Кога зборуваме за pH вредноста на кожата на телото, таа е околу 5,5, додека pH на интимната зона е малку помала и го заштитува природниот микробиом. Од друга страна, обичните сапуни секогаш имаат малку повисока pH вредност (околу 9). За одржување на pH вредноста на вагината, потребна е малку кисела pH, која не ја нарушува рамнотежата и природната микрофлора на интимната зона.
Во текот на туширањето, потребно е оваа зона да се измива секојдневно. Течниот сапун за интимна нега Сензитив содржи масло од невен и млечна киселина и посебно е прилагоден за почувствителната кожа, додека Интиниот гел Антибактеријал покрај антисептичното дејство на маслото од чајно дрво содржи и камилица која делува смирувачки. Секојдневната нега на интимната зона е задолжителна, особено пред и после интимните односи.