Кошничката е празна.

Top

Секој период од животот носи свои предизвици, a истото важи кога станува збор и за нега на кожата. Со текот на годините, нашиот најголем орган доживува бројни промени од индивидуална природа. Нивото на колаген и еластин паѓа, се јавува дехидрираност и чувствителност, чувство на сувост, како и хиперпигментација, брчки и фини линии. Стареењето на кожата од една страна е неизбежно и сосема природно, но од друга страна сигурно ќе се согласите дека вистинската убавина и онака доаѓа одвнатре. Сепак, квалитетните животни навики и внимателната, постојана грижа на зрелата кожа сигурно ќе направат разлика и ќе донесат неизбежно чувство на задоволство. Во продолжение откријте кои чекори треба да ги превземете, на кои производи да се фокусирате и на што да внимавате.

ВОВЕДЕТЕ НЕЖНО ЧИСТЕЊЕ (БЕЗ САПУН)

Секоја кожа има потреба од редовно и темелно чистење, а зрелата кожа не е исклучок. Квалитетните производи ќе ја исчистат кожата од шминката, себумот и други нечистотии кои се акумулираат на неа во текот на денот, и тоа ќе го сторат без да остават чуство на безживотност, сувост, чешање и затегнатост. Се разбира, изборот на производот и самата техника за чистење зависи од потребите. Ако носите крема за сончање и се шминкате во текот на денот, чистењето треба да се направи прво со средство за чистење на шминка, како што е Оливал Негувателното млеко со смил, а потоа измијте ги остатоците од производот и помалите нечистотии со лесен и прилагоден pH-производ како што е Оливал Мицеларната пена со смил. Во ситуации кога на лицето немате ниту еден остаток од утринска рутина, доволно е кожата да ја пребришете со Мицеларен раствор од смил и да се измиете со млака вода.

Многу е важно да се потсетиме дека сапунот се карактеризира со многу алкална пХ вредност – над 9, во споредба со природната малку кисела ph вредност на нашата кожа. Овој факт се однесува на сите сапуни, без разлика дали се синтетички или се декларирани како „природни“ – секој сапун е сапун без оглед на потеклото на состојките кои ги содржи (на пример, природна основа или есенцијални масла), па затоа, за овој важен чекор многу подобро е да изберете наменска козметика.

ПРОНАЈДЕТЕ НЕГА КОЈА НЕМА ДА ВЕ ОПТЕРЕТУВА (И ВРЕМЕ ЗА СЕБЕ)

Знаеме, во денешно време, тешко е да го најдете својот пат меѓу полиците изложени со козметика, а при тоа, да не се изгубите во огромниот избор на производи кои се нудат на пазарот. Од друга страна, пошироката понуда значи поширок избор, така што шансата да го пронајдете баш тој еден производ идеален за вашата кожа е многу поголема. Соодветната грижа не значи дека мора да користите два серуми, два крема, есенција, тоник, масло. Еден серум, еден крем и едно масло или само крем може да донесе многу позитивни промени за кожата. Најважно е оваа рутина да ја приспособите на себе, на вашите желби и на вашите потреби и да се држите до неа. Целта е да се чувствувате добро имајќи свој мал ритуал на нега.

Ако кожата е избалансирана, без значителна сувост, дехидрираност или посилни знаци на стареење, односно ако и треба само дневна нега, изберете ја Оливал Хранливата крема со зелено кафе или Оливал Екстра хидратантната крема со смил. Остатокот од грижата треба да се состои само од производи за чистење на лицето (према потребите) и производ за заштита од сонце. Не заборавајте да се грижите за вратот, деколтето и рацете. Доколку е потребно, можете повремено да воведете нежен пилинг во рутината, како што е Оливал Хранливиот пилинг со масло од смил – кожата на телото да ја почестите со техниката на суво четкање пред да се туширате и нанесете млеко за тело.

ИСПРОБАЈТЕ СЕРУМИ (И МАСЛА) ЧИЈА ЦЕЛ СЕ ПОТРЕБИТЕ НА ВАШАТА КОЖА

Во случаи каде има значителна сувост или појава на неправилности како што се брчки, фини линии, дехидратација на кожа или флеки, дневната рутина збогатете ја со повеќеслојна нега. Серумите не се производи кои ја заменуваат грижата обезбедена од класичен крем, туку со нивните концентрирани формулации и активни состојки ги решаваат точно дефинираните и тековни потреби на кожата.

Па така, целта на Оливал Пептидниот серум П е намалување на видливите знаци на стареење и губење на цврстината, на Оливал Витамин Ц серумот е изедначување на бојата и структурата на тенот, на Оливал Витамин РА серумот главна цел се акните и фотооштетувањето на кожата, додека пакОливал Хијалурон Хидраторот 4Х ќе ја врати многу потребната влага во изразено дехидрираната кожа од било кој тип (дури и и во пределот околу очите). Од друга страна, дехидрираната и типолошки сува кожа не е лошо да се ја негувате со малку посилна нега во форма на Оливал Златното масло со смил, како последен чекор на нега бидејќи таквата специфична текстура соодветно ќе ја храни кожата и ќе го спречи губење на влагата

КОГА Е ПОТРЕБНО, ЗАШТИТЕТЕ ЈА КОЖАТА ОД СОНЦЕ

Заштитниот фактор 30 во зима и 50 во лето, е исклучително важна ставка за здравјето на кожата и нејзиниот свеж изглед во било кој период од животот. Слободно можеме да кажеме дека редовното нанесување на крема или течности со УВА и УВБ заштита, може да биде најдобрата превенција од предвременото стареење на кожата, иритација, пречувствителност и други кожни проблеми како што е хиперпигментацијата. Исто така, многу често, заштитниот фактор е “услов” при користење на серумска нега со активни супстанции како што се витамин Ц, ретинол (ретиноиди), AХA / ПХA / БХA киселини. Притоа, важно е повторно да изберете наменски производи. Пудрите, минералните ББ креми и слична козметика од доменот на декоратива во повеќето случаи нема да обезбедат соодветна и целосна заштита од сонцето бидејќи не се применуваат во доволни количини, не се реаплицираат во текот на денот, а честопати ваквиот заштитен фактор е доволен само при многу низок УВ индекс.

ПОСЕТЕТЕ ДЕРМАТОЛОГ (ДУРИ И ПРЕВЕНТИВНО)

За важноста на заштитата на кожата од сонце сигурно нешто ќе ви каже и вашиот дерматолог, кој би требало да го посетувате барем еднаш годишно. Покрај професионалната и детална проценка на состојбата на кожата и фактот дека само лекар може да дијагностицира хронични кожни болести како розацеа, може да ја проверите и состојбата на бемките. Ризикот од рак се зголемува со возраста и одредени навики, па затоа ваквите прегледи треба да бидат важен дел од негата на кожата.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.