Кошничката е празна.

Top

Хијалуронот, односно хијалуронската киселина во сите свои форми, е несомнено моќна хидратантнa состојка. Освен самата формулација, резултатите од користењето на оваа активна супстанција зависат и од тоа како се користи производот. Еве три клучни правила со кои хијалуронската киселина ќе го достигне својот полн потенцијал на вашата кожа. 

1. НАНЕСУВАЊЕ НА ВЛАЖНА КОЖА

Хијалуронската киселина е хумектант по своите својства, што значи дека силно привлекува вода и ја задржува во своите молекули. Од друга страна, познато е дека чистата, навлажнета кожа многу полесно апсорбира активни супстанции, особено оние кои се наоѓаат во текстурално полесни производи како што се хидраторите или серумите. Ако нанесувате серум со хијалуронска киселина во неговиот состав на сува кожа (особено ако тоа го правите секој ден), хијалуронската киселина содржана во производот многу веројатно ќе ја „повлече“ на себе целата влага од слоевите на кожата, наместо да ја вметне во нив и со тоа да обезбеди дополнителна хидратација.  

Ако ја оставите кожата малку влажна откако ќе го исчистите лицето или, уште подобро, нанесете Хидро тоник, хијалуронската киселина ќе има добра основа со која ќе навлезе длабоко низ corneum strateum до епидермисот и дермисот, па така ќе се внесе многу потребна влага. Ова правило е важно за сите серуми на водена база кои содржат хијалуронска киселина во било која форма и е од исклучителна важност за хидраторите како што е Оливал Хијалурон Хидратор 4Х кој содржи комплекс од 4 вида хијалуронска киселина со различна големина и дејство. Покрај тоа, како и со сите производи така и со хијалуронската киселина не треба да се претерува. Користењето еднаш до двапати на ден, во количина од две капки, со големина на семе од калинка е сосема доволно за да се постигнат посакуваните резултати. 

2. КОМБИНИРАЊЕ СО КРЕМА ИЛИ МАСЛО

Откако буквално ќе ја вградите водата во кожата, неопходно е да се спречи нејзиното истекување, односно т.н. трансепидермално губење на влагата. Најлесен начин да го направите ова е да нанесете потежок, пооклузивен производ по нанесувањето на лесен хијалуронски производ, кој ќе создаде заштитен слој на површината. Најдобар избор за ова се кремите на водена база или хранливи масла според типот на вашата кожа. Ако не ви пречи подетална нега на лицето во неколку чекори, комбинацијата на крем и неколку капки масло, како што е Оливал Омега Еликсирот во последниот чекор на нега, е најидеална опција која ќе и овозможи на кожата и влага и липиди. 

3.ВЛАЖНEЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР

Одамна го усвоивте правилото за хидратација одвнатре и однадвор – пиете вода, нанесувате серуми и хидрататори со хијалуронска киселина… но можно е да чувствувате како да има уште простор за подобрување. Многу е веројатно дека станува збор за просторот во кој живеете! Влагата на воздухот е важен фактор за здравјето и превенција на болести, но и за убава кожа. Во комбинација со добро сложена рутина за нега, малку влажниот воздух ќе спречи понатамошно дехидрирање и ќе и помогне на кожата да ја постигне посакуваната младешка исполнетост. Можете лесно да го навлажнете воздухот со помош на навлажнувач за просторија или дифузер во кој можете да додадете неколку капки смирувачко, освежувачко есенцијално масло (внимавајте на изборот ако имате домашни миленици!). Истиот ефект можете да го постигнете и со обична крпа или чаша вода поставена над радијаторот. Исто како и со хијалуронската киселина, разликата ќе ја почувствувате за многу кратко време. 

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.