Кошничката е празна.

Top

За сите оние чија кожа на лицето бара повеќе внимание, повнимателно набљудување и едноставно подолг период да се навикне на одреден производ, прашањето е секогаш исто…Која состојка делува против мозолчиња и комедони, не предизвикува иритација и воедно е природна?

Бидејќи истиот производ на декларативно исти тип на кожа понекогаш може да предизвика сосема различни резултати, а тоа секако зависи и од останатите чекори и производите кои ги користите, треба да го најдете вистинскиот избор за сопствената кожа. Екстрактот од тимијан е состојка која ќе ви помогне во тоа, а во продолжение дознајте на кои се начини помага во третирањето на комбинираната до масна и проблематична кожа на лицето.

ОД РИМСКИ КУПКИ ДО СОВРЕМЕНИ КОЗМЕТИЧКИ ПЛАКАРЧИЊА

Тимијанот е билка од фамилијата нане (Lamiaceae) која цвета од мај до септември, или со појавата на првиот мраз. Постојат над 900 видови на тимијан распространети во Европа, Азија, Северна Америка, Австралија и Северна Африка. Благодарение на нејзината достапност и брзото откривање на нејзините благодети, веќе со векови тимијанот е ценета билка која била употребувана на различни начини.

Според легендите, римските војници додавале масло од тимијан во купките бидејќи верувале дека влева храброст и смелост пред битка, додека Грците со него си осигурале мирен сон без ноќни мори. Ова растение е познато по својот специфичен мирис, а освен во козметичката индустија се користи и во медицината, ароматерапијата, кулинарството или едноставно како декорација. Помага при настински, а поради неговото смирувачко дејство се користи и како лек против стрес, несоница и главоболка.

Користењето на екстрактот од тимијан во козметичката индустрија првенствено е насочено према делувањето против неправилностите кои се се повеќе присутни поради носењето на заштитни маски – акни, мозолчиња, митесери, комедони итн.

ПРОТИВВОСПАЛИТЕЛНО И ПРОЧИСТУВАЧКО ДЕЈСТВО

Екстрактот од тимијан содржи една главна спојка – тимол и карвакрол кои се добро познати по своите моќни антиоксидативни, антимикробни и противвоспалителни својства. Тимолот ефективно делува на намалување на црвенилото, а во комбинација со карвакролот го сузбива развивањето на бакетриите и воспаленијата на кожата.

Кои се ефектите од екстрактот од тимијан:

  • моќен природен антисептик
  • ја чува кожата од промените предизвикани од акни
  • ја редуцира воспалителната реакција на кожата
  • го регулира балансот при лачење на себумот

Делува на неутрализирање на епидермалните лезии преку сочувување на структурата на кожата, но и комедолитички, односно го успорува и сузбива растот на комедоните. Исто така, го успорува прекуумереното задебелување на надворешниот слој на кожата познато како хиперкератинизација. Покрај тоа го урамнотежува лачењето на себумот и го подобрува текстуралниот изглед што директно се рефлектира со измазнет тен и изедначеност на кожата.

ЗА ПОСЕБНА НЕГА НА МАСНА КОЖА

Новиот производ во Оливал колекцијата со Смил – Матирачкиот флуид – се темели баш на вредниот екстракт од тимијан. Во склоп на формулацијата неговото дејство е потпомогнато од скваланот, маслото од камелина и смил кои заеднички имаат позитивен ефект на комбинираната и масна кожа на лицето.

Неговата текстура е лесна и брзо се впива, па поради тоа е одличен избор како подлога за шминка, а веќе споменатиот ефект во регулирање на себумот ќе помогне и за издржливоста на шминката. Вечниот класик, етеричното масло од смил, ќе ја стимулира микроциркулацијата на кожата и ќе поттикне регенерација, додека со долготрајна употреба го успорува процесот на стареење и допринесува за исполнетост и свежина на кожата на лицето.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.