Кошничката е празна.

Top

Ретинолот со години е една од најпопуларните состојки која обезбедува свеж, изедначен тен, без брчки и фини линии. Најпознат е по терминот кој многу често означува цела група на слични супстанции – ретиноиди.

Ретинолот – покажаа студиите – делува против предвремено стареење, т.е. фотостареење на кожата (УВ-предизвикано оштетување) на два начина: со ублажување на УВ-ефектот врз матрицата на металопротеиназа и со стимулирање на синтезата на колаген во веќе фото-оштетената кожа.

Меѓутоа, покрај ретинолот, ретиноидите вклучуваат четири (најпознати) различни форми на активни состојки, а една од нив претставува идеален вовед во почетничката рутина за нега со ретинол. Тоа е ретинил палмитат.

Оваа моќна активна супстанца припаѓа на дериватите на витамин А. Бидејќи неговата употреба има голем број на позитивни ефекти врз кожата, тој е еден од најпознатите (и признати) витамини кои се користат во нега на лицето.

Витаминот А првенствено ги балансира клетките на кожата, што влијае на здравјето на хидролипидната бариера и отпорноста на кожата на надворешни влијанија при тоа спречувајќи го формирањето на неправилностите.

Сепак, витаминот А е и по малку комплицирана состојка. Бидејќи ја забрзува размената на клеткита и има својство на ексфолијација (како киселината) може да предизвика иритација, лупење, привремена сувост и хиперсензитивност на кожата, поради што е потребно постепено да се воведува во рутината само во вечерните часови, внимателно да ја следите реакцијата на кожата и според тоа да се корегира фреквенцијата на употреба и комбинацијата со други производи. Исто така, неговата употреба не се препорачува за време на бременост и лактација, но се предлагаат функционални аналози на ретиноиди и други активни супстанции со задолжителна употреба на крема со заштитен фактор за време на користењето.

ПОЧНЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ИЗБИРАЈТЕ ПАМЕТНО

Како дериват на реномираниот витамин А, ретинил палмитат се издвојува токму затоа што е најблаг од сите форми и е широко застапен и достапен во козметичките производи. Сам по себе, во внимателно формулирани производи и во пониски проценти, има најмал потенцијал за иритација во однос на другите деривати и затоа е одличен избор за почетничко ниво во воведувањето на негата. Одговара на сите типови кожа, а по правило го толерира и чувствителниот тип. Освен тоа важно е да напоменеме дека и покрај митовите, сосема е безбедно да се користи во текот на целата година – со императив на висок УВ-фактор за заштита во текот на денот.

ЈА ПОДОБРУВА ТЕКСТУРАТА И ТОНОТ НА КОЖАТА, ГИ ПРОЧИСТУВА ПОРИТЕ...

Покрај тоа што е идеален за почетници во ретиноидната нега, ретинил палмитат-от може да се нарече вистински разноврсен магионичар. Ја забрзува клеточната размена и ги балансира функциите на клетките на кожата. Го ублажува лачењето на себум, хиперпигментација и постепените флеки, ја измазнува и изедначува текстурата на тенот. Има антиинфламаторно дејство на акни и мозолчиња и ја стимулира синтезата на колаген и еластин, што придонесува за цврстината на кожата.

Најпознат е секако по неговото превентивно дејство против знаците на стареење, а бидејќи делува против формирање на неправилности, тој е одличен избор и за проблематичната кожа и за позрела кожа со хормонални акни. Последно, но не и најмалку важно е дека ретинил палмитат-от делува исклучително добро во синергија со хијалуронската киселина и антиоксидантите како ресвератрол, како и во производи како што е Оливал Витамин R² серумот, кој дополнително наменски делува за смирување на иритацијата и црвенилото.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.