Кошничката е празна.

Top

За правилното, двојно чистење на лицето многу се зборува, а квалитетната хидратација одамна е усвоена во рутината за нега – се разбира, без разлика на типот на кожа. Сепак, чекорот помеѓу чистење и нега во кој се наоѓа тоникот сеуште се прескокнува, иако има неколку важни функции.

ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ ОТСТРАНУВА НАЈСИТНИТЕ НЕЧИСТОТИИ

По чистењето на шминката и миењето на лицето прилично сме сигурни дека ги имаме отстрането сите остатоци од маскара, кармин и пудра. Сепак, ситните честички видливи само со микроскопско “око”, најчесто се сеуште присутни. Со нанесувањето на серум и крема, наместо да се отстранат, малите остатоци од прашина и себум се заробуваат на површината на кожата. На долгорочен план, ова доведува до оптоварување на порите на кожата со што се спречува апсорбцијата на активните состојки од производите. Неколку нежни поминувања со памукче, крпче или пак чиста дланка со тоник ќе ја смири кожата по чистењето, ќе ги собере сите остатоци од нечистотијата а со тоа ќе се заврши целовкупното чистење на кожата.

ЈА УРАМНОТЕЖНУВА PH ВРЕДНОСТА НА КОЖАТА ПО ЧИСТЕЊЕТО

И да користите нежни производи за чистење на лицето што нема да наштетат на здравјето на хидролипидната бариера, pH вредноста на површината се менува и од допир со обична вода. Имено, pH вредноста на кожата е малку кисела што одлично одговара на природната флора па така се заштитува од слободните радикали, додека водата е со неутрална до малку алкална pH. Нарушената pH вредност може да доведе до промени на микробиомот на кожата, појава на неправилности и слично, па поради тоа многу е важно да ја држиме во рамнотежа. Тониците за лице се формулирани на тој начин да одговараат на малата киселост на кожата, а воедно поради своите други својства, претставуваат и прв чекор во негата на кожа.

СМИРУВА И ( ДЛАБИНСКИ ) ХИДРАТИЗИРА

Збогатен со хранливи состојки како што се глицерин, алое вера и екстракти од билки, тоникот е производ кој е мултифункционален и погоден за сите типови на кожа. Го намалува црвенилото, ја освежува кожата, ја враќа потребната влага, а во зависност од присутните екстракти, целно делува и на другите потреби на кожата. Оливал Освежителниот тоник со смил содржи комбинација од есенцијално масло од смил, екстракти од семе од грозје, витамин Е и алое вера кои и даваат хидратација на кожата и имаат благо адстригентно дејство. Но, покрај нежното стеснување на порите со што се спречува акумулација на честички и претерано мастење, овие состојки синергиски и долгорочно ја чуваат еластичноста и младоликоста на кожата.

ТАЈНАТА НА ХИЈАЛУРОНОТ СЕ КРИЕ ВО ТОНИКОТ

Употребата на тоник никогаш не била поважна од сега кога во рутините за нега доминираат серуми базирани на хијалуронска киселина, како што се оние од колекцијата Olival Professional. Имено, можеби веќе ви се случило да го изберете вашиот серум, но со негово користење ја чувствувате кожата сè повеќе и повеќе дехидрирана, скоро како да недостасува нешто. И така е, затоа што ви недостасува тоник!

На кожата и е омилена хијалуронската киселина, токму затоа што е хумектанс по своите својства, што значи дека ја привлекува и врзува вода на површината на своите молекули. Доколку во рутината за нега не се внесе оваа вода, хијалуронската киселина наместо да ја хидрира кожата, ќе го направи спротивното…ќе ја извлече влагата од подлабоките слоеви. Затоа е КЛУЧНО пред нанесувањето добро да го исчистите лицето, да ја тонизирате кожата и додека е влажнa од тоникот да ги нанесете серумот и кремата (по потреба можете да нанесете и масло како Оливал Омега Еликсирот). Дополнителните хранливи, оклузивни слоеви создаваат заштитен слој на кожата со што се спречува губењето на влагата, а воедно се зајакнува дејството на хијалуронот.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.