КАКО ДА ГИ КОРИСТИШ И КОМБИНИРАШ ЛОСИОНИТЕ ЗА СКАЛП НА ОЛИВАЛ
Здравата коса почнува од коренот – буквално. Од моментот кога лосионот со Пискавица и Рузмарин стана must-have за сите што се борат со опаѓање на косата, Оливал реши да оди чекор понатаму. Во фокусот е скалпот – основата на сè. Па така, креирани се уште два лосиони за специфични потреби: лосион Ним, совршен за скалп со првут, лупење и чешање, и лосионот со Хамамелис, наменет за оние кои се мачат со вишок себум и мрсна коса уште на вториот ден. Сега, најважното прашање – како да ги користиш и комбинираш со веќе обожаваниот лосион со Пискавица? Продолжи да читаш, имаме одговори!
Прво одреди го приоритетот
Ако скалпот се соочува со повеќе проблеми одеднаш, време е за мала „тријажа“ – да се фокусираме на она што е најитно. Доколку истовремено имаш првут, лупење, чешање, мрсна коса и забележливо опаѓање – првиот чекор е да се смири она што ја нарушува рамнотежата: првутот, лупењето и чешањето. Ваквите состојби често предизвикуваат дополнително лачење себум, што само го влошува проблемот и може да го засили опаѓањето на косата.
Во ваква ситуација, започни со лосионот од Ним – формулиран токму за смирување на скалпот. Рутината не мора да биде комплицирана: лосион + нежен шампон кој одговара на твојот тип коса се сè што ти треба во оваа фаза. Понекогаш „less is more“.
Врати ја рамнотежата пред да го поттикнеш растот
Главната активна состојка во лосионот од Ним е, се разбира, екстрактот од ним – но тука се и екстракт од јујуба и пироктон оламин. Нимот е вистинско чудо на природата – секој дел од ова индиско дрво има корисна функција: од листовите и плодовите, до семињата, гранчињата и дури и сокот од стеблото. Во козметиката најчесто се користи листот во форма на прав, познат по своите смирувачки својства.
Пироктон оламин можеш да го сретнеш и во шампони против првут, но тие се испираат брзо. Лосионот, пак, останува на скалпот подолго и делува поефикасно. Тоа го прави клучен сојузник во борбата против првутот и лупењето.
Екстрактот од јујуба доаѓа од кората на дрвото и е природно богат со витамини и сапонини. Тој го поддржува балансот на скалпот и овозможува длабинска нега таму каде што најмногу треба – на проблематичната кожа на главата.
Добро е да ја знаеш причината за појава на првут
Првутот не е само козметички проблем – тој е сигнал дека нешто не е во ред со рамнотежата на скалпот. Причините можат да бидат различни, и за нив ќе зборуваме подетално подолу, но една од најчестите е себореичниот дерматит – или себореја. Се појавуваат лушпи, сува кожа, непријатно чешање, и тоа не само на скалпот, туку и на веѓите, околу носот или ушите. Познато?
Ако се сомневаш на себореја, многу е важно да ја прилагодиш рутината. Во ваков случај, одредени навики – како нанесување масла на скалпот – можат да го влошат проблемот. Маслата се „гориво“ за габата која го предизвикува воспалението, па дури и најдобриот лосион нема да има целосен ефект ако паралелно ја храните нејзината активност. Затоа, прави мали, паметни измени – тие носат големи резултати.
Не заборавај редовно да ја миеш косата
Доколку првутот исчезнал, а скалпот и понатаму се мрси брзо – време е за следниот чекор: лосионот со Хамамелис. Ова растение, познато и како вештерска леска, има неверојатна моќ. Делува адстрингентно – ги стеснува порите, ги смирува воспаленијата и ја балансира мрсната кожа, а не случајно често се користи и во козметика за акни.
Тука е и салицилната киселина, златен стандард во нега на проблематичен скалп – ги одзатнува порите и ја намалува појавата на комедони. Позната е и како незаменлива состојка против акни, па логично е што совршено делува и на скалпот склон кон маснотија и нечистотии.
Што ја прави формулата уште поинтересна? Цимицифуга – билка со долгогодишна традиција, позната уште како Гроздова хабулица или „сребрена свеќа“ која покрај тоа што ги ублажува симптомите на менопауза, има и саморегулирачко дејство врз себумот, што е клучно за смирување на хиперактивниот скалп.
А ниацинамидот (витамин Б3)? Тој е тука за да ја смири кожата, да ја хидрира и да го држи под контрола прекумерното лачење себум. Мултифункционален и моќен.
Важно: лосионот со Хамамелис може да го продолжи времето помеѓу миењата, но тоа не значи дека треба да чекате 7 дена. Скалпот е кожа, и треба да се чисти редовно – исто како лицето. Ако ви одговара, лосионот можете да го менувате со лосионот со Пискавица и Рузмарин, или пак да третирате еднаш до двапати неделно со маслото од рузмарин и каранфилче. Само не ги користете двата лосиони истовремено – се менуваат од едно до друго миење.
Кога сите услови се задоволени, време е за раст!
Доколку на скалпот нема знаци на себореја, сувост, чешање, чувствителност, прекумерна маснотија, лупење или други проблеми – тоа значи дека скалпот е во рамнотежа. Во таква состојба, вистинско е време за стимулирање на растот на косата, бидејќи тогаш целните производи имаат реална шанса да дадат видливи резултати. При намалување на опаѓањето и поттикнување на растот, важно е да се има предвид и целокупната рамнотежа на телото. Не заборавај ја и дневната масажа на скалпот – таа ја подобрува циркулацијата, што е клучно за здрав раст на косата. Лосионот од Пискавица и Рузмарин нанесете го пред миење на косата (идеално пред тренинг или друга физичка активност), внимателно масирајте и оставете да делува неколку часа. Потоа измијте ја косата како и обично.
Да сумираме, приоритетите во нега на скалпот се следниве:
- Да се решат проблемите со првут, лупење и чешање – во оваа фаза, неопходно е негата да се сведе на минимум и да се воведе Лосионот од Ним против првут.
- Кога нема првут, а постои маснотија – се воведува Лосион од Хамамелис против масна коса, а доколку е потребно, може да се комбинира со производи за раст на косата (идеално е да се решава еден проблем одеднаш).
- Кога сите услови се исполнети – производите за раст на косата ќе делуваат најдобро. Може да се комбинираат Лосион од Пискавица и Рузмарин и Масло од Рузмарин и Каранфилче.
- Никогаш не ги користете сите производи истовремено, туку наизменично – во зависност од состојбата на скалпот.
- Сите производи се користат пред миење на косата.
- Ако имате себореја, бидете особено внимателни со употребата на масла, бидејќи можат да ја влошат состојбата.
- Косата треба да се мие доволно често за да се спречи затнување и изумирање на фоликулите.
За крај, важно е да се запомни:
Лосионите за скалп од Оливал се специјално формулирани и дерматолошки тестирани да се користат пред миење на косата. Подеднакво се наменети за жени и мажи, но не се препорачуваат за чувствителен скалп кај деца.
Начинот на употреба е ист за сите лосиони: нанесете на скалп со апликатор, масирајте најмалку 5 до 10 минути, па оставете да делува од половина час до неколку часа.
Совeт за раст на коса: масажата треба да биде дел од вашата дневна рутина, без разлика дали ја миете косата или користите лосион тој ден.