Top

ОЛИВАЛ ПИЛИНГ ТОНИК AHA PHA

750 ден

Пилинг тоникот се заснова на 5,9% AHA и PHA киселини, екстракт од јаболко и негувателни, хидратантни состојки како хијалуронска киселина, бетаин, глицерин и пантенол, со посебно прилагодена pH вредност од 3,6 која гарантира ефективна ексфолијација. Тоникот содржи манделична киселина, глуконолактон и лактобионска киселина кои прават нежен хемиски пилинг на сите типови на кожа, вклучувајќи ја и зрелата кожа. Лесно ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја враќа многу потребната влага, а со долгорочно користење тенот станува помазен, прочистен, изедначен и сјаен.
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

 

Употреба: Нанесете го тоникот на суво лице со помош на памукче, крпче или директно тапкање со чисти дланки (идеално поради заштеда на производот и најнежно нанесување), избегнувајќи го чувствителниот преден околу очите. Откако тоникот ќе се впие во кожата, продолжете со нанесување на хидратантен серум, крема и/или масло.

 

Предупредување: Тоникот се нанесува исклучиво на суво лице. Се користи во вечерната рутина, со задолжително нанесување на крема со заштитен фактор во текот на денот. Поради специфичното делување на киселините, кај проблематичната кожа склона кон неправилности можна е појава на „чистење фаза“ која е краткотрајна и пролазна.

 

Напомена: Протресете пред употреба!

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа

 

150 мл

- +

Опис

Специфичноста на овој тоник лежи во внимателниот избор на состојки и нивната концентрација како би се овозможила почеста употреба кај повеќето типови на кожа во однос на слични производи, што пак овозможува многу поудобна рутина и нежно одржување на здрав и прекрасен изглед на кожата. Зависно од состојбата и потребите на кожата, тоникот може да се користи од неколку пати во неделата до секој втор ден (урамнотежена, зрела, сува кожа), или пак секојдневно (масна кожа).

Може да се користи во текот на целата година (со заштита од сонце како што се Оливал Professional Кремата за лице СПФ50 или Оливал Professional Флуидот за лице СПФ30), а не се препорачува паралелно користење со ретиноиди или други AHA и BHA киселини (во иста рутина, слоевито нанесување).

Состојки: Aqua, Mandelic Acid, Gluconolactone, Lactobionic Acid, Betaine, Pyrus Malus Fruit Extract, Glycerin, Panthenol, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.