Направен е преглед од дерматологот, добиена е стручна поддршка, ја има дијагнозата на розацеа, можеби и лекови и медицински препарати кои се користат одреден период. Но, во меѓувреме, што е уште поважно, што после нив? Познато е дека розацеата е хронична кожна болест во која понекогаш е неизбежно олеснување на симптомите со лекарски упат и рецепт. Исто така, козметиката е само еден од многуте фактори кои влијаат на кожата, но е доста значајна.
ДРЖИ СЕ ДО НЕЖНО ЧИСТЕЊЕ, ИДЕАЛНО Е ДА Е ДВОЈНО
Секоја кожа има потреба од овие 3 основни чекори за нега: чистење, хидратација, заштита од сонце. Па така, и кожата со розацеа не е исклучок. Понекогаш самиот процес на лекување дополнително (краткорочно), ја оштетува природната заштитна обвивка на кожата, нејзината бариера, што ја прави уште почувствителна. За почеток, неопходно е да се изберат квалитетни производи за чистење. Одлично е да се практикува двојно чистење поради производите за заштита од сонце и подлабоко чистење на порите.
Тоа значи дека во првиот чекор, во кој обично се користи производ со маслена текстура, го растопуваш сопствениот себум во кожата (маснотијата од порите), УВ филтрите и евентуално шминката. Ова масло не е класично масло. Во контакт со вода се емулгира и се претвора во млеко, а потоа потполно се исплакнува.
Потоа следи вториот чекор, миењето. Остатоците од шминка и малите нечистотии се уште се присутни на кожата, затоа кожата измиј ја со нежен гел за лице без СЛС или СЛЕС, кој може да ја исуши кожата. Потребно е само двојно чистење навечер, а наутро доволно е само миење.
ХИДРАТИЗИРАЈ И ШТИТИ ЈА КОЖАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ
На кожата и треба хидратација за да функционира оптимално (не заборавајте, кожата е најголемиот орган што го обвива нашето тело и го штити од надворешни влијанија). Со таа влажност, кожата ќе изгледа пополна, ќе биде помека и поеластична на допир, долгорочно со посилни бариерни функции. Во исто време, по правило, добро хидрираната кожа нема да го има чувството на „тесна кожа“, затегнување, непријатност или чешање.
Избирајте навлажнувачки и со неутрална формула, тоници кои смируваат и серуми без парфеми, есенцијални масла и вештачки бои. Примери за ова се Professional Хидро Тоник, Хијалурон Хидратор 4Х и Пептидниот серум П.
ИСТРАЖУВАЈ И ПРОНАЈДИ ФОРМУЛИ КОИ КОМБИНИРААТ ПОВЕЌЕ ЦЕЛНИ СОСТОЈКИ
Покрај веќе класичните состојки како што се глицерин, пептиди, хијалуронска киселина, пантенол, алантоин, амино киселини кои ја навлажнуваат и смируваат кожата, добро е да се истражат и поновите иновативни активни состојки како азелоглицин и CM-Нарингенин Халкон. Комплексните формулации кои содржат неколку такви состојки, како што е кремот Professional Амино активатор CM, ќе ја направат рутината минималистичка, но многу ефикасна.
Азелаичната киселина често се нарекува најдобра состојка за нега на кожата со розацеа. Сепак, постои и азелоглицин. Иновативниот дериват на азелаична киселина е поподнослив на кожата во споредба со класичната азелаична киселина. Исто така е покомпатибилен со многу други состојки и производи, а уште поважно, е дека е една од клучните состојки за докажано олеснување на симптомите на розацеа. Дејствува на акните со антимикробно дејство и го балансира лачењето на себум, но и силно ја смирува еритемата карактеристична за хронични кожни состојби како розацеа. Присуството на глицин во молекулата овозможува хидратација и зајакнување на бариерата која е неопходна за обновување и здрави функции на кожата.
Од друга страна, Карбокси-Метил(CM) -Нарингенин-Халкон е активна состојка добиена од природен полифенол (нарингенин халкон) кој може да се најде во кората на цитрусните овошја или доматите. Тоа е многу интересна (и сеуште недоволно застапена) молекула со силно антиинфламаторно дејство. Наменет е за таргетирана нега на кожа со розацеа или генерално чувствителна кожа склона на чешање и црвенило.
Оваа активна состојка носи повеќе докажани ефекти. Пред сè, значително го намалува воспалителниот одговор на кожата со намалување на појавата на антимикробни пептиди во нашето тело. Имено, кај нормална, избалансирана кожа, нивото на овој пептид е многу ниско, додека кај кожата со розацеа, нивото е исклучително високо. Овој пептид е еден од примарните механизми на еден вид одбрана на кожата од стресни фактори. Меѓутоа, покрај тоа што сигнализира можна микробна активност на кожата и со тоа и „сигнализира “ на кожата дека мора да се брани, овој пептид ја поттикнува и појавата на проинфламаторни (воспалителни) супстанции. Со тоа всушност се одржува континуираната воспалителна состојба карактеристична за розацеа. CM-Нарингенин-Халкон всушност го ублажува хроничното воспаление на кожата. Го намалува капиларното црвенило, ја штити и смирува кожата под стрес и дава чувство на олеснување на иритираната кожа.
РУТИНАТА НЕКА СТАНЕ РУТИНА
Погодуваш – во сè, вклучувајќи ја и негата на кожата, постојаноста е понекогаш пресудна. Секоја состојка и производ има потреба од одреден временски период во кој ќе ја доведе кожата во подобра состојба, исто како што кожата има свој природен циклус на обновување. Важно е да се има рутина, но уште поважно е да се држите до неа секој ден.
Кожата со розацеа уште потешко ги „просува“ грешките во чекорите. Затоа е добро секогаш да сте внимателни кога се изложувате на сонце, редовно да се обновуваат производите за заштита од сонце во текот на денот, континуирано да се користи избраната козметика, да се избегнува зачинета храна и генерално фокусот да биде на поздрав начин на живот.
ВОВЕДИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРЕТМАНСКИ ПРОИЗВОДИ, НО СО ПРЕТПАЗЛИВОСТ И ПОСТЕПЕНО
И покрај тоа што самата розацеа е хронична состојба на кожата, таа сепак има свој тип, состојби и потреби. Една од потребите е секако редовниот пилинг. Ако кожата е без мртви клетки, порите ќе бидат помалку исполнети, ќе биде помазна и посветла, а СПФ ќе дејствува подобро и самата шминка ќе има подобар ефект. Изборот на производот, како и начинот на употреба зависи од самата кожа.
За љубителките на течен пилинг, добра опција е Professional Пилинг Тоник АХА ПХА на база на манделична киселина, глуконолактон и лактобионска киселина, бидејќи е многу нежен, речиси „почетен“ производ за киселински пилинг. Се користи навечер до три пати неделно (во зависност од кожата) пред неутрален крем. Друга опција, се овошните ензими и пилинг во форма на освежувачка маска за лице Professional Eнзимска маска, која истовремено ќе хидрира и ќе го врати прекрасниот природен сјај на кожата. Секако, без разлика на типот на пилинг, СПФ e секогаш незаменливp наутро. За висока заштита, добар избор е Professional Кремата за лице СПФ 50.