Кошничката е празна.

Top

Воведувањето на активни состојки како киселини и ретиноиди понекогаш може да доведе до фаза на чистење на кожата позната како purging.

„Фаза на чистење на кожата“ е всушност термин кој го поедноставува процесот на своевидната реакција на кожата при воведување на специфични состојки, односно производи.

Користење на активни супстанции како AХA и ПХA киселини, како и ретиноиди ја забрзуваат размената на клетките. Бидејќи се потребни недели за да се развијаат воспалителните акни, во моментот на лекувањето, тие недели се скратуваат и целиот процес се забрзува. Ова го согледуваме со нешто почеста и забележлива појава на неправилности кои се појавуваат на површината на кожата каде што и обично се присутни (на пример, на пределот на брадата).

Purging (прочистување) е честа тема на различни дебати, особено затоа што понекогаш е тешко да се разликува од обичната иритација.

Во продолжение ви носиме листа на совети според кои можете на правилен начин да ја прилагодите рутината и со кои успешно ќе го надминете периодот на приспособување, а на крајот ќе ве дочека поздрава кожа и блескав тен.

ПОЛЕКА И СТРПЛИВО ПРИ ВОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНИ СОСТОЈКИ

Прашањe број еден не е кои производи да се избегнуваат, иако ретиноидите и киселините нема да и бидат потребни на секоја кожа, ниту пак ќе и одговараат. Она што е важно, е како правилно да се користат одредени производи. Доколку навреме се информирате за сите состојки и начинот на користење, веќе можете однапред да знаете што да очекувате од производот. Уште подобро е ако целосно ја познавате вашата кожа и знаете како може да реагира, но најчесто, тоа не е случајот.

Она на што дефинитивно би сакале да обрнете внимание, е воведувањето на премногу нови производи одеднаш. Ако сте се одлучиле за ексфолијант со АХА киселини, а досега не сте користеле киселини во вашата рутина, почнете со помал процент и не воведувајте ништо друго што потенцијално може да ја наруши хидролипидната бариера на кожата. Истото важи и за сите други активни состојки кои ќе ги наведеме.

Во тој случај (каде не се користеле киселини претходно) Оливал Пилинг Тоникот АХА ПХА е одличен избор бидејќи е исклучително нежен за кожата, а истовремено и ефикасен. За почеток, користете го два пати неделно, а зачестеноста на употреба зголемете ја само ако тоа и одговара на вашата кожа и доколку е потребно.

Салицилната киселина е уште една состојка на листата која може да ја предизвика т.н фаза на чистење кај кожа која е склона кон комедони и воспалителни акни. Пријатниот пилинг Оливал Микроексфолијант ја остава кожата мека и мазна и затоа понекогаш лесно може да се занесете со секојдневната употреба. Меѓутоа, навистина на повеќето типови на кожа тоа не им е потребно.

Состојка како салицилната киселина делува длабински, така што дури и откако ќе завршите со пилингот и ќе го исплакнете од лицето, салицилната киселина продолжува да делува. Поотпорната кожа може да користи салицилна киселина до три пати неделно, но за повеќето типови на кожа е доволно да  користат еднаш до максимум двапати неделно за фантастични резултати и изедначена текстура. За кожата чувствителна на ексфолијација доволна е употреба по потреба, на пример два пати месечно. Следете ја вашата кожа и сами ќе забележите кога ви е потребен овој чекор.

ПО PURGING ДОАЃА ПОУБАВА КОЖА

Честопати ретиноидите се неправедно обвинети за предизвикување на неправилности и влошување на состојбите на кожата, кога всушност им треба посебна доза на трпение.

Како и кај АХА и ПХА киселините, потребно е да се тргне со помали проценти, за кожата полека да почне со навикнување на ретиноиди. Ретинил палмитат е најблагиот облик на ретиноид што можете да го користите за почеток со третирање на вашата кожа, а ќе го најдете во Оливал Витамин Р² серумот. Ако мислите дека на вашата кожа сепак и е потребно дејство од поспецифична состојка, тогаш 0,1% ретиналдехид во Оливал Витамин РА серумот ќе ја заврши посакуваната работа. Бидејќи ова е максималната дозволена концентрација на оваа состојка во слободна продажба, очекувајте промени.

