Кошничката е празна.

Top

Да изберете производ со ретиноид не е лесна, а ниту мала задача. Со цел барем малку да ви го олесни изборот, Оливал разви производ кој претставува еден вид продолжение на добро познатиот Витамин R2 Серум со нежен ретинил палмитат и ресвератрол за вовед во негата со ретиноиди. Пристигна потентен, моќен, многу концентриран производ – запознајте го Витамин РА серумот!

МОЌНА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА НАЈИНТЕРЕСНИОТ РЕТИНОИД НА ДЕНЕШНИЦАТА

Витамин РА серумот содржи ретиналдехид (познат и како ретинал), дериват на витамин А и природен претходник на ретиноичната киселина, односно третиноинот.

Можеме да го наречеме и „помоќниот брат“ на ретинолот, бидејќи е по блиску до ретиноичната киселина, за разлика од попознатиот и послаб ретинол.

Ретиналдехид е форма на ретиноид кој покажува исклучително добро дејство против предвременото стареење на кожата и несовршеностите на кожата во форма на акни и мозолчиња (особено во зрелоста). Ин витро тестирањата покажаа дека тој е единствениот во групата на ретиноиди, кој со топикална (на лице) апликација делува антибактериски против грам-позитивни бактерии како S. aeureus, Micrococcus spp. ili C. acnes, односно патогени микроорганизми поврзани со развој на воспалителни состојби како што се акните.

Ретиналдехид (ретинал) може слободно да се нарече „сеопфатен“ бидејќи неговиот ефект врз кожата е темелно тестиран и повеќестран, а претварањето на ретиналдехид во ретиноична киселина овозможува по контролирано „доставување“ на ретиноична киселина во кожата, а со тоа и поблаги негативни ефекти (од иритантивен карактер) во споредба со третиноинот или други ретиноиди. За време на 4-месечните испитувања, исто така е набљудуван ефектот на ретиналдехид во концентрација од 0,05% кај 32 испитаници со знаци на благо или умерено фотостреење. На крајот на зададениот тест период, забележано е значително поместување на текстурата на кожата, со многу малку несакани ефекти.

Серумот содржи 0,1% ретиналдехид, па така припаѓа во висока концентрација и го прави производот многу потентен.

„СЕОПФАТЕН“ ПРОИЗВОД ОД КОЈ СИТЕ ИМААТ БЕНЕФИТ

Дејството на Витамин РА серумот може да го поделиме на 4 главни ефекти:

  • Ги отстранува и спречува неправилностите
  • Го баласира лачењето на себумот
  • Ја ублажува видливоста на хиперпигментација
  • Го измазнува тенот и го забавува фотостареењето

Покрај ретиналдехид (ретинал), серумот ги „должи“ своите исклучително позитивни ефекти врз кожата на внимателно дизајнирана листа на состојки за ефективно синергиско дејство. Содржи астаксантин, исклучително силен антиоксиданс од природно потекло кој спречува фотостареење на кожата, а во синергија со ретиноидот, работи против слободните радикали и видливата хиперпигментација. Покрај астаксантинот, формулацијата содржи и комплекс на церамиди, бисаболол и алантоин, кои дополнително го олеснуваат иритирачкиот потенцијал на ретиноидите.

ДО 100 ПАТИ ПОЈАКО АНТИОКСИДАТИВНО ДЕЈСТВО ОД ВИТАМИН Е

Астаксантинот е еден од најмоќните природни антиоксиданти воопшто, а припаѓа во каротеноидите. Тој е од 10 до 100 пати посилен од бета-каротенот и ликопенот, но исто така и од витамините Ц и Е. Го карактеризира јака портокалова боја, која заедно со ретинaлот е заслужна за уникатната боја на Витамин РА серумот. Уникатната молекуларна структура на астаксантинот ја штити кожата од фотооштетување предизвикано од изложеност на УВ зраци и ефикасно ја поттикнува нејзината регенерација, откривајќи здрава и сјајна кожа. Дејствува против хиперпигментацијата преку потиснување на производството на меланин во кожата и го контролира неговото таложење. Астаксантинот исто така ја зголемува способноста на кожата да ја задржи многу потребната влага, и тоа до 40%. Ја зајакнува еластичноста на ткивото, свежината и исполнетоста на кожата, придонесувајќи за целовкупно освежениот, рамномерен и сјаен тен. Во синергија со ретиналдехид, дејствува против слободните радикали и видливата хиперпигментација, како и против воспалените дамки.

ЦЕРАМИДИ, БИСАБОЛОЛ, АЛАНТОИН, ГЛИЦЕРИН ...

Витамин РА серумот исто така содржи биоидентични церамиди и нивни претходници кои го корегираат оштетувањето на хидролипидната бариера на кожата (stratum corneum), ја поттикнуваат синтезата на липидите на кожата и стимулираат природно саморегулирање на нивото на хидратација, што доведува до појака и поотпорна кожа, но и долгорочно урамнотежување на зајакнатото лачење на себум како честа појава кај дехидрираната кожа. Формулацијата ја заокружуваат култните и неизбежни хранливи состојки – бисаболол, алантоин и алое вера.

