Поттикнати од најчесто поставуваните прашања, решивме да направиме една подетална статија посветена на производите за кои не се препорачува секојдневна употреба. Кај особено реактивните и чувствителни типови на кожа, потребно е внимателно и добро да се размисли при воведувањето на поактивни состојки во рутината. Понекогаш дури и најотпорната кожа не успева да се одбрани од редовното нанесување на производи со активни состојки или од пречестата ексфолијација. Кои се производите кои во повеќето случаи не ги предлагаме секојдневно да ги користите, прочитајте во продолжение.
ЕДУКАЦИЈА ПРЕД ЕКСФОЛИЈАЦИЈА
Свиленкаста кожа, намалени пори и мекост при допир се прекрасно чувство, но често доведуваат до невнимателна и непромислена употреба на Микроексфолијатот со 1% салицилна киселина. За повеќето типови на кожа, овој хемиски пилинг, ќе биде доволно да се користи еднаш или двапати неделно. Долготрајната, премногу честа употреба на Микроексфолијатот и несоодветна хидратација може да доведе до лупење на кожата, зголемено лачење на себум и на крајот, сосема спротивен ефект од тоа што сакате да постигнете.
При користење на одреден производ, важно е систематски да се следи реакцијата на кожата и да се има на ум дека кожата е орган кој често претпува промени. Рутината која ви одговарала првите три месеци, можеби нема да одговара во наредните месеци.
НА КОЖАТА И ТРЕБА ХИДРАТАЦИЈА И ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Со употребата на салицилната киселина, состојбата на кожата се подобрува, па така, можеби нема да има потреба од користење три пати во неделата, туку само еднаш или поретко. Ако наместо БХА киселини, го преферирате Пилинг Тоникот кој содржи АХА и ПХА киселини, исто и за него не би препорачале секојдневна употреба. Тоникот ќе помогне при отстранување на хиперпигментацијата и флеките, како и за изедначување на тонусот. Прекумерната употреба, и повторно, недостатокот на правилна хидратација на кожата, може да доведе до многу поинакви резултати. Поради оваа причина, секогаш напоменуваме дека правилната хидратација е основна за правилна нега на кожата, а СПФ е неопходен во секоја утринска рутина.
Покрај хемиските пилинзи во палетата на Оливал, тука се и механичките пилинзи за сите оние кои едноставно го обожаваат мирисот на смилот на својата кожа. Хранливиот пилинг наменет за сува кожа е омилен дел од многу рутини и ја прави кожата мека и мазна, додека Активниот пилинг дополнително помага да се отстранат неправилностите на кожата. Зависно од вашиот тип на кожа, користењето на еден од двата пилинзи два пати во неделата, ќе осигура чист тен и ќе ја реши потешкотијата со површинското лупење на кожата.
СО РЕТИНОИДИТЕ Е ЛЕСНО КОГА ЗНАЕТЕ КАКО
Покрај честите прашања поврзани со правилната употреба на хемиски и механички пилинг, постојат сомневања за правилната употреба на ретиноидите и разликите помеѓу двата професионални серуми – Витамин Р2 серум и Витамин РА серум. Нивните разлики детално ги опишавме тука, а сега би сакале да го истакнеме начинот на употреба.
Со Витамин Р2 серумот не мора да се размислува премногу, бидејќи по правило е погоден за секојдневна употреба (после евентуално побавно воведување во рутината). Се работи за серум со многу блага форма и процент на ретиноиди на база на хијалуронска киселина, ресвератрол и алое вера. Меѓутоа, не смее да се комбинира со други ретиноиди, високи концентрации на активни состојки и киселини за ексфолијација (БХA, AХA, ПХA) во истата (вечерна) рутина. Повторуваме, наутро СПФ е задолжителен.
РЕТИНAЛОТ БАРА ПОИНАКОВ ПРИСТАП
Витамин РА серумот бара повнимателно воведување во рутината. Ја содржи моќната состојка ретиналдехид во процент од 0,1% што е максимална концентрација на ретиноиди во слободна продажба. Делува против акни и комедони, ја ублажува видливоста на хиперпигментацијата и флеките, како и на брчките и фините линии.
Оваа состојка, исто како киселините, може да предизвика фаза на чистење на кожата која е минлива, но не мора да се појави во сите случаи. Затоа би било идеално доколку Витамин РА серумот е единствениот нов производ што ќе се воведе во рутината, како би можело внимателно да се следи неговиот ефект врз кожата. Најдобро би било да се нанесува секоја трета или секоја втора вечер, во зависност од потребите на кожата. Повторно, не препорачуваме да се комбинира со други ретиноиди, високи концентрации на активни состојки и киселини за ексфолијација (БХA, AХA, ПХA).
Витамин РА серумот, за разлика од Витамин Р2 серумот, се нанесува на сува кожа на лицето, а бидејќи содржи астаксантин и церамиди, за масната кожа ќе биде доволно да се употребува само серумот без дополнително нанесување на хидратантен крем. За сувата кожа, ќе биде неопходна дополнителна хидратација по нанесувањето на серумот.
ДОПОЛНИТЕЛНА НЕГА СО МАСКА ДА, НО НЕ СЕКОЈ ДЕН
Освен ексфолијација и ретиноиди, во дополнителна повремена нега на кожата се вклучуваат и маските за лице. Нивната примена придонесува за потхранување на кожата, а во исто време и ја прочистува. Хранливата маска се базира на дејството на белата глина, а Активната маска на активниот јаглен и зелената глина. Се нанесуваат на исчистеното лице, се оставаат десет минути и потоа се исплакнуваат со вода. За најдобар ефект се користат најмногу два пати неделно, а мекоста на лицето после нив сигурно ќе биде најдобра награда на крајот од денот.