Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ ВИТАМИН Ц+ СЕРУМ

1,350 ден

Витамин Ц+ серумот е концентриран серум со 10% етилирана аскорбинска киселина (3-О-Етил Аскорбинска киселина), односно стабилен дериват на витамин Ц, ферулична киселина, Витамин Е со додаток на троксерутин, хијалуронска киселина и ектоин.

 

Овој спој на активни супстанции ја намалува видливоста на хиперпигментацијата и флеките, има антиоксидативно дејство и го враќа природниот младешки сјај. Серумот длабински ја хидратизира кожата и долгорочно го урамнотежува нивото на хидратација.
За повеќе информации погледнете во опис на производот.

 

Употреба: Нанесете го серумот на чисто, навлажнето лице, наутро пред производ за заштита од сонце, или навечер пред крема.

 

Напомена: Производот не содржи вештачки бои и мириси. Текстурата на производот е прозирна, течна и малку вискозна поради хијалуронската киселина. Има нежно жолта боја поради самите состојки (троксерутинот како сурова и јака жолта боја). Карактеристичниот мирис на производот потекнува од самите суровини, при што најистакнат е мирисот на феруличната киселина.

 

Тип на кожа: Сите типови на кожа, особено комбинирана, масна и дехидрирана кожа. За сите кои преферираат серум на хијалуронска база.

 

30 мл

- +

Опис

Етилираната аскорбинска киселина е воопшто еден од најстабилните деривати на витамин Ц. Ги носи сите бенефити на класичната аскорбинска киселина, меѓутоа со различна pH потребна за активност,која воедно ги покрива и чувствителните типови на кожа. Има значително поголема стабилност, но и подобра достапност и подолготрајна ефективност.Етилираната аскорбинска киселина ја инхибира активноста на ензимот тирозиназа, односно ја преневира синтезата на меланин во кожата, со што се спречува појавата на флеки и зајакнување на нивната видливост. Ја забрзува синтезата на колаген.  Има против-воспалително дејство, делува антиоксидативно и помага да се спречи влијанието од надворешните фактори на кожата (посебно УВ зрачење, односно има фотопротективно дејство, поради што се препорачува серумот да се нанесува наутро со СПФ).

Феруличната киселина и витаминот Е се вредни состојки во нега на кожата, но и во формулација со витамин Ц, во која помагаат да се сочува стабилноста и потентноста на оваа вредна состојка. Феруличната киселина покажува исклучително антиоксидативно дејство, а интересно е што тоа дејство го зајакнува иложувањето на УВ зрачење. Затоа, оваа сотојка е корисна во производите кои се нанесуваат наутро со СПФ. Витаминот Е, исто така претставува златен стандард во козметиката која делува против предвремените знаци на стареење.

Троксерутинот како биофлавоноид покажува низа вредни ефекти на кожата. Поттикнува обновување, го намалува црвенилото и ја поддржува отпорноста на кожата. Ништо помалку важно е што воедно ја зајакнува апсорпцијата на витамин Ц во кожата.

Ектоинот одлично ја поддржува хидратацијата на кожата и ја зајакнува. Истражувањата покажаа дека овој тип на аминокиселини има докажано превентивно дејство против ефектите од фотостареењето на кожата предизвикано од УВА зрачењето. Ја штити кожата, ја смирува и ја зајакнува нејзината природна отпорност.

Состојки: Aqua, 3-o-Ethyl Ascorbic Acid, Butylene Glycol, Tocopherol, Ferulic Acid, Sodium Hyaluronate, Coceth-7, PPG-1-PEG-9 Lauryl Glycol Ether, Glyceryl Oleate, Glyceryl Dioleate, Troxerutin, Ectoin, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Phenoxyethanol, Disodium EDTA, Sodium Hydroxide, Ethylhexylglycerin

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.