Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ PROFESSIONAL СЕТ 4Х

2,300 ден

PROFESSIONAL СЕТ 4H содржи:

  1. Хијалурон Хидратор 4Х 30 мл
  2. Хидро тоник 150 мл
  3. ПОДАРОК/ Gua Sha Масажер за лице од розeв кварц

Тип на кожа: Сите типови на кожа.

За повеќе информации погледнете во Опис на производот

- +

Опис

Хидро тоникот е нежен тоник базиран на богатство од смирувачки и хидратантни состојки. Содржи бета-глукан, екстракт од Globulariа alypum (грмушкаста глава), бетаин, алантоин, глицерин, екстракт од алое вера, фитична киселина и хидролат од роза.

Моментално (ре)хидрира, ја балансира pH вредноста и го ублажува влијанието на тврдата вода врз кожата. Бета-глуканот ја стимулира обновата на заштитната бариера и ја прави поотпорна на надворешни влијанија, додека екстрактот од Globularie alypum (грмушкаста глава) има антивоспалително дејство и ја смирува чувствителната кожа. Бетаинот, алантоинот, глицеринот и екстрактот од алое вера го поддржуваат хидрантниот ефект, истовремено враќајќи и ја мекоста и сјајот на кожата.

Тоникот е pH оптимизиран, односно ја „следи“ природната малку кисела pH на кожата. Идеален е како прв чекор за нега по чистење на лицето, пред нанесување на хидратантните серуми, креми и / или масла. Одлично и делува на кожата по пилинг (Микроексфолијат) и пред нанесување на серуми богати со хијалуронска киселина. Одговара за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и чувствителната кожа.

Хијалурон Хидраторот 4Х е концентриран производ во вид на серум со проѕирна, ниско вискозна и брзо апсорбирачка текстура. Се базира на синергиското дејство на 4 типа хијалуронска киселина кои продираат во различни слоеви на кожата, ја враќаат влажноста и специфичната младешка исполнетост на кожата, потоа полиглутаминска киселина која ја задржува влагата и спречува дехидрација (трансепидермална загуба на влага), ектоин кој смирува, ја зајакнува хидролипидната бариера и ги поддржува ефектите на хидратација, ги ублажува последиците на УВА зрачењето, како и провитаминот Б5 (пантенол) кој обезбедува дополнителна нега. Хијалурон Хидраторот брзо и видливо длабински (ре)хидрира и го враќа здравиот, младешки изглед на сите типови на кожа.

Како се користи gua sha каменот за масажа на лице од розeв кварц:

По чистењето на лицето, нанесете тоник на лицето и вратот со неколку потези од пумпицата, а потоа веднаш две до три капки Хијалурон Хидратор. Нежно натапкајте го на кожата. Ако кожата е дехидрирана или сува, нанесете и лесно масло.

  • Започнете ја масажата со нежно повлекување на вдлабнатиот дел од gua sha каменот во насока од секое рамо кон вратот, сè до областа зад увото. Масирајте половина минута со нежни кружни движења.
  • Со истите движења, поминете ги со рабовите од средината на брадата до секој образ, потоа од носот до секоја слепоочница со кружно масирање.
  • Свртете го рамниот раб на каменот и нежно повлечете го од коренот на носот кон скалпот, во средината и на секоја страна од челото.
  • Измијте го каменот во млака вода и подгответе го за следна употреба, а по желба чувајте го во фрижидер за да се ослободите од подуеноста и за постигнување на освежувачкиот ефект.

Каменот од гуа ша е направен од вистински розов кварц. Можни се варијации во бојата и текстурата на каменот.

Состојки:
Хидро Тоник:
Aqua, Butylene Glycol, Betaine, Glycerin, Beta-Glucan, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Phytic Acid, Rosa Damascena Flower Water, Allantoin, Globularia Alypum Leaf Extract, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, 1,2-Hexanediol, Caprylyl Glycol, Citric Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate Hijaluron hidrator 4H 30 ml Aqua, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Pentylene Glycol, Panthenol, Ectoin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Citric Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Sodium Polyglutamate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin
Хијалурон Хидратор 4Х: Aqua, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Pentylene Glycol, Panthenol, Ectoin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Citric Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Sodium Polyglutamate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.