Кошничката е празна.

Top

ОЛИВАЛ МАТИРАЧКИ ФЛУИД СО МАСЛО ОД СМИЛ

360 ден

Нежната, прозрачна и матирачка текстура на Оливал матирачкиот флуид се темели на етеричното масло од смил, сквалан, масло од камелина (лажен лен) и екстракт од тимијан. Внимателно одбраните состојки синергиски ја ублажуваат појавата на акни и мозолчиња, го урамнотежуваат лачењето на себумот и ви даваат смирувачки ефект. Лесната, брзо апсорбирачка формулација, го прави флуидот одлична подлога за шминка.
За повеќе информации погледнете во Опис на производот

 

Употреба: Нанесете го флуидот на чиста кожа, самостојно или над претходно нанесени серуми. Може да се користи наутро, навечер или по потреба.

 

Напомена: Производот не содржи додатни бои и мириси. Угодниот растителен бирис потекнува од комплексот на активни состојки, екстрактот од тимијан и етеричното масло од смил.

 

Производот го носи независниот NATRUE сертификат за природна козметика.

 

Тип на кожа: Масна и проблематична кожа

 

50 мл

- +

Опис

Главните компоненти заслужни за активното делување на екстрактот од тимијан се тимол и карвакрол, полифеноли со моќно противвоспалително, антибактериско и антиоксидативно дејство. Екстрактот од тимијан делува синергиски со маслото од камелина кое е исклучително богато со алфа-линоленска и линолна киселина.
Станува збор за омега масни киселини кои одговараат на масниот тип на кожа. Овој комплекс целно ги ублажува и превенира неправилностите во вид на акни, црнки, комедони и црвенила по воспалителните процеси на кожата:

  • делува антиоксидативно на себумот со што се спречува развојот на бактерии
  • ги неутализира епидермалните лезии со што се заштитува структурата на кожата од промените предизвикани од acnes
  • ја ублажува појавата на воспалителни витокини со што се намалува воспалителниот одговор на кожата
  • ја спречува хиперкератинизацијата ( задебелувањето на површинскиот слој на кожата, груба текстура) преку намалување на активноста на 5-липоксигеназа ензимот.

Состојки: Aqua, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Caprylic/Capric Triglyceride, Sucrose Polystearate, Squalane, Glycerin, Cetearyl Alcohol, Sodium Stearoyl Glutamate, Undecane, Camelina Sativa Seed Oil, Benzyl Alcohol, Tridecane, Cetyl Palmitate, Helichrysum Italicum Flower Oil, Thymus Vulgaris Flower/Leaf/Stem Extract, Xanthan Gum, Tocopherol, Sodium Chloride, Sorbic Acid, Citric Acid, Potassium Benzoate, Sodium Benzoate, Salicylic Acid, Helianthus Annuus Seed Oil, Limonene

v

Со вистинска страст кон природната козметика го одбравме и го понудивме најдоброто за комплетна нега на Вашето тело.