Top

ОЛИВАЛ МАСАЖЕР ЗА ЛИЦЕ (РОЛЕР) ОД ЗЕЛЕН ЖАД

480 ден

Масажерот за лице (ролер) е наменет за релаксациска и регенерациска масажа на кожата на лицето и вратот. На краевите од масажерот се поставени два ваљаци со различни димензии прилагодени за пошироките и потесните делови од лицето (пр. образите и слепоочниците).

 

Редовната употреба на масажерот доведува до:
– зголемување на циркулацијата
– намалување на подуеноста и потеченоста на кожата
– израмнување на фините линии односно намалување на брчките
– зголемување на имунитетот на кожата.
– делува антивоспалително со што се намалува појавата на акни
– зголемена продукција на нови клетки кои лесно и едноставно ќе ги заменат старите и мртви клетки
– изедначување на тенот и намалување на депигментациите
– зголемена еластичност на кожата постигната преку зголемена дренажа
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

 

Напомена: Масажерот е изработен од зелен жад, ценет полускапоцен камен. Поради специфичноста и изворноста на самиот природен материјал, текстурата, тежината и интензитетот на бојата е уникатна и варира кај секое поединечно парче.

- +

Опис

Како да го користите масажерот за лице (ролер) од зелен жад:

1. Со масажа движете се од рамената кон вратот и лицето, но претходно нанесете го омилениот серум, крем или идеално, масло, како што е Оливал Омега еликсирот. Масажерот нежно се тркала од рамото до вратот. Кога ќе стигнете до пределот зад увото, масирајте кружно на место.
2. Со истите движења на масажерот преминете на деловите од лицето, од средината на брадата до образите, па од носот до слепоочниците. Повторно масирајте ги највисоките точки во место со кружни движења.
3. Нежно повлечете го ролерот од коренот на носот до темето, во средината на челото и на секоја страна. Масирајте ги вратот, брадата, образите и челото со поширокиот крај на масажерот, а со потесниот крај масирајте ги слепоочниците и пределот околу очите.
4. По желба, нанесете го остатокот од  рутината (на пример, крем после серумот).
5. За ефект на ладење, претходно изладете го масажерот во фрижидер.

 

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.