Кошничката е празна.

Top

Звучниот, дури и по малку “сочниот” збор сквалан означува лесно масло – и се повеќе популарна состојка на производите за нега на лице и тело. Поради своите (и повеќе од) интересни својства како и природното потекло, лесно се вклопува во маслените смеси, креми и лосиони, а со тоа и во рутинската нега.

Скваланот во светот на козметиката стана вистински хит пред неколку години, кога неговите придобивки станаа нашироко познати. Но што е всушност сквалан? Станува збор за стабилизиран облик на сквален, состојка откриена далечната 1916 год. Таа е една од состојките природно присутна во себумот, природна масленост на кожата која се лачи преку лојната жлезда и со тоа на природен начин ја влажни и штити кожата. Меѓутоа, како кожата старее низ текот на годините, тоа лачење се повеќе се успорува, а кожата станува сува, погруба и се помалку отпорна на надворешните влијанија.

БОГАТСТВО ОД МАСЛИНОВОто МАСЛО

Со оглед на тоа дека скваленот првично е изолиран од црниот дроб на големите морски риби (на кои, помеѓу другото, им помага полесно да преживеат во длабочините), во почетоците за нега на кожата се користел сквален од животинско потекло. Денес е познато дека скваленот природно се синтетизира во растенијата, животните, но и во габите и бактериите и учествува во многу важни метаболитички процеси во организмот.

Навистина има многу билни извори на скваленот од кои се хидрогенизира (а со тоа и стабилизира) скваланот. Со него се богати маслата од палма, шеќерна репа, ориз, соја, пченка, кикирики и амарант. Но можеби најпознат извор на сквалан денес во козметиката е маслиновото масло.

СТАБИЛЕН, НЕЖЕН И НЕ ГИ ЗАТВОРА ПОРИТЕ

Скваланот кој се користи во козметиката е проѕирно масло со ниска вискозност кое нема мирис и боја. Иако самиот поим на масло асоцира на нешто посебно масно, скваланот не е тоа. Многу често се нарекува „немасно„ масло затоа што  многу брзо се апсорбира и не остава јак маслен заштитен слој на кожата, туку и дава само лесен сјај.

Посебноста и бенефитите на скваланот навистина не можат да се избројат. Ова масло е исклучително стабилно, што значи дека нема лесно да оксидира и да ги изгуби своите хранливи својства. Во случајот на сквалан, ни комедогеноста на маслото не доаѓа во прашање, бидејќи оваа состојка има изразено низок комедоген потенцијал. Баш поради тоа што е на некој начин сроден на кожата, односно на нејзината природна масленост, ќе одговара на секој тип на кожа.

ГО СПРЕЧУВА ГУБЕЊЕТО НА ВЛАГАТА И ЈА ШТИТИ КОЖАТА ОД СТАРЕЕЊЕ

И покрај тоа што стареењето е природен процес и исход за сите нас, предвременото стареење на кожата може да се избегне со квалитетна нега. Кожата секојдневно ја изложуваме на разни стресови како што се УВ зрачењето, ниски температури, чад од цигари, смог итн. Горенаведените фактори штетно влијаат на здравјето на кожата, па така маслената компонента користена во негата создава своевиден природен штит кој ја нахрани и заштитува.

Скваланот е природен антиоксиданс богат со омега масни киселини кои и одвнатре и однадвор штитат од оксидативен стрес и оштетување. Покрај тоа, има двојна улога на хумектанс и емолиенс, што значи дека истовремено ја привлекува водата на своите молекули и ја „носи“ на кожата и го спречува нејзиното сушење. Сквалан е исклучителна состојка и затоа кожата многу лесно го поднесува, односно не прави иритации. Напротив, бидејќи има антимикробно дејство, некои студии укажуваат дека помага и при состојби на кожата како што се псоријаза, дерматитис, собореа и акни.

СО ЛЕСНОТИЈА СЕ ВКЛОПУВА ВО РУТИНАТА

Убавината на скваланот е во неговата мултифункционалност. Може да се користи за нега на лице, тело и коса. Одговара на сите типови на кожа, се “поднесува” како единствено масло или во склоп на добро избалансиран маслен комплекс како што е Оливал Омега еликсирот. Може да се користи како самостоен производ во негата, да се додаде во омилениот крем или да се користи како последен чекор во рутината по нанесувањето на серум и крема. Ваков слоевит начин на нанесување овозможува производите побрзо да се апсорбираат со што да се задржува повеќе влага во кожата и идеалено е за ноќна нега.

Објави коментар

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.