Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ ЕНЗИМСКА МАСКА ЗА ЛИЦЕ

1,276 ден

Ензимската маска за лице е третмански пилинг со кремаста текстура на база на овошните ензими на папаин и бромелаин. Не содржи класични киселини за пилинг и затоа е посоодветна алтернатива за кожа склона кон иритации или за полесно вклопување во рутинската нега со ретиноидите и други појаки активни состојки. Маската збогатена со Teflose®, активен комплекс на бета-глукан и екстракт од ананас, нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата и го прави тенот помазен и посвеж, а може да се користи и до неколку пати неделно.

 

Покрај самиот пилинг, маската ја хидрира кожата и помага во спречувањето на неправилностите. Се нанесува на чиста и сува кожа навечер, се остава 15-20 минути и потоа се мие. За подобар ефект кај поотпорен тип на кожа, може (и се препорачува) да се остави подолго да дејствува или да дејствува преку ноќта. Во вечерните часови кога се нанесува оваа маска, не се препорачува нанесување на ретиноиди и/или киселини, а кожата треба да се заштити со СПФ во текот на денот.
За повеќе информации за состојките погледнете во Опис на производот

 

Употреба: Ензимската маска за лице може да се користи на два начина.

 

1. Нанесете ја на чиста и сува кожа, оставете да делува 15-20 минути, а потоа измијте ја.
2. Доколку кожата е поотпорна и помалку чувствителна, нанесете ја навечер по чистењето и оставете да делува преку ноќ.

По маската, потребно е обилно да се навлажнува кожата. Не се препорачува паралелна употреба со пилинзи и ретиноиди во иста рутина. Неопходно е да се заштити кожата од УВ зрачењето секој ден

 

Тип на кожа: Погоден е за речиси сите типови на кожа, вклучително и чувствителна кожа (зависно од типот на чувствителност).

 

Напомена: Без дополнителни мириси. Производот има растителен, автентичен мирис, како и самите суровини.

 

50 мл

- +

Опис

ПАПАИН и БРОМЕЛАИН се природни протеолитички ензими кои ги разградуваат протеините, во овој случај мртвите клетки на кожата, на пептидите, а потоа и на амино киселините. Амино киселините потоа се впиваат (се враќаат во кожата),со што кожата се хидрира, се зајакнува бариерната функција и нејзиното обновување. Во исто време, ензимите формираат аминокиселински слој на кожата што ја подобрува хидратацијата и овозможува подобро впивање на другите козметички состојки. Со долготрајна употреба го осветлува и изедначува тенот и воедно дава свеж изглед.

TEFLOSE® полисахаридниот комплекс е активен комплекс кој има за цел одржување на балансирана микробиота на кожата. Затоа е исклучително пожелен во негата на кожа склона кон акни (C.acnes). Делува противвоспалително, смирувачки и регенеративно.

ЕКСТРАКТОТ ОД АНАНАС има хранлив профил со висока вредност на витамини и минерали, особено бета-каротен и витамин А, кои придонесуваат за целокупниот баланс на кожата.

БЕТА-ГЛУКАН е полисахарид (комплексен шеќер) и со своето дејство е навлажнувач, што значи дека привлекува вода и на тој начин ја хидрира кожата. Има повеќе дејства на кожата. Пред се, одлично ја хидрира кожата. Одредени студии покажаа дека бета-глуканот има 20% посилно дејство во споредба со истиот процент на хијалуронска киселина, а познат е и по тоа што дава ефект на „полна“ кожа. Покрај тоа, го спречува оштетувањето кај клетките предизвикано од УВ зрачењето, има регенеративно и смирувачко дејство и ја штити хидролипидната бариера од сите стресни фактори на животната средина.

Состојки: Aqua, Glycerin, Butylene Glycol, Squalane, Isononyl Isononanoate, Propanediol, Dimethicone, Glucose, Sodium Polyacryloyldimethyl Taurate, Maltodextrin, Pineapple Juice Powder, Beta-Glucan, Bromelain, Papain, Rhamnose, Glucuronic Acid, Beta-Carotene, Tocopherol, Citric Acid, Methylpropanediol, Caprylyl Glycol, Polyquaternium-80, Didecyldimonium Chloride

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.