Опис
ПАПАИН и БРОМЕЛАИН се природни протеолитички ензими кои ги разградуваат протеините, во овој случај мртвите клетки на кожата, на пептидите, а потоа и на амино киселините. Амино киселините потоа се впиваат (се враќаат во кожата),со што кожата се хидрира, се зајакнува бариерната функција и нејзиното обновување. Во исто време, ензимите формираат аминокиселински слој на кожата што ја подобрува хидратацијата и овозможува подобро впивање на другите козметички состојки. Со долготрајна употреба го осветлува и изедначува тенот и воедно дава свеж изглед.
TEFLOSE® полисахаридниот комплекс е активен комплекс кој има за цел одржување на балансирана микробиота на кожата. Затоа е исклучително пожелен во негата на кожа склона кон акни (C.acnes). Делува противвоспалително, смирувачки и регенеративно.
ЕКСТРАКТОТ ОД АНАНАС има хранлив профил со висока вредност на витамини и минерали, особено бета-каротен и витамин А, кои придонесуваат за целокупниот баланс на кожата.
БЕТА-ГЛУКАН е полисахарид (комплексен шеќер) и со своето дејство е навлажнувач, што значи дека привлекува вода и на тој начин ја хидрира кожата. Има повеќе дејства на кожата. Пред се, одлично ја хидрира кожата. Одредени студии покажаа дека бета-глуканот има 20% посилно дејство во споредба со истиот процент на хијалуронска киселина, а познат е и по тоа што дава ефект на „полна“ кожа. Покрај тоа, го спречува оштетувањето кај клетките предизвикано од УВ зрачењето, има регенеративно и смирувачко дејство и ја штити хидролипидната бариера од сите стресни фактори на животната средина.
Состојки: Aqua, Glycerin, Butylene Glycol, Squalane, Isononyl Isononanoate, Propanediol, Dimethicone, Glucose, Sodium Polyacryloyldimethyl Taurate, Maltodextrin, Pineapple Juice Powder, Beta-Glucan, Bromelain, Papain, Rhamnose, Glucuronic Acid, Beta-Carotene, Tocopherol, Citric Acid, Methylpropanediol, Caprylyl Glycol, Polyquaternium-80, Didecyldimonium Chloride