Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ АМИНО АКТИВАТОР CM

Original price was: 1,490 ден.Current price is: 1,043 ден.

Концентрираната третманска крема длабински ја влажни, храни и смирува, нетолерантната, реактивна и чувствителна кожа. Комплексот од аминокиселини помага да се врати еластичноста и ја поддржува природната отпорност на кожата, додека CM-Нарингенин-Халкон и азелоглицин ја намалуваат реактивноста и ја балансираат кожата изложена на стрес.

 

Екстрактот од сикавица и пантенол поттикнуваат регенерација, додека бетаинот и полиглутамиската киселина овозможуваат продолжена хидратација. Производот е погоден и за тинејџерски години.

 

Одлична подлога е и за СПФ и за шминка. Без вештачки бои и мириси. Има неутрален мирис по состојките. Вегански производ.
За повеќе информации за состојките погледнете во Опис на производот

 

Употреба; Амино активаторот CM може да се користи наутро (се препорачува со заштитен фактор, не поради состојките, туку поради самата важност за заштита на осетливата кожа од сонцето) и навечер или по потреба. Може да се користи самостојно, но може да се комбинира со одредени Професионални серуми, во зависност од потребите на самата кожа.

 

Тип на кожа: Нетолерантната, реактивна и чувствителна кожа, кожа со розацеа.

 

50 мл

- +

Опис

КОМПЛЕКС ОД АМИНОКИСЕЛИНИ
Станува збор за високовреден бленд на неесенцијални и есенцијални аминокиселини кои се важен дел од природната функција на нашата кожа, пред се за влажнење и за одржување на нивото на хидратација. Во прашање се NMF, односно natural moisturizing factors (природно навлажнувачки фактори). Оваа низа на аминокиселини ви дава целосен сплет на важни дејства врз кожата, од длабинска хидратација, смирување до зајакнување на отпорноста и регенерација на бариерата.

CM-НАРИНГЕНИН- ХАКЛОН
Карбокси-метил (CM)-Нарингенин-Халкон е активна состојка деривирана од природен полифенол (нарингенин халкон), кој може да се најде во кората на цитрусните овошја или доматите. Станува збор за нова и иновативна молекула со моќни против-воспалителни својства, наменета за таргетирана нега на кожа со розацеа или генерално чувствителна кожа склона кон црвенило или чешање.

Оваа активна состојка има повеќе докажани дејства. Пред сè, значително го намалува инфламаторниот одговор на кожата со намалување на појавата на антимикробниот пептид кателицидин LL37 во нашиот организам. Имено, кај нормалната, балансирана кожа нивото на овој пептид е многу ниско, додека кај кожа со розацеа е исклучително високо.

Овој пептид е еден од примарните механизми на своевидна одбрана на кожата од стресни фактори. Но, покрај тоа што сигнализира можна микробна активност на кожата и со тоа и кажува дека мора да се одбрани, овој пептид ја стимулира и појавата на проинфламаторни (воспалителни) супстанции како цитокини и хемокини. Ова, всушност ја одржува континуираната воспалителна состојба карактеристична за розацеа. Со намалување на нивото на кателицинин LL37, CM-Нарингенин-Халкон го ублажува хроничното воспаление на кожата.

Покрај тоа, значајно го намалува капиларното црвенило, ја штити и смирува кожата под стрес и дава чувство на олеснување кај кожата со чешање или иритација.

АЗЕЛОГЛИЦИН
Азелоглицин е иновативен дериват на азелаична киселина, кој е поподнослив за кожата во однос на класичната азелаична киселина. Исто така, покомпатибилен е и со други голем број состојки и производи, и што е уште поважно, тој е еден од клучните состојки за докажано намалување на симптомите на розацеа.

Инаку, обезбедува многу широк спектар на вредни ефекти, од делување на акните преку антимикробно дејство и балансирање на лачењето на себум до силно смирување на еритемата карактеристична за хроничните кожни состојби како розацеа.

Присуството на глицин обезбедува длабок навлажнувачки ефект и ја зајакнува функцијата на природната бариера, која е од суштинско значење за обновување и здрави функции на кожата.

ЕКСТРАКТ ОД СИКАВИЦА
Овој екстракт со векови е познат како додаток во исхраната поради активната состојка позната како силимарин, но има извонредни бенефити и во негата на кожата. Прво, тој е моќен антиоксиданс кој делува против негативните ефекти од надворешните стресори на кожата. Оттаму се буди дејството од слободните радикали, а со тоа и оштетувањето на кожата на клеточно ниво ( УВ зрачење, смог, нечистотија).

Истражувањата покажуваат дека има и антигликационо дејство, што значи дека ја спречува реакцијата на шеќерот со градбените протеини на кожата, а со тоа го спречува и предвременото стареење на кожата поврзано со неадекватна исхрана или внесување на храна богата со шеќер.

ПОЛИГЛУТАМИНСКА КИСЕЛИНА
Доаѓа во форма на натриум полиглутамат, природна форма и киселина вредна за кожата во форма на сол. Познат е по своите извонредни својства за обезбедување на хидратација и спречување на трансепидермалното губење на влагата. Експертите истакнуваат дека молекулите на полиглутаминската киселина можат да носат и до 4 пати повеќе вода од хијалуронската киселина, што значи силна хидратација.

БЕТАИН
Тој е осмолит и осмопротектор, што значи дека го балансира нивото на хидратација во клетките на кожата. Покрај тоа што има директен ефект врз способноста на кожата соодветно да ја задржува влагата, таа е важен дел од одржувањето на здрава кожна бариера, со што се спречува предвременото стареење. Ефикасно штити, смирува и придонесува за чувството на олеснување кај иритираната или чувствителна кожа.

ПАНТЕНОЛ
Тоа е добро позната состојка во козметиката наменета за широк спектар на типови и потреби на кожа. Има заштитно и смирувачко дејство, и дава мекост и еластичност на кожата. Тоа е исклучително важна состојка за постигнување на оптимално здравје на кожата, бидејќи само здравата кожа може добро да ја апсорбира влагата и да ја задржи во нејзините слоеви.

Состојки: Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Isononyl Isononanoate, Rosa Damascena Flower Water, Coco-Caprylate, Squalane, Glycerin, Potassium Azeloyl Diglycinate, Panthenol, Sodium Polyacryloyldimethyl Taurate, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Sodium PCA, Sodium Lactate, Arginine, PCA, Dimethicone, Sodium Tetracarboxymethyl-Naringeninchalcone, Sodium Polyglutamate, Betaine, Aspartic Acid, Glycine, Alanine, Serine, Valine, Threonine, Isoleucine, Proline, Phenylalanine, Histidine, Silybum Marianum Seed Extract, Tocopheryl Acetate, Methylpropanediol, Caprylyl Glycol, Polyquaternium-80, Didecyldiamonium Chloride

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.