Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ ХИДРО ЦИЦА МАСКА ЗА ЛИЦЕ

1,450 ден

Хидро ЦИЦА [hidro-see-ca] маска за лице е мултифункционален производ за нега на кожата богат со низа навлажнувачи и екстракти за смирувачка и богата хидратација.

 

Мадекасозид и растителниот екстракт од Centella asiatica ја зајакнуваат отпорноста на бариерата на кожата, екстрактот од хибискус придонесува за еластичност и антиоксидативно дејство, додека ектоинот помага да се балансира нивото на хидратација. Комплексот за хидратација AQUAXYL™ ја поттиткнува размената и циркулацијата на влагата низ слоевите на кожата, како и зајакнувањето на хијалуронската киселина која ја создава самата кожа. Дејствува како „штит против дехидрација“ бидејќи го стимулира формирањето на есенцијални липиди и протеини во хидролипидниот слој на кожата.

 

Со долготрајна употреба, Хидро ЦИЦА маската помага да се зајакне отпорноста на кожата, односно функцијата на бариерата, што е предуслов да се користат активните состојки, со тоа се добива комплетен потенцијал на резултатите од рутинската нега на кожата. За уште подобра хидратација, може да се комбинира со Хидро тоникот и Хијалурон Хидрататорот 4Х.
За повеќе информации за состојките погледнете во Опис на производот

 

Употреба: Хидро ЦИЦА маската за лице може да се користи на неколку начини.


1. Нанесете ја на чисто лице и оставете да делува 15 минути, а потоа отстранете ја или измасирајте го остатокот од маската и продолжете со вообичаената нега.
2. Нанесете ја самостојно навечер во подебел слој и оставете ја да делува преку ноќ.
3. Заменете ја вообичаената крема со маската и нанесувајте ја после серумот, неколку пати неделно како додаток за хидратација.

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа.

 

Напомена: Без дополнителни мириси. Производот има неутрален мирис од самите суровини.

 

50 мл

- +

Опис

МАДЕКАСОЗИД е една од главните активни состојки извлечени од растението Centella asiatica (Готу кола). Станува збор за центелозид кој корените на својата примена ги влече од Ајурведата која традиционално се користи за нега и стимулирање на обновување на оштетената и иритирана кожа. Оваа состојка ја стимулира синтезата на колаген и ја смирува кожата.

ЕКСТРАКТ ОД РАСТЕНИЈА CENTELLA ASIATICA потекнува од растението Готу кола и е еден од најпознатите екстракти во негата на сите типови кожа, бидејќи има антиоксидантно, хидратантно,
смирувачко и регенеративно дејство.

AQUAXYLTM™ преставува хидратантен комплекс кој го ублажува губењето на влажноста, со што ја зајакнува бариерната функција на кожата, што резултира со помека кожа и со подолго време на
користење, помалку видливи се знаците на стареење. Го контролира протокот на влага низ кожата, како и количината на влага во слоевите, даваќи и ја оптималната хидратација.

ЕКСТРАКТ НА ХИБИСКУС е богат со антиоксидантни и антивоспалиелни компоненти кои ја смируваат, штитат и ревитализираат кожата. Со долготрајна употреба, овој екстракт помага да се
зачува еластинот, односно цврстината, тонусот и еластичноста на кожата.

ЕКТОИН е вид на аминокиселина која на кожата и дава различни, но многу вредни својства. Имено, ектоинот пред се е „супер засилувач на хидратација“, односно супстанца која одлично ја
подпомага и подобрува хидратацијата на кожата. Ја штити, смирува и ја зајакнува нејзината природна отпорност, поради што овој вид нега е совршен за луѓе со кожа склона кон атопичен
дерматитис или нарушено здравје на хидролипидната бариера на кожата.

Состојки: Aqua, Propanediol, Diethylhexyl Adipate, Squalane, Butylene Glycol, Dimethicone, Sodium Polyacryloyldimethyl Taurate, Glycerin, Polyglyceryl-3 Laurate, Hibiscus Sabdariffa Flower Extract, Centella Asiatica Leaf Extract, Madecassoside, Ectoin, Xylitylglucoside, Anhydroxylitol, Tocopherol, Glucose, Xylitol, Isopropyl Palmitate, Isostearyl Isostearate, Octyldodecanol, Octyldodecyl Myristate, Citric Acid, Sodium Hydroxide, PEG-8, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Methylpropanediol, Caprylyl Glycol, Polyquaternium-80, Didecyldimonium Chloride, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, CI 16255

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.