Top

ОЛИВАЛ PROFESSIONAL СЕТ Ц

1,900 ден

PROFESSIONAL СЕТ Ц содржи:

  1. Витамин Ц Серум 30 мл
  2. Витамин Ц Крема 30 мл
  3. ПОДАРОК/ Масажер за лице со зелен жад

Тип на кожа: Сите типови на кожа.

- +

Опис

Витамин Ц серумот е базиран на 10% стабилен облик на витамин Ц (САП), збогатен со хијалуронска киселина и  МСМ, воедно делува како јак антиоксиданс и го поттикнува создавањето на колаген. Ги елиминира флеките на кожата, ја намалува видливоста на брчките, помага на кожа склона кон акни, лузни и митесери, го освежува тенот и и дава сјај на кожата.
Употреба: Нанесете го серумот на чиста и минимално влажна кожа, пред Витамин Ц кремата.

Витамин Ц кремата е базирана на делотворната исцелувчка моќ на витаминот Ц и хранливите природни масла од макадамија и бадем, кои го зајакнуваат дејството на серумот, ја задржуваат влажноста на кожата, ја потхрануваат, и воедно ја освежуваат.
Употреба: Нанесете ја кремата по Витамин Ц серумот.

Жадот како средство за нега на кожа првично бил употребуван уште во античко време од страна на жените во Кина, кои се познати по својата убава и негувана кожа.
Ваквите face rollers се идеални за кожа на која и е потребна масажа чија што секојдневна примена ќе доведе до:
– зголемување на циркулацијата
– намалување на подуеноста и отеченоста на кожата
– израмнување на фините линии односо намалување на брчките
– зголемување на имунитетот на кожата
– делува антивоспалитено со што се намалува појавата на акни
– зголемена продукција на нови клетки кои лесно и едноставно ќе ги заменат старите и мртви клетки
– изедначување на тенот и намалување на депигментациите
– зголемена еластичност на кожа постигната преку зголемена дренажа

Како да го користите масажерот за лице (ролер) од зелен жад:

1. За најефективно делување, пред употреба, ставете го масажерот (ролерот) во фрижидер и почекајте убаво да се излади.
2. Нанесете го серумот на кожата со лесно тапкање. Потоа започнете ја масажата со ролерот со нежни равномерни движења од вратот према лицето, па продолжете на целото лице и челото.
3. Вратот, брадата, образите и челото, масирајте ги со поширокиот крај на масажерот, додека за масажа на слепоочниците и пределот околу очите се користи помалиот дел на масажерот. На крај нанесете ја кремата.

Состојки:
Витамин Ц серум
 Aqua, Sodium Ascorbyl Phosphate, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Dimethyl Sulfone, Citric Acid, Phenoxyethanol, Sodium Hyaluronate, Ethylhexylglycerin, Citric Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate
Витамин Ц крема Aqua, Macadamia Integrifolia Seed Oil, Helianthus Annuus Seed Oil, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Caprylic/Capric Triglyceride, Cetearyl Alcohol, Glycerin, Potassium Cetyl Phosphate, Sodium Ascorbyl Phosphate, Phenoxyethanol, Sodium Stearoyl Glutamate, Ethylhexylglycerin, Undecane, Tridecane, PEG-8, Tocopherol, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Citric Acid, Parfum, Citronellol, Limonene, Linalool, Geraniol

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.