Кошничката е празна.

Top

Колку пати сме слушнале, дека витаминот Ц никогаш не треба да се нанесува пред изложување на сонце затоа што предизвикува хиперпигментација? Дека не треба да се користи паралелно со други супстанци или пак во текот на бременоста? Во продолжение дознајте зошто овие 3 митови за витаминот Ц се уште преовладуваат, иако не се (целосно) вистинити, каков контекст стои зад ваквите наоди, и како да се реализира целосниот потенцијал во негата со овој вреден антиоксиданс.

1. ВИТАМИН Ц МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ САМО ОД ЕСЕН И САМО НАВЕЧЕР

Вообичаено е да се слушне дека витаминот Ц во никој случај не е за лето, а уште помалку за утринската рутина и во периодот кога сме изложени на сонце. За жал, овие митови продолжуваат да опстојуваат и покрај фактот што бенефитите од користењето на витаминот Ц во потоплите денови, како и наутро се добро докажани. Имено, антиоксидансите се неопходни за ублажување и/или спречување на оштетувањата предизвикани од слободните радикали кои настануваат од изложеноста на УВ зраците, односно сонцето. Примарно е неопходно да се заштити кожата од сонце со наменски производи со УВ филтри, односно со СПФ. Секако дека е можно да се подобри и оптимизира оваа заштита. Ова е можно токму со локални антиоксиданси. Во овој случај, витаминот Ц не го апсорбира УВ зрачењето како што го прават УВ филтрите, туку ги неутрализира неговите штетни ефекти, само што заштитниот  фактор не го прави на ист начин. На овој начин некако се „заокружува“ и се подобрува самата заштита. Тоа што е исто така важно е да се нагласи е дека дејството на витаминот Ц може дополнително да се засили со други антиоксиданси, примарно витаминот Е и феруличната киселина.

Феруличната киселина е особено интересна овде, бидејќи покажува екстремно двојно антиоксидантно својство – ја чува самата формулација од оксидација, но ја штити и кожата од штетното влијание на сонцето. Интересно е што нејзиното дејство се засилува токму со изложување на УВ зрачењето. Токму затоа, е корисна во производите кои се нанесуваат наутро со заштитен фактор. Слободно користете ги вашите производи со витамин Ц наутро, особено ако тие содржат додадена ферулична киселина и витамин Е како што се Витамин Ц+ серумот и Витамин Ц+ емулзијата. Исклучок се формулациите кои исто така содржат и ретинол или на пример, АХА киселини, кои не се препорачуваат да се користат наутро. Во такви случаи, производот може да се користи и навечер.

2. ВИТАМИН Ц НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ СО РЕТИНОЛ И НИАЦИАМИД

Технички гледано, овој мит настана поради фактот што класичната аскорбинска киселина не е најдобрата комбинација со ниацинамидот, особено поради различните pH вредности. Имено, за да биде ефикасна и донекаде стабилна, аскорбинската киселина бара многу ниска, кисела pH вредност на самиот производ. Ниацинамидот, од друга страна пак бара малку повисока и понеутрална pH вредност. Во конкретниов случај, кога еден производ се нанесува истовремено над друг, може да дојде до разложување на ниацинамидот (хидролиза) на кожата, а таквата реакција може да предизвика blushing ефект, односно привремено црвенило. Повторуваме, ова се однесува исклучиво на чиста и класична аскорбинска киселина. А денес, на пазарот има низа на различни деривати кои имаат речиси идентична, понеутрална пХ вредност како ниацинамидот. Покрај тоа, некои производи се формулирани со двете активни состојки во исто време.

Што се однесува до Витамин Ц+ серумот и Витамин Ц+ емулзијата технички може да се користат во истата рутина со Витамин Б3 серумот бидејќи е етилирана аскорбинска киселина, што овозможува понеутрална pH вредност на производот. Во пракса, одлуката за ова, зависи од самата кожа, толеранцијата и потребите, така што повеќето лица сепак ќе бидат задоволни со делење на производот наутро и навечер или наизменично менување по ден. Истото важи и за ретинолот – технички нема препрека за истовремено користење со витамин Ц во иста рутинска нега, освен ако не се работи за класична аскорбинска киселина, која е нешто повеќе иритирачка за кожата поради нејзината покисела pH вредност. Друга „препрека“ е што витаминот Ц се препорачува наутро, а ретинол навечер. Меѓутоа, ако на кожата и одговара да користи дериват на витамин Ц заедно со ретинол во иста рутинска нега, тоа е технички, апсолутно во ред.

3. ВИТАМИНОТ Ц НЕ Е ПОГОДЕН ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ И ДОЕЊЕ

Со активните состојки, всушност e многу едноставно. Технички гледано, само деривати на витаминот А (ретинол, ретинал, ретинил палмитат и други форми) не се препорачуваат за време на бременоста поради потенцијален тератоген ефект врз фетусот во првото тромесечје. Салицилната киселина како активна состојка (во повисоки дози од околу 1% до 2%) исто така не се препорачува.

Иако е важно да се следат таквите упатства (особено ако доаѓаат од самиот лекар) не е на одмет да се знаат мерките на претпазливост бидејќи од етички причини вистинското влијание на таквите супстанци врз трудниците, не се следи. Употребата на ретиноиди и салицилна киселина за време на доењето е првенствено прашање на договор со докторот, лична одлука и преференци. Технички, ако не доаѓа во директен контакт кожа со кожа и слични ситуации, за тоа нема пречки – особено во случај на производ како Микроексфолијантот, кој се остава на кожата само неколку минути и потоа се мие. Затоа, витаминот Ц е погоден за употреба и за време на бременост и за време на доењето, исто како што се употребува во орална форма. Кога станува збор за козметиката, важно е да знаете како да ја проверите целата формулација и да процените дали е погодна за употреба во вашиот случај.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.