Кошничката е празна.

Top

Дали имаш посложени чекори за нега, користиш активни состојки или сега почнуваш со нега на кожата, нема разлика. За време на бременоста, потребно е да се негува кожата, но на малку поинаков начин. Речиси во секоја рутина, неопходно е да се направат мали прилагодувања и компромиси. На што да посветите внимание и кои состојки да ги избегнувате, ви претставуваме во продолжение.

ПРИЛАГОДИ ЈА РУТИНАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОЖАТА

Во текот на бременоста, телото минува низ цела бура од промени. Хормоналната слика се менува, волуменот на крвта се зголемува, апетитот или постојано расте или целосно исчезнува, варењето на храната станува  непредвидливо. Не е ни чудо, што секоја од овие промени најчесто се манифестира на кожата. Кои се можните сценарија?

Првенствено, кожата може да стане генерално почувствителна и честопати повеќе склона кон мастење и запушени пори. Затоа е важно да ја прилагодиш твојата рутина за нега на кожата уште од самиот почеток. Прво, почнете од чистењето – сега е вистинското време да воведеш нежно, двојно чистење на кожата навечер со производи кои не ја сушат кожата.. Отстранувањето на шминката со маслен чистач, како што е Микроемулзијата, ќе ти ја олесни рутината и кожата ќе паузира од секојдневното триење со туфери. Само нанеси го маслениот чистач на лицето со суви дланки, измасирај и исплакни го. Потоа продолжи со вториот чекор, со гел за чистење како што е Амино гелот. Наутро доволно е да ја измиете кожата со малку гел.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВОВЕДИ ПРОИЗВОД ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Кожата станува посклона кон хиперпигментација, односно на појава на мелазма. Ова е особено забележително на лицето, вратот, деколтето и рацете. Ние секогаш се трудиме да едуцираме за важноста од практикување на редовна, обилна и внимателна заштита од сонце во текот на целата година. За време на бременоста свесноста за опасностите од УВ зрачењето е уште поважна.

Доколку сакаш да ја спречиш појавата на дамки, како и други проблеми кои може да ни ги донесе незаштитеното изложување на сонце, СПФ наутро е задолжителен чекор. Пудрите и ББ кремите со заштитни фактори обично не се доволни, дали поради самите формулации или поради начинот на нанесување. СПФ треба да се нанесе обилно, рамномерно и да се обновува по потреба. Тука пишувавме за митовите поврзани со заштитата од сонце. Не заборавај дополнително да ја заштитиш надусницата; тоа е областа каде што најмногу се потиме, бришеме и допираме. При изборот на производ, обрни внимание на кремите кои лесно ја заменуваат дневната крема во твојата рутина, како што се Professional Флуидот СПФ30 или Сан Кремата за лице СПФ30.

ПОТПРИ СЕ НА АКТИВНИТЕ СОСТОЈКИ КАКО ВИТАМИН Ц ИЛИ НИАЦИНАМИД

Се поставува прашањето..која од активните состојки, односно од супстанците кои имаат целно дејство на кожата, се препорачува да се користи за време на бременоста, а која не. Добрата вест е дека скоро сите производи на Оливал може да се користат за време на бременоста. 

Иако станува збор за производ кој се одмива од лицето, и не содржи максимален процент на салицилна киселина како активна состојка (1% наспроти, 2% максимален процент), сепак се препорачува да се избегне употребата на Микроексфолијантот. Исто така, неопходно е да се изостават Витамин Р² серумот и Витамин Ра серумот, поради ретиноидите во составот. Некои наменски гелови за кожа исто така не се погодни за употреба за време на бременоста поради високата содржина на ментол и камфор.

Што да користите наместо тоа? Ти преостанува цел спектар на активни состојки. Витамин Ц, хијалуронска киселина, ферулична киселина, пептиди, ниацинамид, ектоин… Сите овие состојки ќе имаат корист за кожата на која и треба третман. Доколку не сакаш да се откажеш од употребата на киселини за ексфолијација, одличен избор е ноќниот течен Пилинг Тоник АХА ПХА, кој нежно ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата, ќе ја врати мекоста и ќе го изедначи тенот.

За масна кожа склона кон запушување на порите одбери го Витамин Б3 серумот, додека Хијалурон Хидратор 4Х совршено ќе ја врати влажноста на дехидрираната кожа.

РЕДОВНО НЕГУВАЈ ЈА И КОЖАТА НА ТЕЛОТО

Она што сигурно го знаеме е дека стриите потполно и во секој случај не може да се избегнат, особено ако постои генетска предиспозиција и/или потенка кожа склона кон пукање.

Сепак, континуитетот во секојдневната нега, прави чуда за мекоста и еластичноста, но и за нашето чувство на благосостојба и задоволство што доаѓа со него. Можеме да одбереме суви масла кои брзо ќе се апсорбираат без маснотии, како што е Волшебното суво масло или малку похранлива текстура како Ружиното млеко за тело.

Добар трик е и слоевитото нанесување, односно, еднаш во неделата „позајми го“ Хијалурон Хидраторот 4Х од рутината за лице. На влажна кожа на стомакот нанесете од серумот и потоа влагата „заклучете ја“ со млеко за тело. Ќе бидеш воодушевена од мекоста и брзината со која те напушта чувството на затегање и „затегната кожа“.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.