Кошничката е празна.

Top

Постојат многу методи во beauty светот со кои жените ја одржуваат својата младост и убавината. Сепак, некако трендовите секогаш се враќаат на методите што биле познати уште во далечното минато.

Еден од овие методи е масажа на лицето со помош на ролер. Прочитајте зошто треба да го вклопите во вашата рутинска нега.

МОЌТА НА ЖАДОТ ПОЗНАТА ОД 7-МИОТ ВЕК

Главната улога во овој метод ја игра полу-скапоцениот камен жад. Тој е високо ценет во источната, особено кинеската култура бидејќи за него се тврди дека е камен кој ја краси нежноста и чистотата. Кинеската аристократија го користела за да извлече негативна енергија од нивниот организам. Затоа, не е изненадувачки што кинеската аристократија за кратко време ја пренела неговата употреба и на лицето.

Имено, сите знаеме дека масажата на лицето има многу релаксирачки ефект врз целото тело. Кога во масажата се вметнува жадот со сите свои придобивки, навистина за момент добивате чувство дека сте во професионална спа атмосфера. За ова се свесни кинеските жени кои го користат жадот за нега на лицето уште од 7-миот век.

Тие веруваат дека оваа мала практична алатка – ролер кој има две страни со два жад камења, еден поголем и еден помал – го активира лимфниот систем и го намалува отокот на лицето. Уште поважно од ова е дека ролерот со жад се користи и ден денес бидејќи ги извлекува токсините од телото и носи хармонија во енергетскиот склоп на личноста која го користи.

ГИ НАМАЛУВА БРЧКИТЕ, ПОДОЧНИЦИТЕ, МОЗОЛЧИЊАТА И ГЛАВОБОЛКАТА

Источните верувања за енергијата на скапоцените и полу-скапоцените камења полека, но сигурно преминаа и во западната култура. Двостраниот жад-масажер ги освои дамите низ целиот свет кои го користат за нега на лицето и вратот.

Со помош на ролерот се подобрува циркулацијата на крвта и се зајакнуваат мускулите на лицето. Сето ова го забавува формирањето на брчки и се намалува видливоста на подочниците. Се разбира, за вака да делува, потребно е масажерот да го чувате во фрижидер.

За придобивките од ладните масажи на лицето зборува и трендот накај кој често се насочуваат моделите и манекенките. Тоа е масажата на лицето со коцка мраз. Ролерот со жад сепак е пософистициран од коцката мраз и поради сите свои карактеристики, тој е многу поефикасен, што значи дека може да се користи и при главоболка.

Покрај тоа, со редовната употреба на ролерот се намалува формирањето на митесери во пределот на брадата и вилицата, односно во пределот каде токсините најмногу се акумулираат.

РОЛЕРОТ НАЈДОБРО ДЕЛУВА ВО КОМБИНАЦИЈА СО СЕРУМ

Ролерот се препорачува да се користи наутро и навечер. Во вечерните часови, ќе ви помогне да се опуштите за спиење, а наутро ќе ви помогне со утринската подуеност, можни подочници и слично. Ролерот најдобро се користи веднаш по нанесувањето на серум. Имено, ова ќе го зголеми дејството и апсорпцијата на серумот.

Бидејќи самиот ролер делува на тој начин да ви пружи професионална спа атмосфера, збогатете го со Оливал Professional производите. Во зависност од потребите на вашата кожа на лицето, изберете Professional сет П или Professional сет C. И во двата сета ќе најдете серум и крем за лице кои својот полн потенцијал ќе го покажат со помош на ролерот.

Прво, исчистете го лицето и вратот и нанесете серум за лице со нежно тапкање на кожата. Секако потрудете се да го нанесете серумот правилно. Започнете со масажата од вратот, преку лицето, па се до скалпот. При тоа користете ја само тежината на ролерот, без да додавате дополнителен притисок.

Повторете од 3 до 6 пати, а потоа префрлете се на пределот околу очите каде што треба да го користите помалиот, т.е. потесниот дел од ролерот. Исто така, обрнете посебно внимание на пределот околу усните каде исто така треба да го користите потесниот дел од ролерот.

По масажата со ролерот, кожата дополнително нахранете ја со соодветна крема. Нема долго да ви треба да се навикнете на таков лесно достапен и кралски достоен beauty третман кој брзо ќе стане дел од вашиот секојдневен живот.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.