Кошничката е празна.

Top

Стандардната нега на кожата на сите ни е позната – наутро, миење и СПФ, навечер чистење на кожата од шминката и другите нечистотии , а потоа следи хидратација која се одбира зависно од преференците и состојбата на кожата.

Кога станува збор за дополнителните чекори во негата како што се маските и пилинзите, понекогаш настануваат недоразбирања. Дали се потребни, колку често и кога се користат, зошто се корисни и како делуваат? Одговорите најдете ги во продолжение.

ПОСЕГНИ ЗА ПИЛИНГ И ОВОЗМОЖИ ДОПОЛНИТЕЛНА НЕГА

Кожата, а особено кожата на лицето, во голема мера е променлива. Се менува при температурните осцилации, промена на годишните времиња, флукутира зависно од исхраната, а дополнително е под влијание на личните животни околности, без разлика дали биле среќни или стресни. Кожата не е, и не може секогаш да биде иста. Во текот на животот таа испушта преку 8 килограми мртви клетки, а прекуумереното наталожување на овие клетки доведува до разни непосакувани проблеми – запушување на порите, појава на мозолчиња и акни. Како би се спречиле понатамошни потешкотии и би се избегнало можното запушување на порите, треба да им се овозможи своевидна „проточност“.

Ексфолијацијата на кожата треба да биде функционална, но нежна. Меѓутоа, ако се користат хемиски пилинзи како Пилинг Тоникот АХА ПХА, кожата најверојатно ќе помине низ фаза на навикнување и црвенило како реакција на контактно намалување на pH вредноста. Оваа појава е всушност показател на делувањто на активните состојки, но треба да се следи времетраењето на црвенилото. Ако трае неколку саати, нема потреба за грижи. Меѓутоа, ако трае подолго, па и до два дена, можно е кожата да е чувствителна на некоја од состојките, или самата да е во чувствителна состојба, па тогаш, производот привремено треба да се изостави од рутината. Пилинг Тоникот најмногу е наменет за нормална, комбинирана или сува кожа на лицето, односно кожа со уморен изглед и видливи флеки. Добро е да се знае дека АХА и ПХА киселините можат да се користат и во текот на бременоста, па се одлична алтернатива за вообичаените хемиски пилинзи во рутината.

За масната кожа склона кон неправилности за кои е потребен длабински пилинг, тука е Микроексфолијантот кој помага за забрзано измазнување на кожата. Бидејќи се темели на 1% салицилна (БХА) киселина, прецизно ги прочистува порите, а исто така може да се користи и во лето со задолжително нанесување на СПФ во утринската нега.

За оние кои повеќе преферираат природен механички пилинг, во колекцијата со Смил можете да најдете производи со зрнца од коски од кајсија и маслинка, кои нежно ексфолираат и ја омекнуваат кожата. Хранливиот пилинг, збогатен со етерично масло од смил и масло од сусам ефективно ќе ја исчисти, а истовремено и нахрани сувата кожа на лицето. За комбинирана и масна кожа, подобар избор ќе биде Активниот пилинг, кој содржи активен јаглен што помага за регулирање на лачењето на себумот.
Двата производа го носат првиот хрватски, независен NATRUE сертификат за природна козметика.

Без разлика за кој пилинг ќе се одлучите на крајот, не морате да го користите повеќе од еднаш до два пати неделно. На повеќето типови на кожа тоа им е сосема доволно за постигнување на најдобар резултат. Секако, за некои од типовите ќе одговара и почесто користење, но во тој случај клучна е темелната хидратација.

МАСКИТЕ ЈА ХРАНАТ КОЖАТА

Со користење на маски за лице на кожата и обезбедуваме дополнителна хидратација и екстра нега, а на умот чувство дека сме си одвоиле време и сме направиле нешто само за себе. По завршување на летото, годишните одмори и многу време поминато на сонце, понекогаш хидратацијата во облик на серум и крема, едноставно не е доволна. Всушност, тие моменти се вистинското време да посегнете за маска за лице како би и обезбедиле на кожата поинтензивен третман. Маските за лице, исто како и пилинзите, не треба да се нанесуваат секој ден. Они служат за еднаш до два пати неделно да и се овозможи дополнителна храна на кожата и во случаи на целна нега. Хранливите маски се подобри за сува и чувствителна кожа, додека активните маски за комбинирана и масна кожа. Секоја од нив целно делува на одредени неправилности, ја прочистуваат и омекнуваат кожата.

Зависно од типот на кожата и маската што се нанесува, на лицето може да се држат од 3 до 20 минути. Секако препорачуваме да се следи упатството за употреба приложено на пакувањето на одбраната маска. Прекраткото или предолгото користење нема да донесе вистински резултати. По употребата, потребно е темелно да се измие кожата, а по правило, резултати веднаш можете да ги видите и почувствивате. Кожата е помека на допир, мазна и еластична.

При препорачано и правилно користење на пилинзи и маски за лице, ќе забележите уште еден посакуван ефект. Козметичките производи ќе функционираат подобро и побрзо, а сеумите и кремите полесно ќе се апсорбираат. Запамтите, помалку е повеќе.

Нека пилинзите и маските бидат мали – и наизменични – ритуали на неделно ниво.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.
6599