Top

Хидратантниот тоник со смил е природно освежување во рутината за нега на кожата. Познатата колекција Смил, која е крунисана со независниот сертификат NATRUE за природна козметика, сега ја збогати својата понуда со нов тоник за лице, всушност освежена и подобрена верзија на претходниот освежителен тоник, создадена за универзална и длабока хидратација.

Хидратантниот тоник со смил е прилагоден за сите типови кожа и се издвојува по својот внимателно избалансиран состав, базиран на активни состојки кои делуваат во хармонија со природните механизми на кожата и ја негуваат нејзината природна заштитна бариера. Тој го тонира тенот, го враќа природниот баланс и ја остава кожата мека, кадифена, свежа и видливо хидрирана.

Модерна примена на традиционалниот обожуван смил

Смилот, познат како “Immortelle” или растението на бесмртноста, со векови се смета за една од најценетите природни состојки во козметиката и фитотерапијата, поради своите извонредни својства и богата историја на употреба, особено во регионот на Медитеранот.

Наместо класичното есенцијално масло од смил, во Хидратантниот тоник со смил се користи нежен екстракт од смил, кој е дополнет со внимателно избрани состојки насочени кон длабока хидратација и ревитализација на кожата. Екстрактот од смил е богат со соединенија како што се флавоноиди, терпени и феноли, а особено се издвојува по високата содржина на дикетони (италидиони), ретки кај другите растенија, кои играат клучна улога во стимулирањето на регенерацијата на кожата.

Овој екстракт може да ја намали активноста на ензимите кои го разградуваат колагенот и еластинот, со што се забавува процесот на предвремено стареење и се намалува појавата на брчки и опуштеност, оставајќи ја кожата здраво тонирана, подмладена и видливо свежа.

Хидратацијата како клучен чекор во зачувување на младоликоста

Без оглед на типот на кожа, возраста или преференциите во секојдневната рутина за нега, редовната хидратација е неопходна навика за секого. Кожата која е правилно хидрирана е поотпорна на надворешните влијанија и изгледа поисполнета и видливо посвежа. Во оваа мисија, клучна улога има ПЕНТАВИТИН™*, природна активна состојка која овозможува чувство на олеснување кај сувата и дехидрирана кожа и обезбедува продолжена хидратација до 72 часа, ја зајакнува природната бариера на кожата и ја штити од дехидратација.

Дополнително, алое вера со своите смирувачки, хидратантни и ревитализирачки својства ја поддржува кожата, оставајќи ја мека, еластична и здраво свежа.

Како да се воведе тоникот во секојдневната рутина за нега

Хидратантниот тоник со смил се нанесува со едно или две прснувања од спрејот на дланките или директно на кожата по чистењето, или по потреба, а потоа се продолжува со вообичаената рутина за нега. Употребата е едноставна и не бара туфери, што ја намалува негативната еколошка инвазија и го прави производот поодржлив.

Тоникот не содржи додадени мириси или бои, ниту пак состојки од животинско потекло, обезбедувајќи чиста и природна нега која ја почитува кожата и околината.

*ПЕНТАВИТИН™ е заштитен знак на групацијата DSM – Firmenich.

 

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.