Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ МАСАЖЕР ЗА ЛИЦЕ (РОЛЕР) ОД ВИОЛЕТОВ АМЕТИСТ

810 ден

Масажерот за лице од виолетов аметист е наменет за релаксирачка и регенерирачка масажа на кожата од лицето и вратот. Неколку минути масажа на ден придонесува за подобра циркулација во кожата, ги ублажува отокот и надуеноста, го освежува и тонизира тенот, ја враќа здравата боја на тенот и помага за подобра апсорпција на производите од рутината. На краевите на масажерот има ролери со различни димензии прилагодени за пошироките и потесните места од лицето, како што се образите и слепоочниците.
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

 

Напомена: Масажерот е направен од виолетов аметист, високо ценет кристал. Поради специфичноста и оригиналноста на самиот природен материјал, текстурата на каменот и интензитетот на бојата на секој поединечен ролер може да варираат.

- +

Опис

Како да го користите масажерот за лице (ролер) од виолетов аметист:

1. Со масажа движете се од рамената кон вратот и лицето, но претходно нанесете го омилениот серум, крем или идеално, масло, како што е Оливал Омега еликсирот. Масажерот нежно се тркала од рамото до вратот. Кога ќе стигнете до пределот зад увото, масирајте кружно на место.
2. Со истите движења на масажерот преминете на деловите од лицето, од средината на брадата до образите, па од носот до слепоочниците. Повторно масирајте ги највисоките точки во место со кружни движења.
3. Нежно повлечете го ролерот од коренот на носот до темето, во средината на челото и на секоја страна. Масирајте ги вратот, брадата, образите и челото со поширокиот крај на масажерот, а со потесниот крај масирајте ги слепоочниците и пределот околу очите.
4. По желба, нанесете го остатокот од  рутинската нега (на пример, крем после серумот).
5. За ефект на ладење, претходно изладете го масажерот во фрижидер.

Димензиите на масажерот се околу 14,5 х 6,0 x 2,0 cm. Доаѓа спакуван во картонска кутија со Professional налепница, со детален опис и упатство за употреба.

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.