Кошничката е празна.

Top

Историски гледано, скапоцените и полускапоцените камења отсекогаш играле значајна улога во различнитe култури низ светот, а нивната примена била навистина разновидна. Неколку години уназад кај нас на Балканот, се повеќе сè попопуларни алатките за убавина изработени од различни  камења како што се розовиот кварц, аметистот и други полускапоцени камења. За сите оние кои се заинтересирани за специфичностите и симболиката зад секој од нив, во продолжение ви откриваме интересни детали.

РОЗЕВИОТ КВАРЦ НОСИ САМОДОВЕРБА

Појавата на овој полускапоцен камен датира уште од далечната историја бидејќи се користел како украс во различен накит, но и како талисман. За Египќаните, кварцот играл значајна улога во секојдневниот живот, а неговата нежно розева боја станала симбол на љубовта – кон другите, но и кон својата кожа. Тие верувале дека кварцот го запира стареењето, а според многу легенди, божицата Исис го користела розевиот кварц за да ги спречи последиците од стареење, да ги отстрани брчките од лицето и на тој начин да го одржи младешкиот изглед засекогаш.

Розевиот кварц е камен на срцето и љубовта кој ја враќа самодовербата, а служи за поттикнување на убавината, нежноста и верноста во врската, но и во пријателство. Верувањата велат дека помага да се надмине срамежливоста, а се верува дека при комуникацијата со луѓето придонесува за трпение и разбирање.

Gua Sha каменот е омилен масажер на азискиот континент од времето на античка Кина и иако од неодамна и кај нас стана релативно популарен, сигурни сме дека веќе надополнува многу skincare рутини. Може да се користи при масажа со серум, но и самостојно, а препорачуваме да го користите ако не секоја вечер, тогаш пред важни настани. Со леснотија  го лади пределот на лицето и вратот, а може да се користи и на деколтето.

ЕЛЕГАНТНИОТ АМЕТИСТ Е СИМБОЛ НА ПРОМЕНА

Со препознатлива виолетова боја, овој скапоцен камен шири смирувачка енергија и придонесува за спокој. Во минатото бил симбол на благородништвото, па не е чудно што се поврзува со префинетост, посебен шарм и елеганција. Многу владетели биле фасцинирани од дејството на аметистот па го носеле во круните и го додавале во медалјоните. Аметистот во суштина е еден вид на кварц, но поскапоцен и поценет.

Го подобрува расположението и благотворно делува на психата, а вметнат во skincare ритуалите овозможува дополнително опуштање и лесна масажа на лицето. Кога масирате со серумот, дополнително помага за рамнотежа на мислите и намалување на грижите. Масажата со аметист е одлична награда на крајот од работниот ден бидејќи го намалува стресот и помага во борбата против несоницата.

Петминутната масажа на лицето со ролерот или gua shа каменот од аметист ја поттикнува подобра циркулација, поздравата  боја на тенот, и со долготрајна употреба го зајакнува тонусот на кожата.

ДЛАБОКОТО ДЕЈСТВО НА ТАИНСТВЕНИОТ ОБСИДИЈАН

Елегантната црна боја и мистериозното име на овој полускапоцен камен со право будат љубопитност кај секого. Обсидијанот е всушност вулканско стакло кое настанува со брзото ладење на лавата, а неговата боја може да варира од црна до сива. Во него може да се најде вистинското „јас“ на секоја личност. Со изборот на обсидијан, се избира спознавањето за себе, сите свои доблести, но и маани. И конечно, ни го овозможува  сопственото прифаќање на себеси и на својата кожа.

Низ историјата, неговата употреба била разновидна, па служел како алатка, оружје, се користел и за изработка на садови, накит, но можеби најинтересно од сето тоа – се волшебните топки и магичните огледала. Во модерното време, служи и за изработка на хируршки материјали.

Според легендата, обсидијанот го носи  и името „солза на Апачите“, а претставува симбол на тагата и жалоста на американските Индијанки за нивните синови, сопружници и татковци кои загинале во бегство од заробеништво. Во склад со легендата, каменот има способност да ги заштити луѓето од негативни емоции и лоша енергија. Исто така, овој „камен на вистината“ ни овозможува да ја видиме пошироката слика, нè поттикнува на акција и донесување на правилни одлуки.

Со ролерот од црн обсидијан подготвени сте за предизвикувачки ден или забавна ноќ! Подебелиот крај на ролерот е текстуриран за да се олесни длабинската масажа, со цел подобро да се опуштите и да се подготвите за сите планирани потфати.

ЖАДОТ ГИ СМИРУВА И ХАРМОНИЗИРА УМОТ И ТЕЛОТО

Темнозелената боја на овој полускапоцен камен освојува од прва, а токму поради впечатливата боја бил ценет и за изработка на накит. Исклучително е популарен во азиската култура и често е дел од фенг шуи за уредување на просториите за живеење. Кинезите го поврзуваат со петте доблести на човештвото: храброст, скромност, праведност, сочувствителност и мудрост. Ова е каменот со чија помош се постигнува внатрешна рамнотежа и хармонија на умот и телото.

Со масажата со ролер од жад се опуштаат мускулите на лицето и поради тоа е одлична подготовка за ненарушен сон. Неговата симболика се манифестира во радување на мали нешта и секојдневните ритуали на нега. Дополнително, добро е ролерот од жад претходно да се излади во фрижидер, за да се ревитализира кожата на лицето и да се стимулира циркулацијата.

Сите наведени beauty гаџети пожелно е да се измијат под млака вода по употребата како би се исчистиле и спремиле за понатамошно користење.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.