Кошничката е празна.

Top

Хидро Тоникот и Пилинг Тоникот со AHA и PHA киселини се последното надополнување во Оливал Professional колекцијата. Со оглед на истата течна форма, сè уште постојат сомнежи за тоа кои се сличностите и разликите меѓу нив, на кого се препорачуваат и кога точно се користат. Во продолжение ви ги даваме одговорите на сите најчесто поставувани прашања во инбокс.

ХИДРАТАЦИЈА VS. ЕКСФОЛИЈАЦИЈА

Иако ги врзува ист тип на производ, овие тоници се разликуваат по нивната намена. Хидро Тоникот е наменет за класична хидратација и припрема на кожата за примена на хијалуронски серуми за кои е потребна влажна подлога. Има многу нежна формулација богата со бета-глукан заедно со тројство на навлажнувачи – бетаин, алантоин и глицерин за длабоко навлажнување, смирување и враќање на природната мекост. Хидро тоникот содржи и фитинска киселина, која е во својство на хелатор и помага во ублажување на влијанието на тврдата вода од чешма на кожата. Тоникот има опримизирана pH вредност така што ја “следи” природната pH на кожата, а погоден е за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и чувствителната. Може да се користи секој ден наутро и навечер, или по потреба за освежување во текот на денот.

Од друга страна, Пилинг Тоникот е третмански производ наменет за хемиска ексфолијација, односно отстранување на мртвите клетки на кожата, со пропратни бенефити. Во формулацијата на посебно прилагодена pH вредност од 3,6 е застапен коктелот од манделична киселина, глуконолактон и лактобионска киселина (5,9% AHA и PHA киселини), како и екстракт од јаболко, хијалуронска киселина, бетаин, глицерин и пантенол. Се од наведеното гарантира ефективна, но многу нежна ексфолијација за скоро сите типови на кожа, вклучувајќи ја и зрелата кожа или пак за почетници кои почнуваат со користење на хемиски пилинг како и за корисниците на ретиноиди. Пилинг Тоникот нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја враќа влагата, додека долготрајната употреба го прави тенот помазен, прочистен, рамномерен и сјаен. Бидејќи станува збор за третмански производ, овој тоник се користи повремено, во вечерните часови и во зависност од потребите на кожата. Два до три пати неделно е оптималната употреба во повеќето случаи. Употребата на AHA киселини во рутината (како и самиот чин на ексфолијација) ја зголемува чувствителноста на кожата на сонце, па така кога се користи Пилинг Тоникот, заштитата од сонце е задолжителна.

КАКО (ТОЧНО) ДА ГИ НАНЕСЕТЕ, ДА ГИ ВКЛОПИТЕ ВО РУТИНАТА И ДА ГИ КОМБИНИРАТЕ

Тониците треба да се нанесуваат на претходно исчистена кожа, пред серуми, креми и масла. Хидро Tоникот се нанесува со прскање од пумпицата директно на лицето, додека Пилинг Тоникот идеално се нанесува на сува кожа со суви чисти дланки – го протресувате шишето, истурате мала количина на дланките и потоа со помош на тапкање го нанесувате на лицето, избегнувајќи ја областа околу очите. Нанесувањето без употреба на туфери има повеќе предности – се избегнува можна иритација од самото влечење на туферите над површината на кожата, се заштедува производот и се намалува отпадот. Додека Хидро Тоникот може да се користи неколку пати на ден, Пилинг Тоникот се нанесува исклучиво навечер и како секој третмански производ, внимателно и само неколку пати неделно (со исклучок на екстремно масна и отпорна кожа навикната на многу потентни активни состојки).

Хидро тоникот може да се комбинира во иста рутинa со скоро сите Professional серуми и производи од колекцијата so Смил и Зелено кафе и е идеално надополнување на хидратацијата по употреба на Оливал Микроексфолијантот. Пилинг тоникот, од друга страна, не се препорачува да се комбинира со Микроексфолијантот бидејќи станува збор за два производа со иста намена. Микроексфолијатот е посоодветен за масна и проблематична кожа бидејќи содржи салицилна (BHA) киселина, додека Пилинг Тоникот (со AHA и PHA киселини) повеќе одговара за кожа со поствоспалително црвенило, хиперпигментација, појава на први брчки и генерално уморен изглед на кожата. По нанесување на Пилинг Тоникот, доволно е да нанесе хидратантна крема по избор или хидратантен серум, па крем. Што се однесува до активните состојки, тие можат да бидат хијалуронска киселина, полиглутаминска киселина, ектоин и слично, додека витаминот Ц и ретиноидите генерално не се сугерираат како вистински избор за нега по Пилинг Тоникот поради (можен) ризик од иритација.

ЗОШТО ХИДРО ТОНИКОТ Е ВО СПРЕЈ, А ПИЛИНГ ТОНИКОТ НЕ Е...+ Совети

Исто така, нè прашавте зошто Пилинг Тоникот не доаѓа со практична пумпица која овозможува директно прскање на лицето. Ваквото пакување на производот не е возможно токму поради содржината на киселини и ниската pH вредност. Поради оваа причина, течноста никогаш не треба да дојде во контакт со очите, ниту со почувствителната област околу очите. Нанесувањето со дланките овозможува прецизност што е неопходна за овој вид на третмански производ. Важно е да се нагласи дека Пилинг Тоникот не се препорачува за екстремно чувствителна, оштетена, воспалена кожа, а не се препорачува ни паралелно користење на ретиноиди или други AHA и PHA киселини (слоевито нанeсување и комбинација во иста рутинa). И Хидро Тоникот и Пилинг Тоникот се погодни за употреба за време на бременост и доење, освен ако не постојат пречки од индивидуална природа.

 

Хидро Тоникот и Пилинг Тоникот се достапни и во ДМ дрогериите, парфимерија Паладиум во Прилеп, како и аптеките св.Пантелејмон и Хигија во Кавадарци.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.