
Опаѓањето на косата е природен дел од животниот циклус на влакното, но тоа сознание ретко кого утешува кога ќе настапи сезоната на поинтензивно опаѓање. Овој процес може да биде непријатен и загрижувачки, особено кога ќе забележите повеќе влакна на четката или во туш-кабината. Добрата вест е дека сезонското опаѓање најчесто е привремено. Во продолжение дознајте зошто се случува, како да го препознаете и што можете да направите за да го ублажите и да ја зачувате густината на вашата коса.
И КОСАТА ПОМИНУВА НИЗ ЦИКЛУСИ
Нашиот скалп содржи помеѓу 100.000 и 150.000 фоликули, а секој од нив минува низ свој животен циклус на раст и опаѓање. На овој природен процес влијаат различни фактори – возраста, генетиката, хормоналниот баланс, исхраната, но и надворешните услови од секојдневието.
Косата минува низ три главни фази на својот раст, а разбирањето на овој циклус е клучно за да се сфати зошто доаѓа до сезонско опаѓање:
- Анагена фаза – период на активен раст, кога фоликулот интензивно создава нови клетки што ја формираат влакнената структура на косата.
- Катагена фаза – кратка преодна фаза во која растот се забавува и фоликулот се подготвува за мирување.
- Телогена фаза – трае приближно три месеци. Во овој период фоликулот мирува, косата природно опаѓа и ѝ отстапува место на новото влакно што ќе започне да расте во следниот анаген циклус.

ЗОШТО БАШ ВО ЕСЕН?
Пред да се загрижиме за опаѓањето на косата, важно е да знаеме дека губењето на 50 до 100 влакна дневно е сосема нормално. Најчесто тоа и не го забележуваме – сè додека не ја измиеме косата и не ги видиме сите тие влакна во одводот.
Во текот на летото, зголеменото УВ-зрачење и топлината го стимулираат поголемиот дел од фоликулите да преминат во телогената фаза, односно фазата на мирување. Тоа обично се случува околу јули, што значи дека влакната кои тогаш влегле во оваа фаза природно ќе опаднат неколку месеци подоцна – во октомври или ноември.
Токму затоа, во есен често забележуваме зголемено опаѓање на косата – повеќе влакна на четката, во тушот или на перницата. Овој процес обично трае од четири до шест недели, по што постепено се стабилизира.
Важно е да се напомене дека сезонското опаѓање е привремено и не предизвикува проретчување или ќелави делови. Косата природно се обновува и по неколку недели повторно ја враќа својата густина и волумен.

НЕ БИДИ ПОД СТРЕС - ИМА НАЧИН КАКО ТОА ДА ГО СПРЕЧИШ!
И косата, исто како и телото, има потреба од „храна“ за да расте и да остане здрава. За силни фоликули и сјајна коса, потребна е исхрана богата со протеини, витамини и минерали – особено железо и цинк – како и доволен внес на вода.
Секако, нежното миење на косата е важен дел од секојдневната нега. Благите шампони без сулфати – како пробиотскиот шампон – ја штитат природната бариера на скалпот, ја одржуваат рамнотежата на влагата и спречуваат појава на сувост и иритации.
Но, не заборавај – стресот може да биде голем непријател на твојата коса. Психолошкиот притисок го нарушува природниот циклус на раст и често предизвикува забележливо опаѓање.
Еден од најпријатните начини да го намалиш стресот е масажата на скалпот. Освен што смирува и релаксира, таа ја подобрува микроциркулацијата и апсорпцијата на хранливи материи во коренот на косата.
За таа цел, лосионот од пискавица и рузмарин е одличен избор – ја поттикнува циркулацијата, ги зајакнува корените и ја стимулира природната обнова на косата.
Дополнително, третман со масло од пискавица обезбедува подлабока нега и го поттикнува растот на нови, посилни влакна. Ова масло е богато со протеини и железо, ги храни фоликулите, ја намалува сувоста и спречува појава на кршливи влакна.
Втријте го маслото во сувиот скалп пред миење. Оставете го да делува од половина час до неколку часа и измијте ја косата со третмански шампони – предлог: шампонот од пискавца.
Комбинирањето (наизменично користење) на масло од пискавица со масло од рузмарин-каранфилче
Секако, нежното миење на косата е важен дел од секојдневната нега. Благите шампони без сулфати – како пробиотскиот шампон – ја штитат природната бариера на скалпот, ја одржуваат рамнотежата на влагата и спречуваат појава на сувост и иритации.







