Ниацинамидот е состојка која често се спомнува во skincare светот. Фамата е створена баш заради тоа што е наменет за кожа склона кон неправилности и мастење, а во принцип одговара на сите типови на кожа, дури и на чувствителната. Поради таа причина е осмислен новиот Оливал Professional сет Б3, посветен на витаминот Б3, односно ниацинамидот, а во продолжение ви ги претставуваме сите причини зошто оваа состојка ви е потребна во рутината.
НИАЦИНАМИДОТ СМИРУВА, РЕГЕНЕРИРА И ИЗМАЗНУВА
Ниацинамидот се јавува и под други имиња, витамин Б3 и никотинамид, а покрај многуте називи има и многу намени. Прво и основно, ниацинамидот делува противвоспалително и ќе го смири постоечкото црвенило и постепено ќе делува на намалување на флеките од акни (постепен еритем). Покрај тоа, неговото дејство го поттикнува развојот на церамиди, односно маснотијата во кожата која ја штити од сушење. Со производството на церамиди се ублажува појавата на предвремено стареење и се намалува можноста за сушење на клетките на кожата. Церамидите се присутни во секоја кожа, но со текот на времето нивното производство се намалува, а витаминот Б3 докажано делува на нивната повторна синтеза. Ниацинамидот, како и церамидите, всушност имаат регенеративно дејство на хидролипидната бариера на кожата и ја штитат од штетните надворешни влијанија. Ниацинамидот дополнително ќе го спречи губењето на влагата од кожата и ќе ја зајакне нејзината структура. Покрај тоа, нема да предизвика purging (фаза на чистење), а сепак успешно ќе ја прочисти и измазни кожата.
Погоден е за сите типови на кожа, а процентите во кои се наоѓа во одредени козметички производи точно ќе го одредат неговото дејство врз индивидуалните специфичности на кожата. Доколку во формулата има помалку од 5% ниацинамид производот ќе делува смирувачки и хидратизирачки, но ќе влијае и на лачењето на себум и намалување на неправилностите. Доколку има повеќе од 5% целно ќе помогне при изедначување на тенот и намалување на истакнатата хиперпигментација и црвенило, но и ќе ги исчисти порите со што ќе се намали нивната видливост.
ЛЕСНО СЕ ВКЛОПУВА ВО РУТИНАТА, ДОЗНАЈ КАКО
Имајќи ги на ум сите наведени бенефити кои ги носи витаминот Б3 на кожата, неговата посебност е и во тоа што многу лесно се вклопува во сечија рутина. Тој е неутрална и лесно прилагодлива состојка која еднакво добро може да функционира во рутината со деривати (естери) на витамин Ц во форма на SAP (натриум аскорбил фосфат), присутен во Оливал Витамин Ц серумот, но и со ретиноиди.
Да поедноставиме, ако го користите Витамин Ц серумот наутро, Витамин Б3 серумот во комбинација со гел-кремата ќе ги користите навечер. Во ситуации каде е присутно исклучително јако лачење на себум, а не сакате да се откажете од антиоксидативното дејство на Витамин Ц серумот во утринската рутина, можете да го нанаесете Витамин Б3 серумот пред Ц серумот, со задолжително нанесување на СПФ потоа. Гел кремата Б3 ќе биде одличен избор за дополнителна хидратација по третманска нега со ретиноиди бидејќи брзо се апсорбира, не остава масни траги, и лесно ја матира кожата. Серумот е погоден и за користење со хијалуронска киселина и пептиди, а Витамин Б3 кремата може да се нанесува и по ексфолијација на кожата со салицилна киселина (Микроексфолијант) или АХА и ПХА киселини (Пилинг Тоник АХА ПХА).