Кошничката е празна.

Top

Третманската нега на скалпот со која се намалува опаѓањето и се поттикнува растот на косата, е се повеќе во фокус. При тоа, билките како пискавица и рузмарин се неприкосновени во ваквите третмани. Покрај тоа што се вистински подарок од природата, тие се ефективни, ги даваат посакуваните резултати и во повеќето случаи одговараат на кожата на скалпот.

Во продолжение дознајте како се користи лосионот од пискавица и рузмарин за најдобри резултати!

КАКО ТОЧНО „ДЕЛУВААТ“ ОВИЕ ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ

Пискавица е една од билките кои традиционално се користат во ајурведските и кинеските практики за внатрешна и надворешна нега. Иако и самите листови се корисни, и во Индија и Африка се користат како додаток во исхраната и како зачин, пискавицата во козметичките препарати обично се користи во форма на семки или прав со специфичен сладок-орашаст мирис.

Иако не е до крај дефинирано делувањето на косата, се верува дека придонесува за циркулација на крвта и потхранување на скалпот, што е клучно за стимулирање на растот. Некои студии покажуваат дека одредени фито-соединенија во пискавицата го успоруваат дејството на ДХТ (дихидротестостерон, андрогениот полов хормон) што предизвикува губење на косата.

Етеричното масло од рузмарин делува на многу сличен принцип. Пред сè, ја стимулира вазодилатацијата и затоа одлично ја стимулира микроциркулацијата на скалпот и прави подобар проток на хранливи материи. Одредени студии покажуваат и активност како ДХТ-блокатор. Дополнително, резултатите од еден тест покажале дека етеричното масло од рузмарин е подеднакво дури и поефикасно во споредба со познати препарати против опаѓање на косата.

ОД DIY (НАПРАВИ САМ) ПРОЕКТ ДО СЕРИОЗЕН КОЗМЕТИЧКИ ПРОИЗВОД

Често се поставува прашањето дали ваков лосион може да се направи дома.
Се разбира дека може, но тоа вклучува честа набавка и вриење на семките од пискавица и рузмаринот. Важна е и грижата за микробиолошката исправност на производот. Многу висок процент на вода (база) во производот без конзерванси значи дека во него, микробите ќе почнат да се размножат многу брзо. Дефинитивно не го сакаме тоа на нашата кожа.

Покрај тоа, методот на екстракција е исклучително важен. Со вриењето се губат многу вредни хранливи состојки, додека обработката во наменска машина за производство на козметика – екстрактор – ги сочувува сите придобивки од состојките, и екстрахира многу попрецизно. И повторуваме, помалку е повеќе, па повеќе рузмарин или повеќе есенцијално масло (или директно нанесување на чисто есенцијално масло на скалпот) нема да ги донесе посакуваните резултати, туку веројатно само иритација.

ЛОСИОНОТ СЕ КОРИСТИ ПРЕД МИЕЊЕ НА КОСАТА

Лосионот против опаѓање од пискавица и рузмарин е креиран така да ги комбинира сите бенефити од двете билки во еден производ со внимателно измерени концентрации.

Базата на производот е хранлива бидејќи содржи пантенол и глицерин, кои го хидрираат и смируваат скалпот, и го поттикнуваат обновувањето. Производот не содржи исушувачки алкохол, додадени мириси и бои и мириса на самите билки – доминантно на рузмаринот. Тој е во потполност течен, бидејќи конзистентноста е прилагодена на апсорпцијата на скалпот.

Лосионот се препорачува да се користи како третман пред миење на косата. Се нанесува со апликаторот директно на сувиот скалп и потоа се масира. Идеално е скалпот да се масира барем неколку минути, со прсти или наменски масажери за глава. Доволно е да се задржи на косата од половина час до неколку часа пред миењето за да се постигнат долгорочни резултати.  Сепак, не препорачуваме да се користи преку ноќ, поради неколку причини:

  • и скалпот е кожа, а потребите на кожата се менуваат. Во одреден момент, може да биде почувствително, па долгорочната употреба на овој производ за третман може да предизвика иритација
  • самата подносливост на производот зависи и од другите производи во рутината. Употреба на повеќе производи значи повеќе можности за иритација или прекумерна стимулација на скалпот
  • рузмаринот и пискавицата делуваат на принципот на вазодилатација, односно подобрување на циркулацијата на скалпот. Помалку е повеќе, пократкото време на третирање ќе помогне да се спречи прекумерното стимулирање на скалпот

Важно е да се напомене дека лосионот не е наменет за употреба на оштетен, чувствителен или детски скалп, а исто така не е замена за медицински препарати, доколку се потребни. Бидејќи самите екстракти од пискавица и рузмарин можат да ја затемнат светлата коса, потребна е претпазливост. Неколку фактори влијаат на тоа дали косата ќе потемни, како што се фарбањето и бланширањето на косата, порозноста, степенот на оштетување, колку често се користи лосионот и слично. Досега немало такви искуства, но напоменувањето сè уште постои како мерка на претпазливост.

ШТО ПОСЛЕ НАНЕСУВАЊЕТО НА ЛОСИОНОТ

Лосионот не е наменет за нега на самата коса, не е замена за шампон, регенератор или маска. Откако ќе се нанесе и се чува во препорачаното време, косата треба да се измие со шампон и по желба и потреба да се нанесе соодветна нега по должината на косата. За дополнителна стимулација од Оливал шампоните можете да ги изберете Шампонот од пискавица, Шампон од коприва и пеперминт или Шампон од рицинус. За да ги заштитите врвовите од кршење и да им го вратите сјајот, можете да нанесете масло.

За сјајна, густа и силна коса, важно е да се грижите и за другите навики кои, за жал, постепено ја оштетуваат. Можеби оваа година е време да ја оставите косата на нејзината природна боја и локни, а стајлингот да го фокусирате на техники без употреба на топлина.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.