Опис
Специфичноста на овој тоник лежи во внимателниот избор на состојки и нивната концентрација како би се овозможила почеста употреба кај повеќето типови на кожа во однос на слични производи, што пак овозможува многу поудобна рутина и нежно одржување на здрав и прекрасен изглед на кожата. Зависно од состојбата и потребите на кожата, тоникот може да се користи од неколку пати во неделата до секој втор ден (урамнотежена, зрела, сува кожа), или пак секојдневно (масна кожа).
Може да се користи во текот на целата година (со заштита од сонце како што се Оливал Professional Кремата за лице СПФ50 или Оливал Professional Флуидот за лице СПФ30), а не се препорачува паралелно користење со ретиноиди или други AHA и BHA киселини (во иста рутина, слоевито нанесување).
Состојки: Aqua, Mandelic Acid, Gluconolactone, Lactobionic Acid, Betaine, Pyrus Malus Fruit Extract, Glycerin, Panthenol, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin