Кошничката е празна.

Top

Комбинацијата од топлина и влага, потење, морска вода и СПФ, може да го земе својот данок кога станува збор за кожата на лицето. Кожата може да стане погруба на допир, со видливи воспалителни акни или пак затворени комедони, уморен изглед кој го следи и непријатно чувство на затегање. Акните, комедоните и дехидрацијата може да се решат со систематско воведување на производи или реорганизирање на рутината по летото. Деталите ви ги носиме во продолжение.

1. ДВОЈНО ЧИСТЕЊЕ

Еден вид на „прва помош“ е секако квалитетното и темелно чистење во два чекора, кое не ја суши кожата. Зошто баш два? Сe уште е важно да продолжите да користите производи за заштита од сонце. Негата, исто како и шминката, треба буквално да се раствори од кожата и да се отстрани од порите. Маслени производи за чистење како Микроемулзија се најуспешни во овој поглед. Причината за тоа е што маслото го раствора маслото, па најдобро ќе го отстрани себумот (природната маст на кожата), како и слоевите производи и другите нечистотии од порите и од површината на кожата.

Чистењето е идеално да го завршите со лесен и нежен гел кој, заедно со миењето, ќе ги отстрани преостанатите нечистотии и ќе ја подготви кожата за нанесување на серуми и креми. Потсетуваме дека доколку кожата не се исчисти целосно, се намалува и нејзината способност да ги апсорбира производите за нега!

2. ХЕМИСКИ ЕКСФОЛИЈАНТИ

Производите за третман базирани на салицилна киселина (BHA) се секогаш добро решение за враќање на рамнотежата во случај на неправилности како што се комедони, акни и оштетена текстура на кожата. Микроексфолијантот е хибриден пилинг со 1% салицилна киселина, кој има антиинфламаторно дејство и ги прочистува порите, додека зрнцата од рицинусов восок нежно ја масираат кожата. По овој третман, кожата е исклучително свежа, мазна и многу мека. Важно е да се знае дека салицилната киселина, како активна состојка, промовира побрза размена на клетките, поради штое можна појава на фаза на чистење на кожата или т.н. прочистување (purging).

Поради ова, можe да изгледа дека состојбата на кожата се влошува, но факт е дека се што е во процес на формирање под површината на кожата сега многу побрзо излегува на површина. Кон крајот на летото, особено ако кожата е исклучително склона кон комедони, добро е да се изврши механичко чистење на кожата, со што ќе се „ресетира“ состојбата и ќе се олесни евентуалната фаза на прочистување. Важно е да се нагласи дека, доколку се случи, фазата на чистење на кожата е привремена и минлива. Микроексфолијантот се нанесува во зависност од самата кожа и остатокот од рутината. На многу масна и отпорна кожа ќе биде погодна употреба до три пати неделно, а малку почувствителна кожа ќе се третира еднаш неделно или уште поретко (особено ако користите други активни состојки).

3. ОБИЛНА ХИДРАТАЦИЈА

Грижата не е целосна без крема. Дури и мaсната кожа има потреба од крема, се разбира – прилагодена на нејзините уникатни потреби. Ако кожата е сува и нема маснотии (т.е. липиди), се препорачуваат креми кои содржат хранливи масла како бадем и макадамија. Витамин Ц+ кремата е одличен избор за кожа склона кон флеки и пеги, додека Екстра Хидратантната крема со масло од смил е природна крема погодна за сите љубители на сертифицираната козметика. На масната кожа или тенот склон кон запушување на порите ќе и одговара немасни текстури без класични масла. Витамин Б3 кремата содржи и ниацинамид, кој го ублажува лачењето на себум, додека Амино Активаторот CM обезбедува терапевтски ефект против црвенило и иритација. А што е со дневната крема? Дневниот крем е всушност заштитен фактор – изберете го вашиот фактор помеѓу Professional Флуид за лице СПФ 30 и Professional Кремата за лице СПФ 50 бидејќи овие производи се дизајнирани да го заштитат, негуваат и затоа ја менуваат класичната дневна крема.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.