Повторуваме, во овој случај, познавањето на сопствената кожа многу ќе ви помогне, но сепак најдобро е да почне со бавно воведувањето на самиот производ. За разлика од Витамин Р² серумот, кој се нанесува на чиста влажна кожа, Витамин РA серумот се нанесува на чиста сува кожа секоја трета вечер. Ја зголемувате употребата на секоја втора вечер, по приближно две до три недели користење. Многу е важно да се напомене дека истовремено не можете да користите повеќе од еден вид ретиноид, односно можете да употребувате само еден производ и потоа секое утро нанесете ја неопходната заштита од сонце.

САМО НЕЖНО И БЕЗ НЕПОТРЕБНО „КОПАЊЕ“

Наведените производи кои содржат АХА и БХА киселини или ретиноиди не се користат за стандардно чистење на кожата од шминка и СПФ. Нив детално ќе ги отстраните со методот на двојно чистење со Оливал Микроемулзија и Оливал Амино гел, без дополнително сушење на кожата.

При изборот на гелови за чистење лице, останете со оние кои дополнително нема да ја оштетат хидролипидната бариера на вашата кожа и не воведувајте премногу нови производи за различни намени одеднаш. Дури и ако се појави иритација, нема да можете да ја припишете на некој од производите бидејќи сте почнале да ги користите во исто време. Мора да нагласиме и дека допирањето и „копањето“ на кожата го успорува целиот процес и дополнително го оштетува надворешниот слој на кожата. Обидете се да го избегнувате тоа.

НЕ ЈА ПРЕСКОКНУВАЈТЕ ХИДРАТАЦИЈАТА

Додека поминувате низ фазата на чистење, во ниту еден момент кожата не треба да пецка ниту да затегнува. Решението е обилна хидратација со соодветна крема, идеално онаа крема за која знаете дека никогаш не ви предизвикала иритации. Лесните креми кои ја оставаат кожата хидрирана и мека на допир се клучни додека го изложувате вашето лице на активни состојки.

Покрај хидратантната крема, кожата можете секогаш дополнително да ја навлажнете користење на хидратантни тоници кои ќе ја балансираат pH вредноста на кожата и ќе ја направат поотпорна на надворешни влијанија. Секогаш сакаме да напоменеме дека секојдневната употреба на заштитен фактор значително влијае на правилната хидратација, но и ја штити кожата од штетните УВА и УВБ зраци од сонцето. СПФ треба да биде задолжителен дел од сечија рутина и е најдобрата превенција од предвременото стареење на кожата. Затоа, кога ќе почнете да ги користите активните состојки, внимавајте на правилната и редовна хидратација и во никој случај не ја прескокнувајте.

БЕЗ ГРИЖА, ФАЗАТА НА ЧИСТЕЊЕ НЕ ТРАЕ ВЕЧНО

Подгответе се за можно извлекување на сите нечистотии на површината, но не се откажувајте лесно. За време на фазата на чистење, ќе се појават неправилности на оние места каде што обично се појавуваат комедони и акни. Тие треба да исчезнат по околу месец и половина, но и тоа може да варира во зависност од самата кожа, рутината, дури и возраста (колку старееме, толку побавно се менуваат клетките).

Меѓутоа, ако појавата на нови мозолчиња продолжи и по 8 недели на места каде што ги немало досега, тогаш веројатно станува збор за иритација и треба да престанете со користење на производот или да ја ревидирате рутината и да видите дали иритацијата е предизвикана од одреден производ или комбинација од неколку. Исто така, фазата на чистење не носи појави како воспаление или осип, па во случај на такви реакции дефинитивно е препорачливо да престанете да го користите производот и да се вратите на базичната рутина (чистење, хидратација, СПФ).

Треба да се има на ум дека воведувањето на специфични активни состојки е долготраен процес кој и овозможува на кожата да помине низ своевидно обновување и да блесне во полн сјај. Бидете подготвени трпеливо да ја хидрирате кожата, да ја заштитите од сонце и да избегнувате какво било непрофесионално стискање. А после тоа – очекувајте ја најдобрата верзија на вашата кожа досега.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.