Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ ОМЕГА ЕЛИКСИР

Original price was: 995 ден.Current price is: 796 ден.

Омега Еликсирот е хранливо масло наменето за длабинска нега на сите типови кожа, вклучувајќи ја и комбинираната и масна кожа. Брзо апсорбирачкиот маслен комплекс е базиран на нутритивните богатства на сквалан од маслиново масло, масла од авокадо, чиа семе, семки од капини и жолто ноќниче.

 

Го спречува трансдермалното губење на вода, делува регенеративо и е одлична превентива против штетните надворешни влијанија како УВ зрачењето, ниските температури, силен ветер, смог, дим од цигари итн. Се апсорбира со неверојатна леснотија, а кожата ја остава мека, еластична и заштитена. Карактеристичниот орашаст мирис потикнува од природните масла од чија семето и семките од капини.

 

Еликсирот како завршен чекор во рутината за нега создава заштитен слој кој придонесува за уште подобра апсорпција и делување на активните состојки во Olival Professional серумите (пр. хијалуронската киселина).
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

 

Употреба: Еликсирот се користи како последен чекор во вечерната рутина за нега на кожата, над останатите серуми и креми. Може да се користи и како самостоен производ.

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа, кожа склона кон хронични проблеми со акни, лузни.

 

30 мл

- +

Опис

Скваланот е природен антиоксиданс богат со омега масни киселини, кој помага при намалување на воспаленијата, ја враќа потребната влажност на кожата и учествува во отстранувањето на мртвите клетки. Маслото од чиа семе е исто така богато со Омега-3 и Омега-6 масни киселини. Дополнително ја негува, храни и заштитува кожата. Се препорачува за зрела кожа, кожа третирана од лузни, сува и испукана кожа. Маслото од семки од капини има противвоспалително дејство и е одлично за нега на дехидрирана, оштетена и чувствителна кожа склона кон неправилности и хиперпигментациски флеки.

Состојки: Squalane, Persea Gratissima Oil, Rubus Fruticosus Seed Oil, Salvia Hispanica Seed Oil, Oenothera Biennis Oil, Undecane, Tridecane, PEG-8, Tocopherol, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Citric Acid, Matricaria Recutita Flower Oil, CI 60725

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.