Опис
Состојки: Aqua, Niacinamide, Panthenol, Tranexamic Acid, Xylitol, Maltodextrin, Lecithin, Magnolia Officinalis Bark Extract, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Tocopherol, Disodium EDTA
Original price was: 1,100 ден.550 денCurrent price is: 550 ден.
Витамин Б3 серумот е производ со исклучително лесна, прозрачна, проѕирна и во потполност течна текстура која моментално се апсорбира во кожата и не остава никакво чувство на тежина. Наменет е за кожа склона кон неправилности, прекуумерено лачење на себум и поствоспалително црвенило кое се јавува по воспалителните акни.
Ниацинамидот во третмански процент од 8% делува против неправилностите во вид на мозолчиња и акни, го регулира прекуумереното мастење на кожата и ја намалува видливоста на проширените пори. Во синергија со 1% транексамична киселина, ја намалува видливоста на флеките и допринесува за изедначена текстура на кожата, додека екстрактот од магнолија, ксилитол и пантенол ја смируваат и хидрираат кожата и потикнуваат регенерација.
Поради формулаторната специфичност серумот може да се комбинира со Professional Витамин Ц серумот, Professional Флуид СПФ30 и Кремата СПФ50, како и со серумите на база на пептиди, ретиноиди и хијалуронска киселина. Производот не содржи вештачки бои и мириси.
Употреба: Нанесете го серумот на чиста и навлажнета кожа, пред крема и/или масло. Може да се користи наутро, навечер или по потреба.
Тип на кожа: Kомбинирана до масна кожа со изразито мастење во Т-зоната и неправилности.
30 мл
Состојки: Aqua, Niacinamide, Panthenol, Tranexamic Acid, Xylitol, Maltodextrin, Lecithin, Magnolia Officinalis Bark Extract, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Tocopherol, Disodium EDTA