Кошничката е празна.

Top

Дали сте сигурни дека ја знаете разликата помеѓу АХА и БХА киселините? Нивната ефикасност е неоспорна, но тие сигурно ќе бидат поефикасни доколку се користат правилно, и уште поважно, за правилна намена. Ние сме тука да випомогнеме при изборот и да ги посочиме сите бенефити од овие хемиски пилинзи.

ПОВРШИНСКИ ПИЛИНГ СО АХА, ДЛАБИНСКИ СО БХА КИСЕЛИНА

АХА киселина е кратенка за алфа-хидрокси(лни) киселини кои се појавуваат во козметичката индустрија во различни форми и обично се од растително потекло, но не секогаш. Дел од АХА киселините се гликолната (дериват од шеќерна трска), лимонската  киселина (дериват од лимон) и јаболковата киселина (дериват од јаболко). Освен горенаведените, во формулациите често се користи и млечната киселина, добиена со ферментација на фруктоза, гликоза, сахароза и галактоза. Во козметичката индустрија, млечната киселина обично е од растително потекло.

Наведените киселини се користат во хемискиот пилинг како површинска ексфолијација, а разликата помеѓу нив е во големината на молекулите кои влијаат на јачината на самиот пилинг. Мртвите клетки на кожата знаат да бидат во кластери кои со помош на алфа хидрокси киселини нежно се распаѓаат, па затоа оваа киселина е одличен избор за чувствителна кожа. Со нивната употреба тенот станува измазнет, затегнат, го намалуваат перутањето на кожата бидејќи ги отстрануваат мртвите клетки и генерално придонесуваат за свежина и сјајност. Со редовна употреба, АХА киселините не само што влијаат на епидермисот, туку можат да имаат и длабок ефект, поттикнувајќи ја синтезата на колагенот, што директно ги намалува брчките и фините линии.

БХА киселина е кратенка за бета-хидрокси киселина, во чија група спаѓа една од најпопуларните киселини во негата на кожата. Салицилната киселина најмногу се користи кај длабинските запушувања на кожата, појава на митисери, комедони и акни. Поради своите противвоспалителни својства, одлична е за масна и проблематична кожа, но заедно со балансирана и смирувачка формулација може да биде доволно нежна и за употреба и кај чувствителна кожа на лицето и телото.

ЗА СЕКОЈА СИГУРНОСТ НАПРАВИ АЛЕРГО (PATCH) ТЕСТ

Кога се користат киселини секогаш е препорачливо постепено да се внесуваат во рутината, да ја слушате вашата кожа и внимателно да ја набљудувате. Со брзање не може да се постигнат никакви резултати со хемиските пилинзи. Тие треба да се користат систематски и трпеливо. При тоа, со секојдневна употреба на хемиските пилинзи, може да дојде до многу силна иритација, оштетена хидролипидна бариера, црвенило и зголемување на неправилностите. Помалку е повеќе.

Кај двете киселини, покрај постепеното воведување, потребно е да помине одредено време за почетното навикнување на кожата. Тогаш, секогаш е подобро да се изберат производи со помала концентрација на АХА или БХА киселини, за да се избегне можната иритација и црвенило на кожата. Затоа, пред воведувањето, добро е да се направи алерго (patch) тест – односно да се нанесе производот на чиста и сува кожа на подлактицата и да се остави да отстои според упатствата на производителот. Ако не се појави никаков облик на иритација во рок од 48 часа, најверојатно ќе одговара и на кожата на лицето.

ХИБРИДЕН БХА ПИЛИНГ ИЛИ ТЕЧЕН АХА ПХА ЕКСФОЛИЈАНТ

Како ќе се употребува пилингот зависи и од неговата течна или прашкаста текстура. Во случај на течна текстура, како кај Professional Пилинг Тоникот, секогаш предлагаме да се нанесува директно на дланките, а потоа на кожата на лицето, со цел да се избегне триењето од туферите како и беспотребното трошење на производот.

Пилинг тоникот AХА ПХА базиран на манделична киселина, глуконолактон и лактобионска киселина врши нежна ексфолијација и е погоден за (скоро) сите типови кожа, вклучувајќи ја и зрелата. Поради внимателно избраните состојки во неговата формулација, овој течен пилинг е наменет за почеста употреба во текот на неделата или за секој ден, но само доколку кожата е поотпорна. Исклучително благотворно делува на отстранување на хиперпигментациските флеки, ја хидрира и подготвува кожата за понатамошна нега.

При користење на овој тип на производ, потребно е да се следи состојбата и потребата на кожата. За препознавање на првите знаци на дехидрација можете да прочититате тука, но треба да ја имаме на ум и променливоста на состојбата на кожата, временските услови, влажноста и сувоста на воздухот при користење на било какви козметички производи, па така и на хемискиот пилинг.

Хемискиот пилинг во прав, добро познат како Микроексфолијант, носи поинаков начин на употреба. Со помош на дозерот, правот прво се става на дланка, а потоа со додавање на вода се претвора во густа кремаста паста која со кружни движења се нанесува на влажно лице и потоа се исплакнува со вода. На овој начин, Mикроексфолијантот истовремено ја игра улогата на исклучително нежен механички и хемиски пилинг, па ефикасно ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја изедначува текстурата на кожата.

ФАЗАТА НА ПРОЧИСТУВАЊЕ Е МОЖНА, НО И МИНЛИВА

Тука, салицилната киселина е застапена во концентрација од 1% што ја прави толерантна за повеќето типови на кожа. Прво треба да го спомнеме  кератолитичкиот ефект на кожата, кој овозможува чист и мазен тен под допир на прстите. Најчесто ефектот е инстантен и многумина ќе го забележат делувањето на Микроексфолијантот при првата употреба. Сепак, важно е да не се занесете од таков ефект.

Овој производ нема потреба да се користи повеќе од три пати во неделата, а во никој случај Микроексфолијантот не треба да го замени вообичаеното и правилно чистење на кожата.

Кога се применува правилно, салицилната киселина е идеален избор за третман против акни бидејќи има противвоспалително дејство и ја ублажува појавата на флеки од акни. Сепак, треба да се има предвид дека киселините дејствуваат на принципот на забрзување на клеточната размена и дека тоа е причината што е можна појава на фазата на прочистување, но оваа фаза е минлива. Ако се случи, карактеристично за оваа фаза е што неправилностите се појавуваат таму каде што ги има и вообичаено (на пример, во областите на брадата со затворени комедони), што се разликува од иритација.

ХИДРАТАЦИЈА СЕКОГАШ, ПОСЕБНО ПО УПОТРЕБА НА КИСЕЛИНИ

Без оглед на кој тип на хемиски пилинг ќе го изберете и без разлика колку често го користите, секогаш треба да имате на ум дека богатата хидратација помага да се спречи можната дехидрација на кожата. Хидратантна крема избрана според типот на кожата, но и хидратациски тоник (Хидро Тоник) во комбинација со Хијалурон Хидратор 4Х, ќе ви овозможи безбедна ексфолијација и кожа за каква сонувавте – чиста, сјајна и мазна.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.