Кошничката е празна.

Top

И понатаму продолжуваме со претставување на новите производи на кои што стручниот тим на Оливал вредно работeше со месеци. На ред, дојдоа дополнително и детално да ги разработиме Хидро ЦИЦА маската за хидратација и Ензимската маска за пилинг на лицето, вратот и деколтето!

НЕЖНО И ЕФЕКТИВНО ПОДИГНУВАЊЕ НА НИВО ВО РУТИНАТА

Хидро ЦИЦА маската е неутрална и богата хидратантна маска за лице која ја навлажнува, смирува и го поттикнува обновувањето на кожата. Погодна и креирана е за сите типови на кожа, особено за чувствителната и дехидрирана кожа на која и ја дава потребната влажност, ја омекнува, а воедно и го враќа потребниот сјај. Идеална е за дополнителна хидратација при употреба на киселини и ретиноиди.

Доколку не сакате киселини и се плашите од механички пилинг, имаме нешто за вас. Ензимската маска за лице е третманска маска која на кожата и прави нежна ексфолијација и ја враќа мазноста, сјајот и мекоста. Папаинот и бромелаинот, како и природните ензими од папаја и ананас помагаат да се отстранат мртвите клетки од кожата.

ГОТУ КОЛА, ХИБИСКУС, КОМПЛЕКС ЗА ХИДРАТАЦИЈА...

Хидро ЦИЦА маската за лице е мултифункционален производ за нега на кожата богата со навлажнувачи и екстракти за смирување, кои на кожата и даваат богата хидратација и нега. Мадекасозидот е една од главните активни состојки извлечена од растението Centella asiatica (Готу Кола). Станува збор за центелозид кој корените на својата примена ги влече од Ајурведата (традиционална Индиска медицина) и традиционално се користи за нега и поттикнување на обновувањето на оштетената и иритирана кожа. Оваа состојка ја стимулира синтезата на колаген и ја смирува кожата. Екстрактот од растението Centella asiatica, потекнува од растението Готу Кола и е еден од најпознатите екстракти за нега на сите типови кожа, затоа што на кожата делува како антиоксиданс, ја хидрира, смирува и регенерира. Овие две состојки се користат синергетски, со цел да се воспостави исклучиво смирувачкото својство и да се нагласи ефектот на екстрактот.

AQUAXYL™ претставува хидратантен комплекс кој го намалува губењето на влажноста, со што се зајакнува бариерната функција на кожата, што резултира со помека кожа и долгорочно, помалку видливи знаци на стареење. Го контролира протокот на влага низ кожата, како и резервите на влага во слоевите на кожата, давајќи и ја оптималната хидратација. Екстрактот од хибискус, од друга страна, е богат со антиоксидантни и противвоспалителни компоненти кои ја смируваат, штитат и ревитализираат кожата. Со долготрајна употреба, овој екстракт помага да се зачува еластинот, односно цврстината, тонусот и еластичноста на кожата.

Богатата хидратација на Хидро ЦИЦА маската за лице, се базира на ектоин, тип на аминокиселина која на кожата и дава различни, но значително вредни својства. Имено, ектоинот пред се е „супер засилувач на хидратација“, односно супстанца која одлично ја поддржува и подобрува хидратацијата на кожата. Ја штити, ја смирува и ја зајакнува нејзината природна отпорност. Поради тоа, овој вид на нега совршен е за лица со кожа склона кон состојби како што е атопичен дерматитис или нарушеното здравје на хидролипидната бариера на кожата.

УПОТРЕБА НА ХИДРО ЦИЦА МАСКАТА

Со долгорочна употреба на Хидро ЦИЦА маската, се зајакнува отпорноста на кожата, односно бариерната функција, што е предуслов за употреба на активните состојки и комплетен ефект од резултатите на рутинската нега на кожата. Може да се користи на повеќе начини – како петнаесетминутно „ресетирање“ на кожата, како ноќен третман, а може да се користи и како крема, после серумот или самостојно, неколку пати неделно. За уште подобра хидратација, може да се комбинира со Professional Хидро тоникот и Хијалурон Хидрататорот 4Х.

МОЌТА НА ПАПАЈАТА И АНАНАСОТ ЗА МАЗЕН, ПРЕФИНЕТ ТЕН

Ензимската маска за лице е пилинг базиран на овошни протеолитички ензими кои ги разградуваат протеините (мртвите клетки на кожата). Овие протеини се разградуваат на пептиди, а потоа на амино киселини. Амино киселините потоа се апсорбираат (се враќаат во кожата), со што и се дава потребната хидратација, ја зајакнува бариерната функција на кожата и ја обновува. Во исто време, ензимите формираат аминокиселински слој на кожата што ја подобрува хидратантноста и и дава подобра апсорпција на другите козметички состојки. Со долготрајна употреба го осветлува  и изедначува тенот, а воедно му дава и свежина.

Освен ензимите, оваа маска го содржи и комплексот Teflose® полисахарид, кој има за цел одржување на избалансираната микробиота на кожата. Затоа исклучително е пожелнен во нега на кожата склона кон акни (C.acnes). Има противвоспалително, смирувачко и регенеративно дејство. Тука е и екстрактот од ананас, кој има високо вреден нутритивен профил на витамини и минерали, особено бета-каротен и витамин А, со што допридонесува за целовкупната рамнотежа на кожата.

Дел од формулацијата е и бета-глуканот, полисахарид (комплексен шеќер) и навлажнувач со своето дејство, што значи дека привлекува вода и на тој начин ја хидрира кожата. Одредени студии покажаа дека бета-глуканот има 20% посилно дејство во споредба со истиот процент на хијалуронска киселина, а познат е и по тоа што дава ефект на „полна“  кожа. Покрај тоа, го спречува оштетувањето на клетките предизвикано од УВ зрачењето, делува регенеративно и смирувачки, ја штити хидролипидната бариера од сите стресни фактори на животната средина.

СЕ КОРИСТИ НА ПОВЕЌЕ НАЧИНИ

Освен самата ексфолијација, маската дополнително ја хидрира кожата и помага во превенција на неправилностите. Се нанесува на чиста и сува кожа навечер, се остава 15-20 минути и потоа се мие. На поотпорна кожа за подобар ефект, може (и се препорачува) да се остави подолго или преку ноќ. Во вечерните часови кога се нанесува оваа маска, не се препорачува нанесување на ретиноиди и/или киселини, а кожата треба да се заштити наредниот ден со СПФ.

Оваа маска е погодна за речиси сите типови на кожа, вклучувајќи ја и почувствителната кожа (се разбира, во зависност од видот на чувствителноста). Не содржи класични киселини за пилинг и затоа е посоодветна алтернатива за кожа склона кон иритации со класични киселини или вклопување во рутина со ретиноиди и други посилни активни состојки. Може да се користи до неколку пати неделно.

 

Professional маските за лице НЕ содржат вештачки бои, мириси како и состојки од животинско потекло.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.