Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ МИКРОЕКСФОЛИЈАНТ

Original price was: 930 ден.Current price is: 651 ден.

Микроексфолијантот е иновативен пилинг во прав за лице, кој поради својот состав претставува еден вид на хибриден хемиско-механички пилинг. Ги отстранува мртвите клетки од кожата, ја чисти темелно, ја враќа нежноста и сјајот подготвувајќи ја кожата за рутинска нега. Во контакт со вода правот се претвара во густа паста за длабински пилинг.
Содржи: Салицилна киселина 1%, зрна на рицинусов восок, Витамин Х (Биотин) и Алантоин.
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

 

Употреба: На мокри дланки нанесете мала количина од правот (пола чајна лажичка), потоа нежно и убаво измешајте. Добиената паста нанесете ја на влажно лице и со кружни движења нежно масирајте ја кожата на лицето 2-3 минути. Обилно исплакнете го лицето со млака вода и продолжете со вашата вообичаена крема, серум или масло. Се користи до 3 пати неделно во вечерната рутина. Производот не го заменува секојдневното чистење на кожата.

 

Предупредување: Избегнувајте вдишување на правот. Да не се користи во случај на преголема чувствителност или алергија на салицилна киселина како и на активно воспалена, изритирана или генерално изразито чувствителна кожа.

 

Напомена: Избегнувајте паралелно користење со други киселини или ретиноиди. Се препорачува нанесување на СПФ во текот на денот. По ексфолијацијата потребно е да се нанесе обилна хидратација со производи како што се Оливал Хидро Тоникот, Оливал Хијалурон Хидраторот 4Х и крема према типот на кожата.

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа, кожа склона кон неправилности, акни, митесери, комедони.

 

42 мл

- +

Опис

Салицилната киселина припаѓа под бета хидроксилни киселини (BHA), а поради нејзиното докажано позитивно дејство врз комбинираната, масна и реактивна кожа склона кон неправилности во вид на проширени пори, отворени и затворени комедони, мозолчиња и акни, многу често се користи како активна состојка во наменската козметика. Салицилната киселина има противвоспалително и комедолитичко дејство (спречува и ублажува појава на комедони), длабински ги чисти порите и го спречува нивното запушување, го регулира лачењето на себумот, ги отстранува мртвите клетки на кожата, го освежува тенот и постепено ја ублажува видливоста на флеките и хиперпигментацијата. Од друга страна, механичкиот пилинг во Оливал Микроексфолијантот го вршат природните зрнца од рицинусовиот восок.

Со процесот на формулирањето со зрнца од природно билно потекло, се испочитувани стандардите на “зелена хемија”, а воедно е искреиран производ кој е истовремено нежен и ефективен во отстранувањето на мртвите клетки на кожата.

Состојки:  Zea Mays Starch, Hydrogenated Castor Oil, Sodium Cocoyl Isethionate, Magnesium Oxide, Hydroxypropyl Starch Phosphate, Sodium Polystyrene Sulfonate, Salicylic Acid, Xanthan Gum, Sodium Benzoate, Biotin, Allantoin

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.