Кошничката е празна.

Top

За жал, акните во тинејџерските години, но и во зрелоста, не се „резервирани“ само за лицето. Овој феномен всушност се јавува доста често во пределот на телото, особено на грбот, што покрај физичка непријатност, предизвикува и ментална непријатност. Добрата вест е дека оваа појава може да биде и смирена и спречена, но секогаш е потребен холистички пристап што првенствено значи промена на навиките.

Акните се нарушување на нормалната функција на кожата поврзана со внатрешната состојба на телото. Преку нивната појава, ние всушност добиваме сигнали за одредена  нерамнотежа во нашите тела. Тие настануваат како резултат на сложен процес на неколку фактори во нашето тело – од самото природно присуство на Propionibacterium acnes, преку зголемено лачење на маснотии (себум) како резултат на хормонална нерамнотежа, нарушената функција на кожата да се ослободува од мртвите клетки, како и нашиот животен стил.

Под влијание на зголемените андрогени (т.н. машки) хормони, жлездите присутни во кожата, почнуваат да лачат повеќе себум, а во исто време мртвите клетки на кожата не се отстрануваат лесно од површината, туку се акумулираат и го исполнуваат просторот на фоликуларниот канал. Со бактеријата Cutibacterium acnes (P.acnes), која сега има идеално „скришно“ место за размножување и „катализатори“, како брза храна, потенцијално комедогена козметика, стрес и генетска предиспозиција, воспалителниот процес резултира со акни. Дополнително, науката укажува на тоа дека себумот кај луѓето погодени од акни има различен состав, густина и повискозна текстура која сама по себе ги затвора фоликулите и ги прави идеално плодна и анаеробна подлога за воспалителни процеси.

ПРИЛАГОДИ ЈА КОЗМЕТИКАТА И ВОВЕДИ НАМЕНСКИ ПРОИЗВОДИ

Како на кожата на лицето, така и на кожата на телото и треба редовна и темелна нега. На прво место е редовното туширање, особено во моментите на зголемена физичка активност, потење и генерално во текот на летото кога преовладуваат високи температури. Препорачливо е да се користат нежни гелови за туширање без посилни сурфактанти (SLS, SLES) и вештачки мириси и бои бидејќи можат да предизвикаат дополнителни иритации. Иако многумина сеуште ја имаат оваа навика, обичниот сапун не е добар избор заради неговата pH вредност која не е сродна на кожата – ја суши, а во исто време го нарушува здравјето на хидролипидната бариера, што пак води до можно посилно лачење на себум. Покрај тоа, пазете и при миењето на косата. Измивајте ја косата во наведната позиција која ќе спречи оклузивните текстури на маските и регенераторите да завршат на грбот.

Повеќето акни (освен потешките форми кои треба да се третираат со орална терапија) може да се третираат локално. Покрај бензоил пероксид, ретиноиди и други активни супстанции, АХА или БХА киселините исто така помогнаат во смирување на воспалението. Користењето на лесен хемиски пилинг два до три пати неделно ќе ги исчисти порите и ќе ја ослободи кожата од акумулираните мртви клетки, а со тоа ќе го запре процесот на настанување на акни. Салицилната или БХА киселината е одличен избор во овој случај, бидејќи има антимикробни и антиинфламаторни својства, може да се користи и во лето (со задолжителна СПФ), а постепено ќе ја намали и видливоста на флеките. Важно е да изберете нежен пилинг како што е Оливал Микроексфолијантот, кој нема да биде премногу абразивен, а по ексфолијацијата хидрирајте и нахранете ја кожата со лесни производи за нега.

АКО Е ПОТРЕБНО ВОВЕДЕТЕ ДВОЈНО ЧИСТЕЊЕ

Доколку имате акни на телото (грбот, нозете и градите), за време на сезоната на сончање и употребата на производи за сончање кои понекогаш можат да предизвикаат запушување на порите кај реактивниот тип на кожа, треба да обрнете внимание на квалитетното чистење. Во тоа, на пример, можат да помогнат производите кои ги користите во рутината за нега на лице. Нежното отстранување на нечистотијата со мицеларен раствор, следено со миење со нежен гел нема да ја исуши кожата, нема да ја да наруши нејзината pH вредност и ќе го спречи формирањето на нови неправилности.

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ НА СОНЦЕ (И ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ)

За жал, во текот на летото, луѓето се обидуваат неправилностите на кожата да ги “покријат” со зголемена изложеност на сонце. Понекогаш има привремено подобрување, но многу често доаѓа до влошување што може да резултира со флеки, нерамномерен тен, нови воспаленија, па дури и лузни. Затоа е важно постојано да се нанесуваат производи за целосна заштита од УВА и УВБ зраци, особено при употреба на топикални лекови или производи со киселини. Додека преовладуваат високите температури, неопходно е да се обрне внимание на појавата на т.н. механички акни (Acne mechanica) кои се резултат на триење на кожата. Избегнувањето на носење тешки ранци, густи синтетички материјали и тесната облека, е една од ставките кои можат да помогнат за превенција на акни, како и редовното перење на крпите и постелнината без додаден омекнувач за алишта.

ИСХРАНАТА ДА СЕ БАЗИРА НА ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ

Иако неколку коцки (темно) чоколадо нема да доведат до појава на акни на грбот, денес е повеќе од јасно дека за здрава кожа потребна е и здрава исхрана. Млечните производи (поготово млеко и сирење), брзата храна полна со шеќери, едноставните јаглехидрати и транс мастите се тесно поврзани со акните, бидејќи тие едноставно создаваат совршена „атмосфера“ погодна за нивниот развој. Нездравата исхрана на долг рок може да резултира со црвенило, побрзо и посилно лачење на себум, и комплицирање на процесот на природното отстранување на мртвите клетки на кожата. Затоа во текот на лечењето на акните (но и на долгорочен план) фокусот треба да биде на здрава, комплетна и максимално необработена храна.

ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ ОД ДОКТОР И СТРУЧНО ЛИЦЕ

Ако појавата на акни не се смирува, и воспалението продолжува да се појавува без оглед на топикалните терапии и другите мерки на претпазливост, не е на одмет да се побара лекарска помош. Денес акните обично се резултат на стрес и хормонални промени во организмот кои треба да бидат избалансирани за корист на целото тело, а потоа и за кожата како наш најголем орган. Покрај тоа, треба да се избегнува копање и стискање на акните во која било форма, а секое механичко чистење треба да се остави во рацете на искусни дерматолози кои ќе знаат како да ја санираат состојбата и да го спречат влошувањето.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.