Кошничката е празна.

Top

Денес, негата на кожата е фокусирана на голем број на тренди активни супстанции кои ги решаваат нејзините специфични потреби…од акни, флеки, па се до брчки. Само некои од нив се витамин Ц во сите негови форми, пептиди и киселини, ретиноиди, ниацинамид. Меѓутоа, постојат состојки кои сеуште не ги добиле своите 5 минути на слава, а треба. Тука се издвојува МСМ односно метилсулфонилметан соединение.

Оваа супстанција со долго (и комплицирано) име е всушност прилично едноставна во своето дејствување, но и многу ефикасна. МСМ е можеби најпознат по тоа што доаѓа во форма на бел прав (кристал) и често може да се најде на полиците во продавниците за здрава храна, спакуван во тегли. По својата структура припаѓа на органосулфури, а потекнува од океанот, поточно од планктонот кој го излачува. Како морската вода испарува, преку дождот, тој сулфур повторно се враќа на земјата и станува дел од растителниот свет. Покрај тоа што е составен дел на флората, МСМ може да се најде и во нашите клетки, каде игра една од клучните улоги за правилно функционирање на целиот организам.

ОРГАНСКИОТ СУЛФУР Е МИНЕРАЛ НА УБАВИНАТА

Како биодостапна форма на минерал, МСМ првенствено се користи како додаток во исхраната, односно суплемент. Експертите велат дека метилсулфонилметан-от е четвртиот најважен минерал потребен за човечкото тело, А потребен е за многу работи – од зајакнување на имунитетот, олеснување на болката во зглобовите и мускулно-скелетното ткиво, до стимулирање на колаген и подобрување на варењето на храната. Но, покрај тоа што МСМ се консумира во орална форма, ова соединение може да се користи и топикално, во нега на кожата, каде исто носи цела низа на позитивни ефекти. Затоа не е изненадување што МСМ го најде своето место во голем број концентрирани производи како што се серумите.

ПРИРОДНА ПОМОШ ПРОТИВ АКНИ И МОЗОЛЧИЊА

МСМ го зајакнува производството на колаген во ткивата, но и во кожата. Поради ова специфично дејство, добро е да се воведе во негата како превентивна мерка; целта – со долготрајната употреба се спречува предвременото стареење на кожата кое природно се јавува поради падот на синтезата на колаген. Органскиот сулфур исто така има антиинфламаторно дејство, го намалува црвенилото, отокот, подуеноста и ги спречува воспалителните процеси на кожата.

Првенствено ова се однесува на двојното делување против акни и мозолчиња – поради зајакнатата синтеза на колаген, МСМ помага во обновување и заздравување на ткивата со што се враќа природната мазност, додека антиинфламаторно дејство ја спречува појавата на нови неправилности.

За кого се препорачува МСМ? Всушност за секого – и во орална и топикална форма. Интересно е што метилсулфонилметан-от има позитивен (синергиски) ефект и врз дејството на некои активни супстанции. Затоа е одлично да го вклучите во нега на кожата како гел против болки во мускулите или како производ за нега на лице како што е Витамин Ц серумот.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.