Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ ХИЈАЛУРОН ХИДРАТОР 4Х

Original price was: 990 ден.Current price is: 792 ден.

Концентрираниот Хијалурон хидратор 4H е наменет за длабинска (ре)хидратација на сите типови кожа. Производот е во вид на серум со прозрачна, брзо апсорбирачка текстура, а се темели на синергиското делување на комплексот од 4 видови на хијалурон (Sodium Hyaluronate crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate и Hydrolyzed Sodium Hyaluronate), полиглутаминска киселина, ектоин и провитамин Б5 (пентанол).
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

 

Употреба: Се нанесуваат неколку капки на чисто, навлажнето лице со Оливал Хидро Тоникот, пред крема и/или масло како што е Оливал Омега Еликсирот. Во зависност од потребите на вашата кожа серумот може да се користи како самостоен производ или во комбинација со други Olival Professional серуми во текот на денот. Може да се користи долгорочно или како сезонски производ (на пример во зима).

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа, вклучувајќи и хиперчувствителна кожа, чувствителна кожа склона кон иритации и дехидрација, розацеа, себороичен дерматит и слично.

 

30 мл

- +

Опис

Комплексот од 4 видови на хијалурон со своите специфични својства продираат во различни слоеви на кожата и ја враќаат влажноста и младешката исполнетост на кожата. Sodium Hyaluronate crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate и Hydrolyzed Sodium Hyaluronate заеднички создаваат уникатна „мрежа“ која длабински продира, од првиот слој на кожата па се до дермисот и епидермисот. На тој начин ја хидрираат кожата одвнатре, на повеќе нивоа, па така помагаат во задржување на водата во нејзините слоеви со што се обновува нејзината природната еластичност и цврстина.

Полиглутаминската киселина ја задржува влагата, создавајќи заштитен слој на површината на кожата, со што се спречува трансепридермалното губење на водата. Моментално ослободува од чувството на затегнатост, ја штити од надворешните влијанија, ги смирува воспалителните процеси и и дава на кожата видливо свиленкаста текстура.

Ектоин, вид на аминокиселина, ја зајакнува хидролипидната бариера и природната отпорност на кожата, поради што одлично одговара на лица со нарушено здравје на хидролипидната бариера. Дополнително делува на процесот на хидратација и ги ублажува последиците од надворешните влијанија, најмногу од УВА здрачењето.

Провитамин Б5 (пантенол) дава дополнителна нега, мекост и еластичност, го подржува делувањето на активните состојки и совршено го надополонува целовкупното регенеративно и хидратантно дејство на производот.

Состојки: Aqua, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Pentylene Glycol, Panthenol, Ectoin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Citric Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Sodium Polyglutamate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.