање со силикон.

ОДРЕДЕТЕ ДАЛИ НА КОСАТА И ТРЕБА ХИДРАТАНТНА ИЛИ ПРОТЕИНСКА НЕГА

Како да знаете што сака вашата кожа и што и треба? Всушност, многу е едноставно…се што ви треба е чаша вода. Во чашата ставете едно од вашите влакна, турнете го со прстот и следете што ќе се случи. Ако потоне на дното значи дека имате коса со висока порозност, но ако остане да плута на површината, косата е со ниска порозност. Потоа, направете тест за еластичност – земете едно влакно и истегнете го. Ако веднаш се скине, на вашата коса дефинитивно и недостасува еластичност која влијае на самата дефиниција и изгледот на локните. Овие два едноставни теста ќе ви помогнат во изборот на маски и регенератори, но и креми за обликување. Заклучок…на косата со висока порозност и е потребен протеински третман (барајте ги зборовите протеин, кератин, колаген и слично.), како и пакувања со хранливи путери, додека ниско порозната коса има најмногу бенефит од полесни масла и производи за хидратација.

ВОВЕДЕТЕ НЕГА СО ПРИРОДНИ МАСЛА

Природните масла одговараат на 4-те видови на кадрава коса и нејзината специфична порозност, само е важно да се најдат вистинските. Пакувањето на сува коса еднаш неделно со топол пешкир или турбан ќе ја балансира порозноста на косата, а со тоа и чувствителноста на временските (не) услови, и ќе ја врати еластичноста и сјајот на косата. Што да одберете? Во зависност од порозноста и состојбата на косата, побарајте путер од шеа, масла од кокос и рицинус, бадем и сончоглед, но и состојки како пантенол и витамин Е.

ДИФУЗИРАЈТЕ ЈА КОСАТА, А ПРЕКУ НОЌ СОБЕРЕТЕ ЈА ВО "АНАНАС"

Покрај правилните производи, луксузните локни бараат посебни техники за обликување и одржување на нивната дефиниција. Дифузерот, или „ружа“ додатокот за фен за коса, ќе овозможи кружно движење на воздухот па така со леснотија се добива волумен, особено кога косата се суши наизменично, наведнати надолу, а потоа во исправена положба. За да ја преживеете ноќта без вкочанетост и губење на дефиницијата, можете да го употребите “ананас” методот. Врзете ја косата со свилен шал (и шноли) во наведната положба на главата, така што машната ќе дојде над челото, а на врвот на главата, косата е собрана во форма што наликува на ананас. Вака средените локни мно9гу полесно ќе ја задржат својата оригинална форма и свежина, а при тоа ќе го спречите и пукањето на врвовите.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.