Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ ВИТАМИН Ц+ ЕМУЛЗИЈА

1,410 ден

Витамин Ц+ емулзијата е концентрирана серумска емулзија со 10% етилирана аскорбинска киселина (3-О-етил аскорбинска киселина), ферулична киселина и витамин Е, со додавање на екстракт од каму каму и комплекс од церамиди.

 

Делува против хиперпигментација, дава антиоксидативно дејство, го изедначува тенот и го враќа сјајот. Екстрактот од каму каму ја намалува појавата на брчки и фини линии, додека млечната текстура богата со комплекс од церамиди ја храни и негува кожата.
За повеќе информации погледнете во опис на производот

 

Употреба: Нанесете ја емулзијата на чисто лице наутро пред проивод за заштита од сонце (идеално) или навечер пред крема. Може да се нанесува и на влажно и на суво лице, зависно од преференцата.

 

Напомена: Производот не содржи вештачки мириси и бои и е pH неутрален. Текстурата на производот е млечна, малку кремаста, лесно се размачкува и брзо се апсорбира. Има бела боја со благ портокалов одраз поради бојата на самите состојки (екстрактот од каму каму е светло портокалов како суровина). Карактеристичниот мирис на производот доаѓа од самите суровини, а најмногу се издвојува мирисот на феруличната киселина.

 

Предупредување: Поради огромната концентрација на активни состојки и силно дејство, не е за многу чувствителна кожа. При нанесување, се препорачува да се избегне пределот околу очите.

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа, особено сува, нормална и зрела кожа. За сите кoи преферираат кремасти серумски емулзии без хијалуронска киселина.

 

30 мл

- +

Опис

Етилираната аскорбинска киселина е воопшто еден од најстабилните деривати на витамин Ц. Ги носи сите бенефити на класичната аскорбинска киселина, меѓутоа со различна pH потребна за активност,која воедно ги покрива и чувствителните типови на кожа. Има значително поголема стабилност, но и подобра достапност и подолготрајна ефективност. Етилираната аскорбинска киселина ја инхибира активноста на ензимот тирозиназа, односно ја преневира синтезата на меланин во кожата, со што се спречува појавата на флеки и зајакнување на нивната видливост. Ја забрзува синтезата на колаген.  Има против-воспалително дејство, делува антиоксидативно и помага да се спречи влијанието од надворешните фактори на кожата (посебно УВ зрачење, односно има фотопротективно дејство, поради што се препорачува серумот да се нанесува наутро со СПФ).

Феруличната киселина и витаминот Е се вредни состојки во нега на кожата, но и во формулација со витамин Ц, во која помагаат да се сочува стабилноста и потентноста на оваа вредна состојка. Феруличната киселина покажува исклучително антиоксидативно дејство, а интересно е што тоа дејство се зајакнува со изложувањето на УВ зрачење. Затоа, оваа состојка е корисна во производите кои се нанесуваат наутро со СПФ. Витаминот Е, исто така претставува златен стандард во козметиката која делува против предвремените знаци на стареење.

Екстрактот од Каму Каму (Myrciaria Dubia Fruit Extract) е екстракт добиен од овошје кое расте во Амазонските прашуми. Познат е по својата исклучително силна, биорасположлива содржина на витамин Ц, како и другите минерали, шеќер, аминокиселини и овошни киселини. Во нега на кожата, помага за намалување на ефектот од стресот, особено на флеките, брчките, фините линии и генерално за освежување на уморниот, безживотен тен. Придонесува на зајакнување на синтезата на колагенот и регенерација на кожата, така што влијае на цврстината, еластичноста, тонусот и сјајноста.

Комплексот на церамиди содржи биоидентични церамиди и нивни прекурсори кои ја корегираат оштетената хидролипидната бариера на кожата, ја поттикнуваат синтезата на липидите и го стимулираат природното својство на саморегулирање на нивото на хидратација, што доведува до поцврста и поотпорна кожа.

Состојки: Aqua, 3-o-Ethyl Ascorbic Acid, Butylene Glycol, Sodium Acrylate/Acryloyldimethyltaurate/Dimethylacrylamide Crosspolymer, Tocopherol, Isohexadecane, Ferulic Acid, Sorbitan Isostearate, Propanediol, Myrciaria Dubia Fruit Extract, Polyquaternium-80, Ceteareth-25, Glycerin, Cetyl Alcohol, Behenic Acid, Cholesterol, Ceramide NP, Ceramide NS, Ceramide EOS, Ceramide EOP, Ceramide AP, Caprooyl Phytosphingosine, Caprooyl Sphingosine, Methylpropanediol, Caprylyl Glycol, Didecyldimonium Chloride, Disodium EDTA, Polysorbate 60, Sodium Hydroxide

 

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.