Ако можеме да кажеме дека некој козметички производ стана апсолутно вирален, тоа е Лосионот од пискавица и рузмарин против опаѓање на косата. Овој лосион ја промени рутинската нега на косата на подобро на буквално илјадници жени и мажи и предизвика лавина на развој на слични производи –овој момент е за поздрав, затоа што конечно фокусот е ставен на здравјето на скалпот. Бидејќи имаме многу прашања за овој производ, решивме да ги собереме на едно место и да ги разјасниме сите можни сомнежи.
ДАЛИ ЛОСИОНОТ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИ БОЈАТА НА КОСАТА?
Поради карактеристичното дејство на етеричното масло од рузмарин, особено во комбинација со екстрактот од пискавица, можно е да се забележи промена на нијансата на косата како резултат од нанесувањето на лосионот. Дали тоа ќе се случи или не зависи од самата коса – бојата, степенот на порозност и оштетување, но и зачестеноста на користење на лосионот.
При користење на препарати на база на рузмарин и пискавица (дури и дома направени), корисниците пријавиле потемнување или осветлување на косата, поради што специфичниот ефект не е ист во секој индивидуален случај. Промена на нијансата (обично потемнување на бојата) може или не мора да се случи, а почеста е кај светлата и оштетената коса. Како мерка на претпазливост, посочена е можноста за промена на нијансата на косата на самата амбалажа на Лосионот од пискавица и рузмарин против опаѓање на косата.
МОЖЕ ЛИ ДА СЕ КОМБИНИРААТ ПИСКАВИЦА ЛОСИОН И ПИСКАВИЦА ШАМПОН?
Лосионот од пискавица и рузмарин може да се комбинира со сите шампони од палетата на Оливал, вклучувајќи го и Шампонот од пискавица.
ДАЛИ ЛОСИОНОТ ТРЕБА ДА СЕ РАЗРЕДИ?
Лосионот од пискавица и рузмарин против опаѓање на косата е финален производ со оригинална формулација, подготвен за употреба.
МОЖЕ ЛИ ДА СЕ КОМБИНИРА МАСЛО СО ЛОСИОНОТ?
Лосионот е производ на база на вода, а маслото е масло – така што двата вида на производи не можат (ниту треба) да се нанесуваат на скалпот истовремено. Од друга страна, можно е да се комбинираат производите така што лосионот се нанесува на скалпот, а маслото по должината на косата.
КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ МАСЛОТО ОД РУЗМАРИН И КАРАНФИЛЧЕ И ЛОСИОНОТ ОД ПИСКАВИЦА И РУЗМАРИН ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА?
Двата производи се наменети да го намалат опаѓањето на косата и да го стимулираат растот. Тие можат да се комбинираат (наизменично) или да се избере типот на производот според личните преференции.
КОЈ ШАМПОН СЕ КОРИСТИ ПОСЛЕ ЛОСИОНОТ?
Изборот на шампон зависи од потребите на скалпот и од проблемот на кои што треба да се дејствува. На пример, за љубителите на природни шампони со чувствителен скалп, можеме да го препорачаме Природниот шампон Сензитив, додека за масна коса го препорачуваме Природниот шампон од рузмарин и лимон. Шампонот од Чичек е погоден за сув првут, а шампонот Рицинус за стимулирање на растот на косата.
ДАЛИ ЛОСИОНОТ МОЖЕ ДА СЕ ОСТАВИ ДА ДЕЛУВА ПРЕКУ ЦЕЛАТА НОЌ?
Го истакнуваме препорачаниот начин на употреба, а тоа е да го нанесете непосредно пред миење на косата и да го оставите да делува од половина час до максимум неколку часа, за да не дојде до иритација на скалпот. Значи, тоа е прашање на претпазливост. Одлуката да се чува преку ноќ е од индивидуална природа и не гарантира подобри или побрзи резултати во споредба со препорачаната употреба. Повеќе информации за како се користи лосионот можете да најдете во нашот водич тука.
МОЖЕ ЛИ ЛОСИОНОТ ДА СЕ НАНЕСЕ НА ИЗМИЕНА КОСА?
Во некои случаи кога скалпот е „натрупан“ со производи за стилизирање, апсорпцијата на лосионот може да се намали и во тој случај добро е да се исчисти скалпот пред нанесувањето на лосионот. Од друга страна, по користење на лосионот, препорачуваме шампонирање.
КОГА ЌЕ СЕ ВИДАТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРИМЕНАТА НА ЛОСИОНОТ?
Резултатите од употребата на Лосионот од пискавица и рузмарин против опаѓање на косата се индивидуални по природа и зависат од цела низа фактори. Губењето на косата и растот на косата се сложени феномени кои зависат од целосната состојба на телото одвнатре и однадвор. Доколку по неколкумесечна употреба на лосионот и други напори за намалување на опаѓањето на косата и поттикнување на растот немате резултати, ппрепорачуваме консултација со лекар и понатамошен професионален третман.
ДАЛИ ЛОСИОНОТ МОЖАТ ДА ГО КОРИСТАТ ДОИЛКИ И БРЕМЕНИ ЖЕНИ?
Доколку немате конкретни препораки од лекарот или пречки од индивидуална природа, лосионот може да се користи за време на бременоста. Тоа е производ кој се мие од косата и е ограничен во контакт со кожата. Лосионот е погоден и за употреба при доење.
МОЖЕ ЛИ ДЕЦА ДА ГО КОРИСТАТ ЛОСИОНОТ?
Поради моќната формулација богата со екстракт и етерично масло, не се препорачува употреба на чувствителен детски скалп.
Во Македонија, лосионот е достапен во ДМ Дрогериите, на следниот линк тука, како и во нашата продавница во Дебар Маало на ул. Благој Давков бр, 2 (кај кафичот Кино Карпош).