Description
Нагласеното длабинско влажнење на кожата и прозрачната текстура на Екстра Хидратантната крема со масло од смил е базирано на делувањето на етеричното масло од смил, масла од јојоба, пченични клици и екстрактите од морков и маточина. Се користи за дневна нега на кожата, а брзо-апсорбирачката формула ја прави одлична подлога за шминка. По нанесувањето кожата е мазна и свиленкаста. Се препорачува за сите типови на кожа.
Употреба: Нанесете ја кремата на чисто лице наутро, како самостоен производ, или по употреба на серум.
Извонредната хранливост и густа текстура на Екстра богатата крема со масло од смил се темели на делувањето на етеричните масла од смил, масла од маслинки, семки од кајсија и екстракт од алое вера и камилица. Богатството од природни состојки на кожата и ја враќа природната влага, еластичност и сјај. Се препорачува за сува и чувствителна кожа.
Употреба: Нанесете ја кремата на чисто лице невечер, како самостоен производ, или по употреба на серум. За екстремно сува кожа може да се користи и во текот на денот или по потреба.
Смирувачкиот ефект на кожата и лесната текстура на оваа хидратантна емулзија се темели на етеричното масло од смил, масла од макадамија, жолто ноќниче, невен и екстракт од кантарион. Внимателно одбраните состојки на Регенеративната крема со масло од смил, ја поттикнуваат регенерацијата на кожата и и ја даваат потребната влага и свежина. Се користи наутро и навечер, а брзо-апсорбирачката формула ја прави кремата одлична подлога за шминка. Се препорачува за комбинирана и масна кожа, кожа склона кон акни и митесери.
Употреба: Нанесете ја кремата на чисто лице, како самостоен производ, или по употреба на серум наутро и навечер.
Состојки:
Екстра Хидратантната крема Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Candelilla/Jojoba/Rice Bran Polyglyceryl-3 Esters, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol, Sodium Stearoyl Lactylate, Sesamum Indicum Seed Oil, Triticum Vulgare Germ Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Glycerin, Cetyl Alcohol, Daucus Carota Sativa Extract, Melissa Officinalis Leaf Extract, Helichrysum Italicum Flower Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Limonene, Linalool
Екстра богатата крема Aqua, Sesamum Indicum Seed Oil, Prunus Armeniaca Kernel Oil, Cera Alba, Lanolin, Olea Europaea Fruit Oil, Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, Oenothera Biennis Oil, Cetearyl Alcohol, Glycerin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Chamomilla Recutita Extract, Helichrysum Italicum Flower Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Limonene, Linalool
Регенеративната крема Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Candelilla/Jojoba/Rice Bran Polyglyceryl-3 Esters, Helianthus Annuus Seed Oil, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Macadamia Integrifolia Seed Oil, Oenothera Biennis Oil, Cetyl Alcohol, Glycerin, Sesamum Indicum Seed Oil, Calendula Officinalis Extract, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol, Sodium Stearoyl Lactylate, Hypericum Perforatum Extract, Olea Europaea Fruit Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Helichrysum Italicum Flower Oil, Limonene, Linalool