Бисабололот е исклучително смирувачка, антиинфламаторна и антимикробна состојка која е идеална за кожа со оштетена хидролипидна бариера, склона кон иритации. Познат е по тоа што ја зајакнува моќта на апсорпција на активните супстанции и состојки во кожата, особено антиоксидансите и потентните активни состојки како што е ретиналдехид. Многу е негувателен, а на кожата и овозможува можен ефект против диспегментација. Алантоинот е исто така една од најпознатите хидратантни и регенеративни супстанции во препаративната козметика. Дејствува како своевиден модулатор на воспалителните реакции и процеси во кожата, стимулирајќи регенерација и заздравување.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕРУМОТ?

Витамин РА серумот е наменет за секој што сака да воведе ретиналдехид во својата рутинска нега, како и за поискусните корисници на ретиноиди чија кожа има потреба од нешто повеќе од ретинил палмитат и ретинол, а се уште не сакаат (или не треба) да посегнат по третиноин (адапален и тазаротен) кои се достапни исклучиво со рецепт.

Се препорачува да се користи на:

  • Кожа „навикната“ на поблаги форми на ретиноиди, или луѓе кои сакаат да преминат на поспецифична нега
  • Масна и комбинирана кожа склона кон запушување на порите, акни и мозолчиња
  • Избалансирана кожа со хиперпигментација, брчки и фини линии
  • Тенка, неотпорна кожа оштетена од сонцето која има потреба од обновување (со особено бавно и внимателно воведување).

КАКО СЕ КОРИСТИ ВИТАМИН РА СЕРУМОТ

Воведете го во рутинската нега навечер, за почеток на чисто суво лице. Нанесете количина од 2 зрнца на калинка на целото лице, избегнувајќи го пределот околу очите, а потоа ставете хидратантна крема и/или масло без други активни супстанции (без витамин Ц, пептиди, други ретиноиди, киселини – хијалуронска киселина е исклучок). Користете го два до три пати неделно, следејќи ја реакцијата на кожата, а потоа постепено зголемувајте ја употребата по потреба. За поотпорна кожа, може да се користи секој ден, по нанесување на тоникот и хидратантен серум (базиран на хијалуронска киселина, како што е Хијалурон Хидраторот 4H). За кожата склона кон иритација и првото воведување на ретиноиди во грижата, можете да ја примените buffering техниката (прво неутрална хранлива крема, потоа серум, па повторно крем и/или масло, пр. Омега Еликсир). Доколку се двоумите за воведување на овој серум, препорачуваме да не контактирате за персонализирана препорака и рутина за нега, како и задолжителен тест на подлактица во траење од 48 сати.

ШТО (ПОТЕНЦИЈАЛНО) ДА СЕ ОЧЕКУВА ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА

Ретиноидите сами по себе ја забрзуваат клеточната размена и може да предизвикаат привремена иритација (во зависност од самата кожа) сè додека кожата не се навикне на воведувањето на оваа активна супстанција. За да се минимализира овој иритирачки потенцијал, формулацијата исто така содржи церамиди, бисаболол и алантоин, кои ја обновуваат и зајакнуваат заштитната бариера на кожата, придонесуваат за еластичноста и цврстината, и го намалуваат губењето на влага, преку зајакнување на „способноста“ на кожата да ја задржи во нејзините слоеви, како и алое вера и глицерин за дополнителна доза на хидратација. Тие дејствуваат синергиски за смирување на кожата, спречување на нејзино лупење и побрзо навикнување на воведувањето на ретиноиди во рутинската нега.

Како што ја забрзуваат размената на клетките, исто така се забрзува процесот на отфрлање на мртвите клетки и ослободување на затворените комедони на кожата. Затоа, можна е фаза на чистење на кожата во која затворените комедони кои биле под површината да излезат на површината. Активната супстанција во серумот, ретиналдехид, делува на тој начин што помага да се „извлечат“, а потоа да се лекуваат, истовремено спречувајќи нови воспаленија и постепени дамки. Оваа фаза е индивидуална (може и не мора да се случи), но најважно е што е привремена и од минлив карактер.

НА ШТО ТРЕБА ДА ВНИМАВАТЕ ПРИ УПОТРЕБА

Витамин РА серумот се користи исклучително навечер и не се препорачува да се користи за време на бременост. Не смее да се користи паралелно со киселини, други ретиноиди со силни активни супстанции (на пример, високи концентрации на аскорбинска киселина) и пилинзи. Можно е привремено црвенило и мало чувство на пецкање, што е привремено и минливо. Ако е продолжено или засилено, употребата треба да се прекине. Не се препорачува за чувствителна и оштетена кожа, кожа со хронични состојби и кожа изразено склона кон иритација. При користење на овој производ, неопходен е висок фактор за заштита од сонце во текот на денот. Производот не содржи додатен мирис и се карактеризира со портокалова боја од природно потекло (астаксантин и ретинал во комбинација) и може да варира од послаби до посилни нијанси.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.