Кошничката е празна.

Top

Еден од особено интересните предели на нашата кожа, која бара уште повнимателна нега и избор на производи, е секако пределот околу очите. Тука забележуваме темни кругови, сувост, недостаток на сјај, по малку некаква безживотност и сивило. Иако козметиката не може против генетиката, сепак серумите и кремите можат многу да направат. Овие 3 совети ќе ви помогнат да го направите тоа.

1. ЛЕСНА ХИДРАТАЦИЈА И ТРЕТМАНСКА НЕГА

Еден од клучните постулати за нега на кожата е дефинитивно хидратацијата, односно враќањето на влажноста. Веќе се знае дека на секоја кожа и е потребна хидратација, без разлика дали е масна и со неправилности, или зрела и чувствителна. Исто е и со пределот околу очите. Многу често, веќе од дваесеттите, забележуваме фини линии околу очите и веднаш ги прогласуваме за брчки. Еве ви носиме добри вести – тоа не се брчки (речиси сигурно), туку дехидрациски линии! Со нив, можете да се справите – со хидратација.

Во негата треба да бидат вклучени состојки како хијалуронска киселина, глицерин, бетаин и пантенол. Добро е при нанесувањето да внимавате кожата да биде малку влажна, а во оваа мисија „пријатели“ ќе ви бидат силиконите во самите производи. Тие ќе помогнат во спречувањето на сушењето, но и во тоа, шминката подобро да „лизга“ на тоа деликатно место. Уште една добра вест е што повеќето од познатите Professional производи, како што се Хидро Тоникот и Хијалурон Хидраторот 4Х, може да се нанесат и на пределот околу очите – заедно со крем по нив.

На помалку чувствителната кожа околу очите, која е многу склона кон подочници и отекување, ќе и користат активните состојки, како што се кофеинот и ниацинамидот. Оваа прекрасна состојка од нашиот омилен утрински пијалок ќе ви помогне да ги „исчистите“ очите, исто толку колку што ќе ви го расчисти умот. Кофеинот ќе влијае на намалување  на подочниците и утринското отекување. Ниацинамидот, од друга страна, ќе им а повеќе дејства – од хидратација и зајакнување на бариерната функција на кожата до изедначување на тонот на кожата. Ако кожата околу очите е склона кон милиа (мали бели точки), ќе и одговараат полесни и течни текстури на производи за нега, како што е Витамин Б3 флуидот.

2. ЕМОЛИЕНТНА, БОГАТА НЕГА СО ПРИРОДНИ МАСЛА

Што ако кожата е екстремно сува и затегната? Тука во предвид доаѓаат похранливи, погусти текстури и високовредни комбинации на масло и путер. Во формулите на производите добро е да барате шеа путер, масло од семки од кајсија, масло од авокадо и масло од арган. Се препорачува во негата да се вметне познатото етеричното масло од смил, кое ќе помогне да се стимулира микроциркулацијата и ќе има долгорочен ефект против брчки. Освен смилот, столбот на грижата можат да бидат и други помалку познати, но не помалку вредни состојки, како што се екстрактите од мака и чилеанска малина, кои се природни и со активно дејство во исто време.

Екстрактот од мака е одлична алтернатива за лица чија кожа не толерира кофеин. Екстрактот од мака, исто толку ефикасно, ќе помогне да се намали отокот и да се врати свежината. Чилеанската малина благотворно делува на кожата поради нејзиното антиоксидативно дејство, кое е пожелно во секој случај. Добар пример за побогата нега е  NATRUE сертифицираната Крема за околу очи со масло од смил.

3. СЕКОЈДНЕВНА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Последно – СПФ. И во оваа статија неизбежно треба да ја нагласиме важноста на заштитата од сонце. Ова значи да пронајдете производ што можете да го нанесете и на пределот околу очите, кој овозможува висока заштита од УВА и УВБ зраци и дава дополнителна нега. Заедно со Professional Флуидот СПФ30 и Кремата СПФ 50, не ги заборавајте и очилата за сонце – со подзамижувањето, се прават и брчките.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.