Кошничката е празна.

Top

Интимната зона знае да биде чувствителна и подложна на разни промени, па затоа е важно да се одржува pH рамнотежата и редовно да се води грижи за неа. Секако не се пожелни состојки кои потенцијално можат да ја иритираат оваа зона или премногу да ја дехидрираат, но освен правилниот избор на нежен гел за чистење, ви посочуваме и други основни правила за одржување на интимната хигиена.

1. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ ОБИЧНИТЕ САПУНИ

Кога зборуваме за pH вредноста на кожата на телото, таа е околу 5,5, додека pH на интимната зона е малку помала и го заштитува природниот микробиом. Од друга страна, обичните сапуни секогаш имаат малку повисока pH вредност (околу 9). За одржување на pH вредноста на вагината, потребна е малку кисела pH, која не ја нарушува рамнотежата и природната микрофлора на интимната зона.

Во текот на туширањето, потребно е оваа зона да се измива секојдневно. Течниот сапун за интимна нега Сензитив содржи масло од невен и млечна киселина и посебно е прилагоден за почувствителната кожа, додека Интиниот гел Антибактеријал покрај антисептичното дејство на маслото од чајно дрво содржи и камилица која делува смирувачки. Секојдневната нега на интимната зона е задолжителна, особено пред и после интимните односи.

2. НЕ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ РАКАВИЦИ И СУНЃЕРЧИЊА

При миењето не треба да користите сунѓерчиња или разни четки, наместо тоа, избраниот гел или сапун треба да го нанесете многу нежно со рацете и лесно да го исплакнете. Со користењето на други средства ризикувате да ја оштетите чувствителната зона на гениталиите и вагината. Исто така, не препорачуваме да го насочувате млазот со вода директно во интимниот дел, бидејќи со тоа се  ризикува евентуално внесување на бактерии во вагината.

3. ЗА ВРЕМЕ НА МЕНСТРУАЦИЈА ВНИМАВАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ХИГИЕНАТА

Дури и ако имате менструални циклуси за кои мислите дека улошката не може да „ ве изневери“, препорачливо е тампоните како и улошките да ги менувате на секои 2 до 3 часа. Со нередовно менување на тампонот ризикувате токсичен шок, кој може да биде опасен за организмот. Можеби ќе сакате да размислите и за користење менструална чашка, која обезбедува подолготрајна заштита и до 8 часа. Освен тоа, природната рамнотежа на интимната зона може да се одржува со платнени улошки и менструални гаќички. Исто така, за време на менструацијата би било добро гениталната област да се мие два пати на ден, наутро и навечер.

4. НОСЕТЕ ПАМУЧЕН ДОЛЕН ВЕШ

Овој совет редовно се занемарува но е доста важен за одржување на рамнотежата на интимната зона. Квалитетниот памук и редовното секојдневно менување на долната облека штитат од инфекции. Носењето синтетички материјали или материјали кои „не дишат“ ја зголемува можноста за нарушување на pH рамнотежата.

5. БРИШЕЊЕ СО ПОМЕКИ МАТЕРИЈАЛИ

Понекогаш лесно се заборава дека треба да се користи посебна крпа за интимната зона и да се избрише темелно, но многу нежно. Сите крпи мора да се стават во машината за перење веднаш после употреба. Доколку е можно, добро е да избегнувате користење на омекнувачи кои би можеле да ја иритираат чувствителната слузница.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.