Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ PROFESSIONAL СЕТ РА

2,450 ден

PROFESSIONAL СЕТ РА содржи:

  1. Витамин РА серум – 30 мл
  2. Professional Флуид за лице СПФ 30 – 50 мл
  3. ПОДАРОК / Professional маска за спиење

За повеќе информации погледнете во Опис на производот

- +

Опис

Витамин РА серумот е концентрирана серумска емулзија која помага за ретекстурирање на кожата и превенција на предвременото стареење. Ретиналдехидот делува против акни, го регулира лачењето на себумот, ја ублажува видливоста на флеките и фините линии. Станува збор за најмоќната форма и максимална концентрација на ретиноид достапна во слободна продажба.

Во комбинација со астаксантин, липиден комплекс на биоидентични церамиди и прекурсор на церамиди, бисабокол, алантоин и алое вера, Витамин РА серумот делува антиоксидативно, го превенира и ублажува фотооштетувањето на кожата, ја обновува хидролипидната бариера и допринесува за урамнотежувањето на лачењето на себумот, еластичноста и свежиот изглед на кожата. Емулзијата е со многу лесна, геласта текстура и свиленкаста конзистенција и се препорачува да се комбинира со крема.

Витамин РА серумот е наменет за сите кои сакаат да виведат ретиналдехид во рутината, како и за поискусни корисници на ретиноиди кои веќе користеле ретинил палмитат и ретинол.

Се препорачува користење на:

  • кожа „навикната“ на полесни форми на ретиноиди, односно за лица кои сакаат да преминат на конкретна нега
  • масна и комбинирана кожа склона кон запушување на порите, митесери, акни (маскни), мозолчиња, комедони
  • урамнотежена кожа со хиперпигментација, брчки и фини линии
  • тенка, неотпорна кожа оштетена од сонце на која и е потребна регенерација ( со посебно внимателно и споро воведување)

Повеќе детали околу состојките, делувањето и воведувањето на Витамин РА серумот можете да најдете во оваа статија.

Употреба: Нанесете го серумот три пати неделно навечер на чиста и сува кожа, па продолжете со нанесување на крема и/или масло (према потребите; на некои кожи серумот ќе биде доволен). Зголемете го користењето според потребите и толеранцијата на кожата.

Предупредување: Користете го серумот со производ за заштита од сонце во текот на денот. Не се препорачува за трудници и доилки, кај чувствителна, оштетена и детска кожа. Не се препорачува истовремена употреба со други ретиноиди, киселини или слични потентни активни состојки.

Напомена: Производот не содржи вештачки бои и мириси. Жолто-портокаловата боја на серумот доаѓа од главните активни состојки, ретиналдехид и астаксантин.

Professional Флуидот СПФ30 со свиленкаста текстура ви пружа висока заштита од широкиот спектар на УВ зрачења. Брзо се апсорбира во кожата, ја хидрира и ја остава со нежен сјај, поради што е идеален за користење на сите типови на кожа вклучувајќи ја сувата и чувствителна кожа. Може да се користи како подлога за шминка. Не содржи вештачки бои и мириси.

Употреба: Нанесете го флуидот рамномерно на кожата како последен чекор во утринската рутина.

Состојки:
Витамин РА серум: Aqua, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Glycerin, Allantoin, Bisabolol, Ceramide NP, Ceramide NS, Ceramide EOS, Ceramide EOP, Ceramide AP, Retinaldehyde, Phospholipids, Astaxanthin, Behenic Acid, Cholesterol, Ceteareth-25, Cetyl Alcohol, Caprooyl Phytosphingosine, Caprooyl Sphingosine, Squalane, Caprylic/Capric Triglyceride, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Sodium Starch Octenylsuccinate, Cyclodextrin, Tocopheryl Acetate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Sodium Hydroxide, Ascorbic Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Citric Acid, Silica
Professional Флуид СПФ30: Aqua, Cyclopentasiloxane, Ethylhexyl Methoxycinnamate, Dimethicone/Vinyl Dimethicone Crosspolymer, Potassium Cetyl Phosphate, Propylene Glycol, Glycerin, Diethylamino Hydroxybenzoyl Hexyl Benzoate, Bis-Ethylhexyloxyphenol Methoxyphenyl Triazine, Acrylates/C12-22 Alkyl Methacrylate Copolymer, Ethylhexyl Triazone, Niacinamide, Ubiquinone, Glyceryl Stearate, Sodium Polyacrylate Starch, Silica, Butylene Glycol, Caprylyl Glycol, Methylpropanediol, Didecyldimonium Chloride, Polyquaternium-80

 

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.